Во „Систина“ вградено целосно вештачко срце

Во клиничката болница Аџибадем Систина во Скопје, вчераутро за прв пат во Македонија беше изведено вградување на целосно вештачко срце, соопштија од болницата.

На 46-годишен маж од Штип со исклучителна срцева слабост денеска му е вградено целосно вештачко срце во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ во Скопје. Пациентот во стабилна здравствена состојба и се чувствува добро, информираат од Клиниката.

Станува збор за прв ваков оперативен зафат во Македонија. Операцијата траела повеќе од пет и пол часа, а ја извел тим од Клиниката, предводен од шефот на Одделот за кардиохирургија, проф. д-р Александар Николиќ. 

- Вградувањето целосно вештачко срце беше единственото решение за пациентот, кој поради изразена форма на срцева инсуфициенција, функционираше со само 15 отсто од капацитетот на срцето. Со новото срце, тој доби нова шанса за живот и нови шест години за наоѓање соодветен трансплантат. При интервенцијата, комплетно беше отстрането неговото срце и го заменивме со целосно вештачко срце. Оваа интервенција е најдоброто решение, особено кај пациенти кај кои срцевата инсуфициенција е присутна и во десната и левата комора и е значително покомплексна интервенција, за разлика од вградувањето вештачка LVAD-пумпа, која дава механичка поддршка единствено на левата срцева комора, истакна проф. д-р Николиќ.

Од Клиниката наведуваат дека оваа операција на вградување вештачко срце е прва во Македонија, а втора во регионот, по онаа минатогодишната на Институтот за кардиоваскуларни болести „Дедиње” во Белград, исто така изведена од проф. д-р Николиќ.

Механичкото срце е со иста големина како и природното. Се напојува со батерија, која по излегувањето од болницата, пациентот ќе ја носи во специјален ранец на грб, со тежина од шест килограми. Вградувањето механичко срце е тренд во светската кардиохирургија, со оглед на фактот што сè потешко се доаѓа до донорско срце, посочуваат од Клиниката.

Во светски рамки се изведени 1.800 вакви операции, а Македонија влезе на листата од 25 земји во светот каде што се изведува оваа најтешка и најкомплексна интервенција во кардиохирургијата, покрај држави како што се САД, Канада, Франција, Германија, Турција, Велика Британија, Италија.


Операцијата ја предводел проф. д-р Александар Николиќ, а пациентот, маж на 46 годишна возраст, по оперативниот зафат се чувствува добро.

Откриена измамата во која се собрани 400 000 долари од хумани луѓе

Американците , кои покренаа кампања преку социјалните мрежи за собирање помош за бездомник и собраа 400 000 долари , се обвинети за измама.

Кејт МкКлур и Марк Д’Амико собрале над 400 000 долари за бездомникот и поранешен маринец Џони Бабит. Но , тој во август покрена тужба против нив тврдејќи дека не му ги дале парите. Сега истрагата утврдила дека и самиот Бабит е вклучен во измамата. Целата акција е базирана врз лаг , смета обвинителството.

Бескуќникот Бобит сега е во притвор , а другите двајца се пупштени со кауција за да се бранат од слобода. Судењето почнува на 24 ноември.

Приказната, која трогна илјадници Американци е дека бездомникот и ги дал последните 20 долари на Кејт за да си го поправи автомобилот , бидејќи се нашла во невоља.

Над 14 000 луѓе донирале пари за бездомникот , а целата приказна била всушност голема лага и договор меѓу тројцата обвинети.

Двојно торнадо на турскиот брег подигна приколка (ВИДЕО)

Во Анталија од морето се појави двојно торнадо , кое подигна приколка со човек во неа.

Снимките направени во неделата покажуваат двојно торнадо во Анталија , во местото Газипаша. Торнадото донесе невреме со дожд од морето . Но , најлошо помина странец , кој кампувал во приколка на плажата.

Торнадото ја подигнало приколката со човекот во неа.како што јавуваат турските медиуми човекот се здобил со фрактури на лицето, а камперот е неупотреблив.

Колку на ден заработува Порше?

Порше не само што е златен рудник на германскиот концерн , туку и компанија која со децении не знае за промашувања.

Што и да направи се претвора во злато , а мрежата CNBC пресмета колку е тоа во долари. Така , минатата година Порше пријави нето добивка од 4,82 милијарди долари , односно 4,22 милијарди евра.

Тоа , според пресметките значи дека секоја секунда компанијата заработува 153 долари , односно 550 595 долари секој час.

Секој ден , според американскиот медиуми , Порше заработува по 13,2 милиони долари.

Што се однесува до цените на моделите на Порше , најевтиниот е 718 Cayman, а најскапиот модел е 911 GT2 RS, со цени од околу 68 000евра па се до околу 285 000 евра.

притисни ентер