Десковска: ДИК може да остане без време за референдумот

Државната изборна комисија треба што поскоро да се формира бидејќи нема да има време да го спроведе референдумот, смета министерката за правда Рената Тренеска Дескоска.

-Изборот на ДИК не смее да биде ставен во пакет со никакви амнести, со никакви услови за технички, пржински или било какви влади, бидејќи нас ни треба институции кои што ќе може да функционираат особено во најава на претстојниот референдум. Секое доцнење со формирањето на ДИк може да значи и наедоволна спремнсот на новоизбраните членови да ги спроведат сите активнсоти кои што се потребни, рече Тренеска Дескоска.

И високиот партиски функционер на ДУИ Артан Груби смета дека Државната изборна комсија не треба да биде условувана од било какви други закни.

Во секој случај изборот на ДИК не треба да зависи од било кои други закони и сметаме дека треба час поскоро да бидат избрани членовите на новата ДИК за да пристапи кон слендите чекори кои што не чекаат во врска со референдумот, рече Груби.

Министерката за правда рече дека не е дел од преговарачките тимови и не може да посочи кои се барањата на опозицијата. Од ВМРО-ДПМНЕ дека бараат да бидат донесени два закони. Првиот за Влада и вториот за финансирање на политичките партии. Неодамна претседателот на комисијата за избори и именувања Илија Димовски рече дека нема да закаже седница на Комисијата која е надлежна за изборот на членовите на ДИК се додека партиите не се усогласат.

Експертите сметаат дека водата од Охридското Езеро не смее примарно да се користи за производство на електрична енергија

Ситуацијата со ниското ниво на водата во Охридското Езеро засега не е алармантна, но повторно укажува на проблемот околу стопанисувањето со водата од басенот и нејзиното искористување за производство на електрична енергија.

Експертите учесници на годишната Конференција за управување со Дримскиот басен што се одржува во Охрид согласни дека водата од езерото може да се користи за производство на електрична енергија, но никако тоа да биде единствена уште помалку примарна цел, односно оти мора да се внимава на поширокиот интерес на заедницата.

Моментално нивото на езерото е некаде 16 сантиметри над минимумот што не е алармантно, но би било мошне лошо по еко-системот доколку се случи тоа да се симне под таа кота како што беше минатата година.

-Честопати сме споменувале дека ЕЛЕМ езерото го употребува како резервоар за вода за своите централи. Тие тоа го негираат, но факт е дека тоа се случува оттаму што за десеттина месеци нивото варира и за 70-80 и повеќе сантиметри, што е недозволиво. Мислам дека државата треба да преземе драстични мерки кон такви нарушувања на нивото, односно да се одземе управувањето со водата на ЕЛЕМ затоа што еве последниве години се докажува дека не се грижат многу за тоа, туку едноставно езерото го гледаат како киловатчасови произведена енергија, изјави Трајче Талевски од Хидробиолошкиот институт во Охрид.

Талевски уште предупреди дека доколку нивото на езерото продолжи да опаѓа, во опасност е езерската флора и фауна.

-Во Студенчишкиот канал моментално има голема количина плашица која е доведена во опасност ако котата се спушти надолу. Пред некоја година бевме сведоци кога дваесеттина тони плашица беше заробена и не можеше да излезе и покрај влошените услови во каналот. Оваа година има уште поголемо количество плашица влезена на презимување во каналот, така да доколу се случат истите состојби со нивното може да се случи голема количина плашица да угине, рече тој.

Радосав Рашовиќ од Управата за води при црногорското Министерство за земјоделство посочи дека она што е нивна задача и цел е токму тоа, да не дозволуваат личните односно бизнис интересите да преовладуваат пред оние на пошироката заедница.

-Она што ние го работиме е токму тоа, да не дозволиме да преовладаваат личните бизнис-интереси. Ние никако не сакаме да произведуваме струја, а да уништиме нешто друго. Струјата е мошне важна за цивилизацијата, но исто така и екологијата односно животната средина. Државата мора да ја работи својата работа, да ги уреди работите – со закони и нивна примена. Јас од мојата држава и влада барам да ги почитува законите и прописите. Истовремено производителот на електрична енергија мора да има разбирање дека не е само да се заработуваат пари туку да се овозможува и напредок на земјата, изјави тој.

Илбер Мирта, раководител на Секторот води при Министерството за животна средина и просторно планирање посочи дека состојбата со нивото на езерото се следи, дека постојано се во координација со ЕЛЕМ.

