Биковите сеат страв во Памплона (ФОТО)

Илјадници туристи и домашни жители веќе петти ден си ја испробуваат среќата во надеж дека нема да бидат прободени.

Речиси една недела трае фестивалот во Памплона , а секој ден се зголемува бројот на авантуристи кои трчаат по патеката долга 823 метри со цел да ги избегнат острите рогови на биковите низ тесните улички .

По патеката се пуштаат по шест бикови и шест волови кои ги бркаат туристите и домашните авантуристи. Тие носат бели кошули или маици и бели панталони , а на вратот имаат црвени шамии.

Трката привлекува и по милион туристи на фестивалот во памплона , каде се одржуваат и концерти на традиционална музика и гастрономски натпревари. Досега има неколкумина полесно повредени и еден е прободен со потешки повреди .

Од 1923 до сега загинале 15 лица , а секоја година бројот на повредените се движи меѓу 200 и 300.

Тинејџер го изгубил видот на двете очи откако бил погоден со пејнтбол пиштол

Тинејџер го изгубил видот на двете очи откако бил погоден со пејнтбол пиштол

18 годишниот Дилион Конери останал слеп на двете очи откако бил на една забава во ноќен клуб кој како дел од забавата користел и пејнтбол пиштоли.

Клубот ветувал “луда забава“ до раните утриснки часови. Тие дури и напишале предупредување во кое се виели не го носете вашиот омилен фустан или кошула бидејќи ќе бидете обоени во разно бои од глава до петици. Во клубот можело да се купат и заштитни очила и заштитна облека.

Шпанската полиција го истражува случајот.

Погледнете како изгледаат забавите:

Момчето се лади во дневната, но девојката не е баш среќна поради тоа

Човекот си  нашол “идеално“ решение за летото.

Поради топлотниот бран во Британија многу луѓе мораат да се снаоѓаат како знаат и умеат. Овој човек отишол чекор пред сите. Си го наполнил базенот во дневната соба и си ја игра својата омилена игра.

Кога неговата девојка се вратила од работа, останала зачудена.

Погледнете:

Затворен автопат во Британија за да можат патки да поминат

Автопатот бил затворен еден час за да можат патките сигурно да го поминат автопатот.

Возачите на автопатот М25 морале да чекаат еден час за да продолжат со своето патување бидејќи автопатот бил затворен од страна на полицијата за да можат 30 патки да го поминат автопатот сигурно.

притисни ентер