Нуркачите објавија детали од спасувањето од пештерата„Не сме ние хероите“

Водачот на акцијата за спасување на децата фудбалери и нивниот тренер од поплавената пештера во Тајланд контраадмиралот Апракон Јуконгкаев за ББЦ зборување за неверојатната акција.

12-те деца и нивниот тренер во пештерата поплавена од монсунските дождови минаа 17 дена без храна и светлина. Спасувачката драм,а заврши среќно, сите деца и нивниот тренер беа спасени, а според контраадмиралот Јоконгкаев големи заслуги за тоа има 25 годишниот тренер.

-Среќен сум , верувам дека и народот на Тајланд е среќен. Од првиот ден кога дознавме дека децата се заглавени и од кога нашата единица беше одредена за спасувачката мисија, имавме неколку препреки поради тоа што нивото на водата константно растеше. Не мислевме дека мисијата ќе биде вака успешна, истакна контраадмиралот.

На крајот зрното надеж стана вистина.

-Морам да кажам дека се беше добро, сите беа во добра состојба. Како што слушнав користеле камења за да ископаат тунел да им биде потопло. Она што го знам е дека тренерот е монах, што значи дека знае многу за техниките на медитирање и дека ти техники ги користел за да ги смири децата за тие да штедат воздух, дополни тој.

Ја делеле малку храната што ја имале во пештерата.

Инаку спасувачите за сите денови од мисијата спиеја многу малку поради тоа што во пештерата минуваа од 22 -23 часа на ден.

„Моравме многу да размислуваме на тоа како да се бориме со различните елементи и предизвици во спасувањето“, вели контраадмиралот.

Инаку во спасувачката мисија во која учествуваа повеќе од 100 нуркачи и работници од целиот свет животот го загуби пензионираниот нуркач Саман Гунан, која самиот доброволно се пријавил за спасувачката мисија.

Во Црна Гора уапсена директорката на Агенција за спречување корупција

Директорката на Агенција за спречување корупција на Црна Гора,Јелена Перовиќ,  вчера била уапсена, соопштија црногорските медиуми.

Како што се наведува, Перовиќ е уапсена под сомнение дека ја злоупотребила службената положба, соопшти Специјалното државно обвинителство.

Службеници на специјалното полициско одделение вчера ја блокирале зградата на Агенцијата и по претресот на просториите, како и службениот автомобил на директорката, Перовиќ е лишена од слобода.

„По извршениот претрес во канцеларијата и службеното возило, по наредба на Специјалното државно обвинителство, службениците на Специјалното полициско одделение поради основи на сомнение ја лишиле од слобода директорката на Агенцијата за спречување корупција на Ј.П. дека во текот на изминатата година и до април годинава сторила продолжено кривично дело злоупотреба на службената положба“, соопштија од Специјалното полициско одделение.

Црногорските медиуми пренесуваат дека полицијата вршела и претрес во нејзиниот стан и во други простории, со цел пронаоѓање други траги и предмети од кривичното дело.

Во Велес исчезна 56-годишен маж

Секторот за внатрешни работи Велес информира дека вчера, 17 април, во 14:30 часот од страна на 66 годишниот Б.С било пријавено дека неговиот 56 годишен брат Г.С се оддалечил од домот.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицето, информира портпаролот на СВР Велес, Билјана Ѓаковска.

За викендот дожд и грмежи, а на планините снег

 Во петок и за време на викендот ќе се задржи променливо облачно и посвежо време. 

Утре претежно во јужните делови, а во недела на повеќе места ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни. Во недела ќе има и услови за појава на изолирана нестабилност со грмежи, соопшти УХМР.

Поради спуштање на постудена воздушна маса на планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на повисоките планини ќе се формира нова снежна покривка.

притисни ентер