-ЕЛЕМ стопанисува со водата од Охридското Езеро, ние соработуваме со нив, имаме добра релација и одговорно ги следиме движењата на нивото на езерото. Тука соработуваме и со соседна Албанија бидејќи секое движење тука има импакт и таму. Климатските промени исто така влијаат врз хидролошката слика, тие се следат и преземаме соодветни активности за справување со предизвиците, посочи Мирта.

Општина Охрид минатата седмица со допис побара од надлежното Министерство за транспорт и врски да преземе итни мерки за спречување на натамошно намалување на водостојот на нивото на Охридското Езеро. Во писмото беше посочено дека намалениот водостој на езерото се заканува да прерасне во посериозен проблем што се заканува да предизвика сериозни последици по рибниот фонд.

Во насока на превенирање на посериозни последици, Општината веќе спроведе одредени активности, преку исклучување на пумпите за вода од каптажата „Билјанини Извори" наменети за потребите на ЈП „Водовод" и пренасочување на водата во Студенчишкиот канал.

Проблемот со водостојот на езерото дополнително го усложнуваат неповолните временски околности, односно продолжениот сушен период без најави за врнежи. 

Заев очекува Унгарија да го екстрадира Груевски

Премиерот Зоран Заев во врска со пребегувањето на поранешниот премиер Никола Груевски, изјави дека Министерството за внатрешни работи  постапувало согласно наредбата од судот и во рамки на законските овластувања.

 За постапката за екстрадиција на Груевски дека е веќе започната откако е добиена потврда од унгарското МВР дека тој се наоѓа во Унгарија.

– Без наредба, МВР не може ниту мене, ниту на кој било граѓанин да  му пристапи. Неколку дена претходно Груевски беше на иста Уставната комисија каде бев и јас во Парламентот. Ова го кажувам не затоа што не требало да бидеме поподготвени и повнимателни, туку затоа што тоа испраќа и сериозна порака дека не треба да правиме ништо повеќе од тоа што го пропишува законот. Од тој аспект строго е постапено согласно законот на еден внимателен и демократски начин, рече Заев на новинарско прашање на заедничката прес-конференција во Владата со премиерот на Малта, Џозеф Мускат, во врска со одговорноста на МВР за пребегувањето на Груевски

За проверката на возилата што излегувале од штабот на ВМРО-ДПМНЕ од страна на полицијата, рече дека е согласно наредба од полицијата за националната потерница за Груевски и негово спроведување за издржување на двегодишната затворска казна.

– Немаше налог за влез во политичка партија, ниту некој имаше намера за тоа. Исклучиво се постапувало согласно наредбите. Ние сме земја која има намера да биде членка на ЕУ и без разлика какви се чувствата тоа не ни дава за право да ги кршиме законите посебно не од страна на институциите затоа што исклучиво постапување по закон е нешто што се очекува од сите институции и од сите граѓани во Македонија, рече Заев.

Тој додаде дека очекува Унгарија да постапи по веќе распишана меѓународна потерница со која бара екстрадиција на Груевски.

– Очекуваме од Унгарија да биде пример дека нема да штити криминалци кои направиле штета врз граѓаните на Република Македонија. Каква би била мотивацијата на нас земјите кандидати ако една земја членка на ЕУ биде засолниште на криминалци и не ја почитува меѓународната пракса, меѓународното право, рече Заев.

Премиерот, воедно како што рече, остро и категорично ги демантираше шпекулациите за каков било политички договор со Никола Груевски во врска со случајов.

Запрашан кој ќе ја сноси одговорноста за бегството на Груевски и дали ова е дел од помирувањето, тој посочи дека секој процес го водат максимално транспарентно и нема ништо тајно или задкулисно.

– Пропусти нема направено ниту една институција. Единствено ако граничните служби го пропуштиле на официјалните гранични премини и граничната полиција направила одредени пропусти веднаш дадовме налог да се истражи целата постапка, рече Заев.

Според него, Владата не може да биде виновна за се. Таа постапува согласно закон и своите постапки јавно и транспарентно ги образложува. Изрази уверување дека процесите коишто се водат ќе доведат до она што е очекување на граѓаните , а тоа е да се изврши затворската казна на секое осудено лице вклучително и на Груевски.

Посочи дека секој треба да си ја сноси својата одговорност, а во вакви околности правосудството е тоа кое што ги носи одлуките.

