Изнер ја комплетира листата полуфиналисти на Вимблдон

 Американскиот тенисер Џон Изнер е последниот полуфиналист на Грен слемот Вимблдон, откако синоќа го победи Милош Раониќ од Канада со 3:1, по сетови 6:7, 7:6, 6:4 и 6:3.

Изнер кој е деветти носител на турнирот з апротивник во полуфиналната пресметка ќе го има Кевин Андерсон.

Во другото полуфинале ќе играат Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.

Двата меча на распоредот се утре, а за денеска се предвидени женските полуфиналиња. 

Хуман гест на Рома, ќе донира 150 000 евра за лекување на навивач на Ливерпул

Италијанскиот фудбалски гигант Рома  ја покажа и својата хумана страна, и одлучи да учествува во лекувањето на навивачот на Ливерпул кој е во кома.

Првиот човек на Рома Џејмс Палота  ќе донира 150 000 евра за лекувањето на 53- годишниот навивач  на Ливерпул Џон Кокс.

Тој беше тешко повреден за време на немирите кои се случија пред  минатогодишниот мечот од Лигата на шампионите  меѓу Рома и Ливерпул.

Шон Кокс доби сериозни повреди од фановите на римската волчица пред минатогодишниот полуфинален натпревар во Рим.

Шон Кокс кој е во медицинска кома се лекува во Центарот за неврологија и неврохирургија во Ливерпул. 

УЕФА му се закани на ПСЖ со исфрлање од Лигата на шампионите

Француското списание ,,Екip”  објавува дека УЕФА му се заканила на клубот Пари Сен Жермен со можно исфрлање од Лигата на шампионите поради кршење на правилата за фер- плеј.

Од седиштето на УЕФА во Нион најавија дека ќе отворат истрага против одделни клубови меѓу кои и парискиот , под сомнение дека не покажале реален износ на спонзорските договори. Уште од 3 јули финансиското тело на УЕФА го проверува клубот.

Така на пример спонзорските договори со Катар девалвирале , така што во финансиската документација не биле прикажани виостинските износи , бидејќи вистинската вредност е 87 , а не 138 милиони евра ,како што било наведено.

И договорот со компанијата QTA која е главен спонзор на тимот има реална вредност од 58 милиони евра ,а биле прикажани 100 милиони.

Според тоа клубот би требало да биде во дефиоцит од 84 милиони, што е далеку над годишната граница од 30 милиони евра , дозволена од УЕФА според законот за финансиски фер – плеј.  

Три ѕвезди од Европската атлетска федерација за организацијата и квалитетот на трката „Охрид трчаТ"

Спортско-рекреативната манифестација „Охрид трчаТ" доби сертификат со три ѕвездички од Европската атлетска федерација, за квалитет на трка и организација на настан.

Рангирањето со три ѕвезди претставува успех за организаторот и атлетскиот настан, уште повеќе што тоа е стекнато веќе со второто издание на овој сега најмасовен спортско-рекреативен настан во Охрид.

Директорот на трката, Иван Цветкоски изјави дека препознавањето на трката од Европската атлетика како настан и организација дополнително ги мотивира да ја градат спортската манифестација „Охрид трчаТ" заедно со сите партнери, пријатели, волонтери, соработници и поддржувачи на уште повисоко ниво со цел веќе од 2020 година да ги добијат максималните пет sвезди за квалитет на настан.

-За нас како организатори на трката, сертификатот за квалитет на трка и организација претставува голем мотив за иднината на настанот, за кредибилитетот наш, за професионализмот. Дополнително овој сертификат обезбедува сигурност за тркачите, за сите учесници, што сигурно ќе овозможи да бидеме уште повеќе прифатени од тркачката заедница, граѓаните и сите подржувачи, изјави Цветкоски.

Следното трето издание на „Охрид трчаТ" ќе се одржи на 2 јуни, а пријавувањето со многу новитети и изненадувања ќе започне во најскоро време. 

притисни ентер