НЛБ Банка - најдобра банка во Македонија според Euromoney

На 11-ти Јули, 2018 година на свеченото доделување на Euromoney наградите во Лондон, НЛБ Банка АД Скопје е прогласена за најдобра банка во Македонија.

Ова награда е уште една потврда за особениот успех во надминувањето на сите  поставени предизвици на Банката, посветеноста на сите вработени, како и постигнатите извонредни финансиски резултати.

Во своето соопштение магазинот Euromoney објаснува зошто НЛБ Банка АД Скопје ја прогласи за најдобра банка во Македонија за 2017 година:

„Натпреварувајќи се на висококонкурентен банкарски пазар, банката која се истакна со резултатите минатата година во Македонија е НЛБ Банка АД Скопје, благодарение на остварената доминатна профитабилност во секторот, подобрениот квалитет на средствата и инвестициите во дигитализацијата.

Банката оствари поврат на капиталот од 28% како резултат на остварената добивка од 40 милиони евра што претставува годишен пораст од 60%. Овој импресивен резултат во голема мера беше поттикнат од силниот раст на кредитирањето на населението, работењето со картички, платежните услуги и продажбата на осигурителни производи. За истото придонесе и зголемувањето на нето каматната маргина на 4,9%,  а фокусот на ефикасноста ја одржа  стапката на трошоци во однос на приходите на само 38%.

Вкупната актива се зголеми за 7,2% во 12-те месеци до крајот на декември 2017 година, во согласност со растот на кредитирањето и депозитите, со што НЛБ Банка АД Скопје оствари учество од 16,4% на локалниот пазар. Учеството на нефункционалните кредити се намали за 0,5 процентни поени и изнесуваше  5,2%, додека на крајот на годината стапката на адекватноста на капиталот порасна на 14,4%.

Дигиталниот развој на Банката за периодот за кој се наградува вклучува лансирање на НЛБ мПроклик - мобилна апликација за правни лица, како и континуираното надградување и степенот на користење на НЛБ мКлик - мобилната апликација за физички лица.”

НЛБ Банка АД Скопје согласно својата стратегија во фокусот на работењето го има задоволството на своите клиенти и  континуирано и посветено работи на изнаоѓање на најоптимални решенија за секој поединечен клиент.

Банката и понатаму ќе продолжи да ги следи светските технолошки трендови и како современа и креативна банка да биде посветена на дигитализацијата и унапредување на банкарските процеси. Паралелно со постојаното надградување на дигиталните сервиси, континуирано ќе ја осовременува и проширува мрежата на експозитури на Банката. На тој начин на своите клиенти им дава избор  да се одлучат за новите и современи или за традиционалните начини на работење со Банката.

ЗА НАГРАДАТА

Euromoney Award for Excellence се награди кои навистина им значат на банките. Естаблирани се од 1992 година и се први од својот вид во глобалната индустрија. Оваа година 1500 банки влегоа во конкуренција за 20-те глобални и 50-те регионални награди, како и за наградата за најдобра банка во речиси 100 земји од светот.

НЛБ Банка АД Скопје

Трамп не им верувал на своите разузнавачи, туку на Путин

Претседателот на САД Доналд Трамп не им поверувал на извештаите на американските разузнавачи дека Северна Кореја има ракети кои можат да досегнат до САД бидејќи Путин му рекол поинаку.

„Во суштина, Трамп изјави дека не верува оти Северна Кореја има способност да не погоди со балистички ракети. Не поверувал во тоа бидејќи претседателот Путин му рекол дека не можат. Путим  му рече дека Северна Кореја  всушност нема такви ракети“– изјави поранешниот директор на ФБИ, Ендру Мекејб.

Како што рекол, иако разузнавачите го уверувале во тоа, американскиот претседател изјавил дека не му е грижа за тие тврдења и оти му верува на рускиот претседател Владимир Путин, што за него било шокантно.

Мекејб немал многу време да биде шокиран бидејќи неговата кариера во ФБИ многу брзо завршила откако бил сменет бидејќи наводно лажел за оддавањето информации на ФБИ во медиумите.

Африм Гаши ќе формира нова партија

Членството на крилото „БЕСА“ предводено од Африм Гаши побарало да се прекине судскиот процес за името на партијата.

Поради тоа Гаши и неговите поддржувачи се откажуваат од спорот и ќе формираат нова партија.

Новата партија треба да биде регистрирана наскоро, и ќе го носи името „Алтернатива“. Со тоа „БЕСА“ останува на Билал Касами.

Оваа одлука беше донесена на вчерашната средба на централното собрание предводено од Гаши.

По локалните избори во партијата „БЕСА“ настана внатрепартиски раскол, поради незадоволството од постигнатите резултати.

Силјановска: Ќе се залагам за намалување на претседателските ингеренции

Викендов е избран првиот учесник во шестата по ред претседателска трка.

Тоа е универзитетската професорка Гордана Силјановска Давкова која со 408 гласови од делегатите  на саботната конвенција беше избрана за кандидат за претседател од ВМРО ДПМНЕ, оставајќи го далеку зад себе Владимир Ѓорчев кој освои само 80 гласа.

Силјановска порача дека ќе бара широка општествена поддршка вклучително и од СДСМ бидејќи е надпартиски кандидат.

Меѓу другото рече дека ќе се залага за намалување на претседателските ингеренции.

притисни ентер