Штрајк на работниците во „Фиат“ поради Роналдо

Работниците во автомобилскиот концерн „Фиат“ ќе почнат штрајк поради трансферот на Кристијано Роналдо во Јувентус за 105 милиони евра, информираат од Синдикатот. 

Според информациите, дел од сумата за неговиот трансфер ќе биде платена преку спонзорство од компанијата „Ексор“, сопственик на „Фиат“ и „Ферари“.

- Недозволиво е работниците во претпријатието да понесат економски рестрикции, а во исто време да се трошат стотици милиони за купување на фудбалер. Постојано ни се кажува дека времињата се тешки и треба да штедиме, додека чекаме да се пуштат новите модели кои сепак така и не доаѓаат. И додека работниците и нивните семејства ги затегнуваат ремените се повеќе, компанијата одлучи да инвестира многу пари во еден единствен човек. Чесно ли е тоа? Нормално ли е човек да заработува милиони, додека илјадници семејства едвај преживуваат до средината на месецот. Поради тоа објавуваме штрајк од недела, 15 јули до вторник, 17 јули, се наведува во изјавата на Синдикатот.

Вардар поразен од Веспрем

Македонскиот ракометен првак Вардар на првиот домашен меч во Лигата на шампионите во 2019 година против Веспрем загуби со 27-29 (16-11) и падна од второто место во групата „А“ во ракометната елита.

Прво име кај Веспрем беше Лекаи со седум гола, Наѓ даде шест, а Ненадиќ постигна четири гола, додека кај Вардар, Дисингер даде пет, а Скубе и Стоилов завршија со по четири гола. Во наредното коло од Лигата на шампионите, кое е закажано на 23 февруари, Вардар гостува кај Кристијанштад, додека Веспрем ќе му биде домаќин на Мешков Брест.

Фото: НБА Ол Стар викенд во Шарлот

Утрово во Шарлот започна популарниот викенд на сите ѕвезди во НБА лигата. 

Првиот меч на годинешниот Ол Стар во Шарлот го одиграа „Ѕвездите во подем“ најдобрите млади кошаркари во НБА поделени во тим на Светот и тим на Америка.

На овој дуел учествуваа само кошаркари кој се дебитанти  или кошаркари кој ја играат втората сезона во НБА-софмори.

Селекцијата на САД  во дуелот на ѕвездите во подем го победи тимот на Светот со 161-144.

На дуелот на најдобрите млади кошаркари видовме многу забивања и погодени тројки, а најатрактивни беа Кузма во тимот на САД и Симонс во екипата на Светот.

Токму младиот Кајл Кузма ја освои наградата за најкорисен кошаркар МВП, инаку најефикасни кошаркарина мечот ба Тејтум со 30 во тимот на САД и Симонс со 28 поени кај Светот.

На овој меч видовме и тројца кошаркари од Балканот, Чеди Осман, Богдан Богдановиќ и Луа Дончиќ.

Видео- фото: Охриѓанецот Чеди Осман во патики со македонско знаме на НБА Ол Старот во Шарлот

Репрезентативецот на Турција, момчето роденот во Охрид , Чеди Осман е вториот кошаркар роден во Македонија, по Перо Антиќ  кој бил дел од еден Ол Стар викенд во најсилното светско кошаркарско првенство НБА лигата.

Младиот Осман при своето премиерно преставување на престижниот ОЛ Стар не ги заборави матичната Турција и родната Македонија.Чеди Осман во мечот меѓу најдобрите млади кошаркари во НБА „Ѕвездите во подем“поделени во  две селекции, Свет против Америка се појави во специјално дизајнирани патики со македонско и турско знаме со што покажа дека никогаш не заборавил на своето потекло и земјата во која е роден.

Чеди имаше скормен учинок на мечот 2 поени, 3 скока и 4 асистенции но привлече огромно внимание во јавноста со своите интересни патики на кои беа исцртани знамињата на Македонија и Турција.

Со овој потег Чеди пред милиони гледачи од целиот свет ја афирмираше родната Македонија на најголемиот светски спортски настан за што заслужува длабок почит.

Инаку мечот меѓу Ѕвездите во подем –САД против Светот заврши со триумф на младите кошаркари од Америка со 161 – 144 .

притисни ентер