Почнува 16-тиот „Пиво фест“ во Прилеп

 Љубителите на пивото и скарата до недела ќе може да уживаат на десетици штандови распослани на неколку илјади квадратни метри во центарот на градот.

Атмосферата од Прилеп ја пренесува  Зоран Момировски.

Дали е се подготвено за добра забава?

Американка пронајдена по пет дена – Со автомобилот паднала во канал (ВИДЕО)

40-годишна Американка пет дена преживеала заробена во својот автомобил, откако излетала од патот во Алабама и завршила во канал.

Робин Фанчер, се водела за исчезната пет дена.Таа со возилото тргнала во пошта, но по пат, изгубила контрола и паднала во канал.Полицијата неколку пати го пребарувала истиот терен, но не можеле да го лоцираат нејзиниот автомобил, кој речиси и не можел да се види од високата трева околу каналот.

 

Нејзе ја забележал случаен минувач и ја алармирал полицијата.. Робин немала сериозни повреди, но била дехидрирана и во состојба на шок..

Во Англија по 87-ми пат се одржа Светско првенство во играње џамлии (ВИДЕО)

Во англиското градче Тинсли Грин по 87-ми пат се одржа Светското првенство во играње со џамлии.

Годинава победата ја однесе Германија, која во финалето го совлада домашниот тим од Британија.. Почнувајќи од 1932 година, екипи од повеќе земји доаѓаат во оваа мало живописно градче со надеж дека ќе го освојат победничкиот прстен, а во средината на 90-тите години започнува да се одржува и репрезентативното Светско првенство во џамлии, најчесто во категоријата, кај на позната како „на мор“.

Натпреварите традиционално се одржуваат пред градскиот паб, кој датира од 1936-тата година.

Згасна производствот на уште една легенда

Мицубиши најави дека по 37 години , во август годинава ќе го произведе последниот примерок на легендарниот Пајеро.

Во текот на 37 години постоење , Пајеро се стекна со имиџ на неприкосновен теренец , а стекна и култен статус меѓу љубителите на овој вид возила. Последната шанса за купување на овој теренец ќе го имаат јапонските потрошувачи , кои ќе имаат самно 700 примероци.

Последната серија од овој теренец ќе се нуди по цена од 36 200 евра.  За оваа цена сопствениците ќе добијат моќен дизелаш со 190 кс и 441 Нм.

Додатоците како прекривка на резервното тркало , отвор на покривот и заден спојлер ќе бидат надворешни знаци на препознавање , додека внатре ги очекуваат кожни седишта , кои се поместуваат на електричен погон.

Сите купувачи на последнатас ерија на Пајеро ќе добијат и посебен рачен часовник изработен од Ситизен.

притисни ентер