Ангелот на Victoria Secret покажа тело на млада мајка

Супермоделот Кендис Своунпул го покажа своето тело во бикини на само еден месец по породувањето.

Моделот на Викторијас Сикрет на плажа во Бразил се прошета во бикини, откако пред само еден месец го роди синчето Ариел. Папараците ја снимија убавицата од Јужна Африка , која изгледа исклучително . Медиумите и замеруваат единствено на вишокот кожа на стомакот , додека за долгите и затегнати нозе никој нема забелешка

Очигледно Кендис за многу кратко вфреме пак ќе се појави на модните писти.

Откриена измамата во која се собрани 400 000 долари од хумани луѓе

Американците , кои покренаа кампања преку социјалните мрежи за собирање помош за бездомник и собраа 400 000 долари , се обвинети за измама.

Кејт МкКлур и Марк Д’Амико собрале над 400 000 долари за бездомникот и поранешен маринец Џони Бабит. Но , тој во август покрена тужба против нив тврдејќи дека не му ги дале парите. Сега истрагата утврдила дека и самиот Бабит е вклучен во измамата. Целата акција е базирана врз лаг , смета обвинителството.

Бескуќникот Бобит сега е во притвор , а другите двајца се пупштени со кауција за да се бранат од слобода. Судењето почнува на 24 ноември.

Приказната, која трогна илјадници Американци е дека бездомникот и ги дал последните 20 долари на Кејт за да си го поправи автомобилот , бидејќи се нашла во невоља.

Над 14 000 луѓе донирале пари за бездомникот , а целата приказна била всушност голема лага и договор меѓу тројцата обвинети.

Двојно торнадо на турскиот брег подигна приколка (ВИДЕО)

Во Анталија од морето се појави двојно торнадо , кое подигна приколка со човек во неа.

Снимките направени во неделата покажуваат двојно торнадо во Анталија , во местото Газипаша. Торнадото донесе невреме со дожд од морето . Но , најлошо помина странец , кој кампувал во приколка на плажата.

Торнадото ја подигнало приколката со човекот во неа.како што јавуваат турските медиуми човекот се здобил со фрактури на лицето, а камперот е неупотреблив.

Колку на ден заработува Порше?

Порше не само што е златен рудник на германскиот концерн , туку и компанија која со децении не знае за промашувања.

Што и да направи се претвора во злато , а мрежата CNBC пресмета колку е тоа во долари. Така , минатата година Порше пријави нето добивка од 4,82 милијарди долари , односно 4,22 милијарди евра.

Тоа , според пресметките значи дека секоја секунда компанијата заработува 153 долари , односно 550 595 долари секој час.

Секој ден , според американскиот медиуми , Порше заработува по 13,2 милиони долари.

Што се однесува до цените на моделите на Порше , најевтиниот е 718 Cayman, а најскапиот модел е 911 GT2 RS, со цени од околу 68 000евра па се до околу 285 000 евра.

притисни ентер