Трамп допатува во прва официјална посета на Британија

Американскиот претседател Доналд Трамп допатува во прва официјална посета на Велика Британија во текот на која ќе се сретне со премиерката Тереза Меј и кралицата Елизабета II.

На аеродромот во Лондон, Доналд Трамп и Меланија Трамп, во име на премиерката, ги доечка министерот за меѓународна трговија, Лијам Фокс.

„БиБиСи“ укажува дека Трамп додека одел кон хеликоптерот кој ќе ги однесе до центарот на Лондон, Меланија го држела за рака.

Ова е прва посета на Трамп на Велика Британија, откако станал претседател на САД. Во пресрет на доаѓањето изјавил дека не му сметаат протестите против него во Лондон.

„Мислам дека многу повеќе ме сакаат во Обединетото Кралство, мислам дека се согласуваат со мене по прашањето за миграција...“ – изјавил тој.

Трамп, како што е претходно најавено, денеска ќе присуствува на “вечерата на црните кравати“, чиј домаќин ќе биде британската премиерка во палата Бленхајм во близина на Оксфорд, родното место на Винстон Черчил.

Наредниот ден, Трамп и Меј ќе ја посматраат вежбата на британската војска, а потоа ќе отпатуваат во резиденцијата на премиерката во Бакингемшир, каде ќе имаат билатерални разговори.

Претседателот и првата дама на САД потоа ќе отпатуваат во замокот Виндзор, каде во петок попладне ќе се сретнат со британската кралица.

По завршувањето на турнејата, Трамп и Меланија ќе отпатуваат за Шкотска, каде планираат да поминат викенд, наведува „БиБиСи“.

Меј именува нов министер за Брегзит

Британската премиерка Тереза Меј го именува Стивен Беркли за најнов министер за Брегзит.

Беркли доаѓа од функцијата државен секретар во министерството за здравство и гласал за излегување на Британија од Европската Унија.

Меј најави дека лично ќе ги надгледува последните десет дена од преговорите со Брисел за идните односи на Британија со ЕУ , додека Беркли ќе се насочи на подготовките во земјата и за усвојување на предлогот на Меј во Парламентот.

Беркли го заменува Доминик Рааб , кој вчера поднесе оставка поради несогласувањата со нацрт планот за Брегзит , откако конечно беше постигнат договор со Унијата.

Поранешната министерка за внатрешни работи , Амбер Рад е поставена за министерка за труд и пензиски систем на местото на Естер МкВеј , која исто така поднесе оставка.

Бугарскиот вицепремиер поднесе оставка

По масовните протести поради неговата изјава за активистите за правата на лица со посебни потреби , вицепремеирот на Бугарија , Валериј Симеонов , поднесе оставка.

,,Поднесувам оставка поради контимуираната медијска кампања против мене. Таа кампања му прави штета на угледот и авторитетот на Владата и стана пречка за мојата нормална работа. Тоа е нешто што не можам да си го дозволам. Не станува збор за мене или за партијата на чие чело се наоѓам , туку за Владата за која мислам дека е многу успешна. “ , рече Симеонов на прес конференцијата.

Вицепремиерот , кој е задолжен за економска и демографска политика и еден од лидерите на партијата Обединети патриоти ги нарече активистите ,, крескави жени” и рече дека шпекулираат шреку своите болни деца.

Премиерот Бојко Борисов ја прифатил оставката на Симеонов , кој објасни и дека сам ја поднесува , а не под притисок на премиерот.

Солзавец и водени топови –Демонстранти се судрија со полицијата(ВИДЕО)

Полицијата употреби водени топови и солзавец против демонстрантите во Чиле , кои протестираа против убиството за припадник на домородното население.

Убиството на маж од племето Мапуче, кој беше застрелан од полицијата предизвика насилни протести во главниот град на Чиле , Сантијаго. Демонстрантите палеа автомобилски гуми и фрлаа камења кон полицијата , која возврати со солзавец и водени топови.

Во средата 24 годишниот камило Катриланка беше застрелан во глава , додека полицијата вршела истрага за крадци на автомобили.

Катриланка бил внук на почитуван поглавар на домородното население , Мапуче.

притисни ентер