– Апсолутно тоа одлучува кога испорачува упатен акт, кога поднесува обвинителен акт, кога дава притвор и слично. Ние на времето реагиравме кога ваквата постапка беше одбиена и јавно тоа го кажувавме како и аргументите. Правосудството не е во делот на надлежноста на Заев како премиер. Тоа е независно и ги носи своите одлуки растеретено од какво било влијание. Јас само ќе кажам уште еднаш каков кукавица е,којшто цело време велеше дека тој за Македонија е спремен да оди во затвор без разлика што ќе се случи. Тој само да излезат сите други е спремен да ја прифати одговорноста и слично. Дојде моментот на прифаќање на одговорноста, избега надвор од државата обидувајќи се претходно да добие нови аболиции. Тоа само по себе потврдува дека е виновен за тоа што е осуден. Тоа веројатно ќе се потврди на суд оти тоа е работа на судот. Секоја негова вина за која што се сомничи затоа што сите знаеме дека имавме режим којшто тој со неколку луѓе околу него комплетно го контролираше. Македонија единствено има иднина ако има казни. Казните мора да бидат испорачани и да бидат одлежани. Ќе направиме се во рамки на тоа што е наша надлежност да го испорачаме назад Груевски, рече Заев.

За бегството на Груевски рече дека министерот за внатрешни работи на Унгарија во телефонски разговор со министерот Спасовски потврдел дека тој е во Унагоија каде побарал азил, а воедно побарал и докумнети во врска со пресудата. 

До крај на месецов ќе заврши реконструкцијата на автопатската делница Велес-Градско

  Реконструкцијата на  автопатската  делница Велес – Градско во должина од осум километри за која се одвоени 67 милиони денари ќе заврши до крај на месецов. 

– Ќе имаме комплетно реновиран модерен  и безбеден автопат којшто ќе биде од голема важност не само за граѓаните на Македонија, туку и за сите што поминуваат по него, рече министерот за транспорт и врски Горан Сугарески при денешниот увид во градежните работи. 

Сугарески најави дека од овој месец ќе се реконструираат уште 150 километри  патишта низ земјава.

Најавениот циклус со градежни зафати во патиштата од милијадра евра, како што рече, се одвива, а особено е значајно што се надминати проблемите со изградбата на автопатиштата.

– Нашите очекувања се дека во наредните месец и половина комплетно ќе биде завршен автопатот Миладиновц-Штип. Воедно проблемите со автопатот Кичево-Охрид во голема мера се надминати. Исто така, што со потпишување на третиот анекс  на  Договорот очекуваме динамизирање на прогресот  на активности во наредниот период, појасни Сугарески.

Како што информира, се работи и на завршување на проектната документација за автопатот Скопје-Блаце, а се работи и на изградбата на четирите експресни патишта низ Македонија, како и на бројните реконструкции. 

Според  директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов главната реконструкција на делницата од Демир Капија кон Неготино завршува утре и се очекува в петок да биде пуштена во употреба.

Китанов појасни дека оваа недела се почнати  десет нови реконструкции на патишта, а веќе се завршени тендерски постапки и се воведени во работа уште 30 други рехабилитации во земјава.

– Значи сето ова прави конструкција од околу  400 километри заедно, а  од кои дел ќе се завршат годинава,а дел напролет, а за кога имаме завршено тендерски постапки за над 15 рехабилитации на патишта коишто согласно временските услови веднаш ќе отпочнат, најави Китанов.

Започнати се и работите на два нови моста, во околината на Велес се работи на мост на реката Бабуна што е неопходен, а и во Петровец е започната  изградба на нов мост кој заменува  над 50 години стар мост.  Заедно со реконструкцијата на мостовите на Вардар посебно кај Удово каде се работи за сериозна реконструкција сите работи се доведуваат при крај, потенцираше Китанов, дополнувајќи дека на 18 месецов ќе завршат последните пет моста што се од Гостивар кон Колари што правеше застој на сообраќајот во изминатиот период.

Градоначалникот Аце Коцевски потенцира дека во соработка со Министерството за транспорт и врски и ЈП за државни патишта очекува од Владата во најскоро време да биде донесена одлука за прекатегоризација на дел од патот од Башино Село кон Велес од локален во регионален како што беше пред десет години, а со тоа и да се реконструира оштетениот  мост на Вардар кај Башино Село на влезот во Велес.

Коцевски воедно потенцира дека очекува и санација на карпата која е на регионалниот пат на излезот од Велес, со цел создавање подобри услови за одвивање на сообраќајот во овој дел од патот, а за што треба да се изгради потпорен ѕид, за што е во тек постапката.

притисни ентер