Откриен тајниот план на Северна Кореја: Уцена од милијарда долари

Книгата која ја напишал поранешниот висок дипломат на Северна Кореја, открива дека Пјонгјанг го уценувал Израел, со заканата дека на Иран ќе му продаде нуклеарна технологија.

Имено, така тврди Тае Јонг Хо, кој побегнал во Јужна Кореја во 2016 година. Северна Кореја барала од Израел да плати милијарда долари во замена за тоа да не му продаде на Иран своја технологија за развој на балистички ракети, пренесе „Вол Стрит Џурнал“.

Таа “непристојна“ понуда изнесена е во 1999 година во едно кафуле во Стокхолм, кога на кафе седнале тогашниот севернокорејски амбасадор Сон Мун Си и неговиот израелски колега Гидеон Бен Ами.

Според наводите од книгата, Израел ја одбил таа понуда, но за неколку дена испратил нова – контрапонуда, да и испрати на Северна Кореја донација во храна.

„Вол Стрит Џурнал“ навел дека не успеал да добија потврда од двајцата амбасадори кои наводно учествувале во износувањето на уцената, но навел дека минатата недела Бен Ами, пред израелските медиуми, изјавил дека во текот на мандатот како амбасадор, имал неколку тајни состаноци со севернокорејските дипломати, и тоа во период од 1999 до 2002 година, кои ги иницирал Пјонгјанг.

ЗНМ: Осуда за ширењето дезинформации на пратеникот Стевананџија за новинарите Јованоски и Христов

Го повикуваме пратеникот Стевананџија јавно да објави демант за објавената невистина и да се извини на новинарите за евентуалните последици од објавата.

Здружението на новинарите на Македонија го осудува пратеникот Димитар Стевананџија, кој на својот Твитер профил објави фотографија со коментар дека колегите Борјан Јовановски и Боби Христов наводно се гости на отворање на контроверзен угостителски објект во Охрид. Според колегите Јовановски и Христов станува збор за лажна фотографија од објект во Градскиот Трговски Центар во Скопје и истата објава служи да им се наруши нивниот имиџ како новинари.

ЗНМ укажува дека преку етикетирање и ширење на дезинформации на новинари, особено од страна на избрани претставници на Собранието на Република Македонија, може сериозно да им се наштети на професионалниот интегритет и углед на новинарите, а со тоа да се намали и довербата на јавноста во медиумите.

Освен ова, јавните личности, а особено пратениците треба да служат за пример и посебно да внимаваат како комуницираат со новинарите и воопшто со генералната јавност, напишаа од ЗНМ.

Српската Влада даде согласност со Македонија да се склучи Договор за дигитална трансформација

Како што се наведува во соопштението, целта на договорот е промовирање на соработката и обезбедување поддршка во примената на информатичките и комуникациските технологии преку спроведување на активностите за ширење на знаењето “Србија дигитализира”.

Српската Влада на денешната седница усвои Заклучок за давање на согласност на Канцеларијата за информатичка технологија и електронска администрација на Република Србија со Министерството за информатичко општество и администрација на Република Македонија да склучи договор за соработка во областа на дигиталната трансформација, соопштија од Канцеларијата за сорботка со медиумите на срспката Влада./МИА

притисни ентер