Јункер изгубил рамнотежа, лидерот на ЕК одвај го одржувале на нозе (видео)

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер синоќа пред гала вечерата на лидерите на НАТО изгубил рамнотежа неколку пати, се движел несигурно и се нишал, пренесува „АП“.

Јункер се сопнал и се затетеравил до таа мерка што претседателите на Финска и Украина, меѓу останатите, морале да му помогнат да остане на нозе, а го придржувал и холандскиот премиер Марк Руте.

Јункер изјавил дека боледува од ишијас кој понекогаш влијае на неговото движење.

Португалскиот премиер Антонио Коста изјавил дека Јункер се жалел на болка во грбот.

Од кабинетот на Јункер не сакале да ги прокоментираат овие наводи, повикувајќи се на приватност.

Трамп не им верувал на своите разузнавачи, туку на Путин

Претседателот на САД Доналд Трамп не им поверувал на извештаите на американските разузнавачи дека Северна Кореја има ракети кои можат да досегнат до САД бидејќи Путин му рекол поинаку.

„Во суштина, Трамп изјави дека не верува оти Северна Кореја има способност да не погоди со балистички ракети. Не поверувал во тоа бидејќи претседателот Путин му рекол дека не можат. Путим  му рече дека Северна Кореја  всушност нема такви ракети“– изјави поранешниот директор на ФБИ, Ендру Мекејб.

Како што рекол, иако разузнавачите го уверувале во тоа, американскиот претседател изјавил дека не му е грижа за тие тврдења и оти му верува на рускиот претседател Владимир Путин, што за него било шокантно.

Мекејб немал многу време да биде шокиран бидејќи неговата кариера во ФБИ многу брзо завршила откако бил сменет бидејќи наводно лажел за оддавањето информации на ФБИ во медиумите.

Африм Гаши ќе формира нова партија

Членството на крилото „БЕСА“ предводено од Африм Гаши побарало да се прекине судскиот процес за името на партијата.

Поради тоа Гаши и неговите поддржувачи се откажуваат од спорот и ќе формираат нова партија.

Новата партија треба да биде регистрирана наскоро, и ќе го носи името „Алтернатива“. Со тоа „БЕСА“ останува на Билал Касами.

Оваа одлука беше донесена на вчерашната средба на централното собрание предводено од Гаши.

По локалните избори во партијата „БЕСА“ настана внатрепартиски раскол, поради незадоволството од постигнатите резултати.

Силјановска: Ќе се залагам за намалување на претседателските ингеренции

Викендов е избран првиот учесник во шестата по ред претседателска трка.

Тоа е универзитетската професорка Гордана Силјановска Давкова која со 408 гласови од делегатите  на саботната конвенција беше избрана за кандидат за претседател од ВМРО ДПМНЕ, оставајќи го далеку зад себе Владимир Ѓорчев кој освои само 80 гласа.

Силјановска порача дека ќе бара широка општествена поддршка вклучително и од СДСМ бидејќи е надпартиски кандидат.

Меѓу другото рече дека ќе се залага за намалување на претседателските ингеренции.

притисни ентер