Министерот Димитров на средби во рамките на Самитот на НАТО

На покана на Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг и Државниот секретар на САД, Помпео, Димитров учествуваше на состанокот на земјите членки на Глобалната коалиција предводена од САД, за борба против тероризмот и исламската држава. 

Во оваа прилика, министерот Димитров, презентирајќи ги пред своите колеги преземените национални активности за справување на заканите од тероризмот и насилниот екстремизам, ја истакна цврстата заложба на Република Македонија, како 30-та земја членка на НАТО, активно да продолжи со својот придонес во поддршката на меѓународната заедница и Глобалната коалиција за справување со овие глобални закани.

На маргините на самитот, МНР Димитров оствари неколку одвоени билатерални средби со своите колеги и тоа: со министерот на Кралството Норвешка Сореиде, со претставникот на ОН, Розмари ДиКарло, потсекретар за политички работи на ОН, како и со министерката за надворешни работи на Канада, Фриланд.

На средбите, министерот Димитров се заблагодари за донесената одлука на НАТО за упатување покана до Република Македонија за отпочнување на пристапни разговори со Алијансата. Заеднички беше истакната важноста на оваа одлука, со заклучок дека членството на земјата во НАТО, претставува исклучително добра вест за Балканот, и ќе даде нов и позитивен импулс во заложбите на Регионот за негово целосно европско и евро-атлантско интегрирање, како и тоа дека Европа ќе добие уште еден партнер во споделувањето на заедничките вредности и одговорности. Исто така, на средбите беше истакната заложбата за натамошна зајакната соработка во процесите што следат, а со што ќе и’ се овозможи на земјата брзо членство во НАТО.

На средбата на министерот Димитров со канадската министерка за надворешни работи Фриланд, беше потпишана и Декларацијата за стратешко партнерство меѓу двете земји, што претставува посебен белег и потврда на исклучително позитивните односи и соработка меѓу двете земји.

Министерот Димитров, заедно со претседателот на Владата на Република Македонија, Заев и потпретседателите Шекеринска и Османи, учествуваше на состанокот посветен на Авганистан, на кој земјите членки на НАТО и земјите Оперативни партнери во мисијата на НАТО - Одлучна поддршка, заедно извршија преглед на напредокот на мисијата, натамошните предизвици и потребите и помошта за авганистанската Влада, се наведува во соопштението на МНР.

Еден од главните шефови на Камора се согласил да соработува со властите по четврт век во затвор

По повеќе од 25 години затвор и одбивање да зборува, еден од главните шефови на италијанската комора, Франческо Скијавоне, одлучи да соработува со обвинителството, објавија италијанските медиуми, пренесе Бета.

Истражните органи се надеваат дека ќе добијат повеќе информации за Камора и нејзината можна поврзаност со италијанската политичка сцена.

Седумдесетгодишниот Скијавоне бил еден од основачите и „кум“ на кланот Камора „Касалези“ во провинцијата Касерта во близина на Неапол.

Пред неколку недели, како што јави ДПА, тој воспоставил контакт со антимафијашките служби.

Двајца од неговите синови соработуваат со властите од 2018 и 2021 година, а уште двајца се во затвор.

Камора е една од најозлогласените мафијашки организации во светот, а нејзиното родно место се јужните италијански провинции Казерта и Неапол.

САД ја обвинија Русија за ширење дезинформации околу терористичкиот напад во Москва

САД ја обвинија Русија за дезинформации околу терористичкиот напад во концертната хала „Крокус сити хол“ минатата недела во кој загинаа 143 лица.

Од Стејт департментот изјавија дека Москва ја користи оваа трагедија за да ја оправда својата агресија против Украина.

- Мислам дека руската влада води пропаганда и дезинформација. Мислам дека сосем очигледно тие се обидуваат да го искористат овој терористички чин, овој трагичен инцидент во кој, за жал, загинаа руски граѓани за да се оправда нивната агресија во Украина, рече Милер.

Тој укажа дека Москва „не дава значање на основните факти, се измислуваат факти за да се поддржи тоа што тие сакаат да го направат“.

„Тоа е истото поведение од почетокот на војната, и за жал тие исто постапуваат и сега“, рече портпаролот на Стејт департментот.

Четврти ден од потрагата по двегодишната Данка

Четврти ден ни трага ни глас од двегодишната Данка Илиќ, која исчезна во непосредна близина на мајка си. 

Во областа утрово пристигнаа специјалци од Белград и Нови Сад и детално го пребаруваат просторот околу куќата пред која исчезна двегодишното девојче. Полицијата и денеска вршеше претреси во неколку куќи во Бањско Поље. Багерите го расчистуваат теренот бидејќи куќата на семејството е опкружена со депонија од гломазен отпад, се острануваа шутот за полицијата полесно да ја пребарува поблиската околина. 18 пожарникари-спасувачи со 5 теренски возила, придружени од далеку прочуениот белгиски овчар Зиги познат по херојските дела по разорниот земјотрес во Турција, пристигна во Бор, но засега ништо не води до трага што ќе ја разреши мистеријата. Како минува времето шансите се се помали, вели првиот човек на центарот за исчезнати деца, Игор Јуриќ. Единствена опција детето да е живо е некој да побара откуп за него или да се случи чудо вели Јуриќ, кој што го оцени случајот како исклучителоно специфичен поради возраста на детето.

„Се’ побудува сомнеж и сите оклности на ова исчезнување се сомнителни и будат сомнеж. Многу е тешко сега да се зборува за тоа. На прв поглед беше многу тешко да се поверува дека двегодишно девојче може да отиде толку далеку така што и пристигнувањето на полицијата на лице место толку брзо не ја пронајде, како прво. Второ, сите околности и пристугнувањето на тоа место зборуваме за детето како се нашло тука, подоцна многуте изјави на блиските лица на девојчето се многу контрадикторни и тоа се што апсолутно нам ни буди сомнеж. Едноставно ми се чини дека не постои личност која е во близина, а да не буди сомнеж.“- Игор Јуриќ, Директор на центар за исчезнати и малтретирани деца

Мајката на исчезнатото девојче Ивана Илиќ повторно била донесена во полициска станица за да даде изјава во врска со информациите до кои дошла полицијата. Повеќе српски медиуми денеска објавија дека вештачењето на нјзиниот мобилниот телефон наводно покажало дека многу пораки и податоци за повици биле избришани, но информацијата никој официјално не ја потврдува. Во морето од шпекулации, во јавноста се повеќе доминира впечатокот за можна инволвираност на родителите во случајот.

Инаку синоќа босанската полиција уапси три лица кои преку социјалната мрежа „Тик Ток“ тврделе дека знаат каде е Данка, побарале 50 илјади евра како награда, а по апсењето изјавиле дека се шегувале. По исчезнувањето во вторникот, во Србија за прв пат е активиран системот „Најди ме“.

притисни ентер