Трамп е политичар со најголем број следбеници на Твитер

Претседателот на САД , Доналд Трамп е политичарот со најголем број следбеници на Твитер.

Поголем е бројот на луѓето од целиот свет што го следат Трамп , отколку папата Франциск. Дури и индискиот премиер Нарендра Моди не може со Трамп , иако Индија имна најголем број корисници на Твитер.

Според извештајот ,,Твитломатија” на американската косултантска фирма ,,Барсон , Кон и Вулф”, Трамп има над 52 милиони следбеници , повеќе за 4,5 милиони од папата Франциск. Од индискиот премиер Моди има 10 милиони следбеници повеќе. Трамп е прв на листата од октомври минатата година , кога бројот на следбениците на Твитер речиси двојно е зголемен.

Сепак , според бројот на ретвитнувања најмногу има саудискиот крал Салман.

Од утре ќе се гради снежниот град во Маврово

По 42-ри пат, од утре до 24-ти овој месец во Маврово ќе се одржи традиционалната детска манифестација „Снежен град – 2019", на која ќе учествуваат ученици од основни училишта од Скопје, Куманово, Виница и Тетово.

Како што информира организаторот на манифестацијата – Детскиот културен центар „Карпош"- Скопје, екипите се составени од по десетина деца со свој ментор и тие со потребните алатки ќе ја градат своја склулптура и ќе ја прикажат својата креативност и умешност.

-Децата кои учествуваат на снежен град користејќи ја својата фантазија, се вистински уметници кои си играат со снегот и го претвораат во објект кој што тие си го замислиле. Веруваме дека како и секоја година ќе направат впечатливи, уметнички скулптури, велет од Детскиот културен центар „Карпош"- Скопје.

Во рамките на манифестацијатаќе се одржат и други активности од забавно-рекреативен карактер, како избор на снежна убавица, спортски игри и натпревари во пинг понг, билијард, шах, училишна квизотека, пикадо, снежен крос, најслатка бонбона, снежно бинго, бал под маски и забава во дискотека за учесниците.

На 24 февруари во 11:00 часот децата – градителите заедно со директорката на ДКЦ „Карпош", Билјана Лалчевска Серафимовска ќе го претстават и свечено ќе го отворат „Снежниот град" за сите посетителите кои ја сакаат оваа уметност да ги разгледаат ремек делата на малите креативци направени од снег. /МИА

Трамп не им верувал на своите разузнавачи, туку на Путин

Претседателот на САД Доналд Трамп не им поверувал на извештаите на американските разузнавачи дека Северна Кореја има ракети кои можат да досегнат до САД бидејќи Путин му рекол поинаку.

„Во суштина, Трамп изјави дека не верува оти Северна Кореја има способност да не погоди со балистички ракети. Не поверувал во тоа бидејќи претседателот Путин му рекол дека не можат. Путим  му рече дека Северна Кореја  всушност нема такви ракети“– изјави поранешниот директор на ФБИ, Ендру Мекејб.

Како што рекол, иако разузнавачите го уверувале во тоа, американскиот претседател изјавил дека не му е грижа за тие тврдења и оти му верува на рускиот претседател Владимир Путин, што за него било шокантно.

Мекејб немал многу време да биде шокиран бидејќи неговата кариера во ФБИ многу брзо завршила откако бил сменет бидејќи наводно лажел за оддавањето информации на ФБИ во медиумите.

Африм Гаши ќе формира нова партија

Членството на крилото „БЕСА“ предводено од Африм Гаши побарало да се прекине судскиот процес за името на партијата.

Поради тоа Гаши и неговите поддржувачи се откажуваат од спорот и ќе формираат нова партија.

Новата партија треба да биде регистрирана наскоро, и ќе го носи името „Алтернатива“. Со тоа „БЕСА“ останува на Билал Касами.

Оваа одлука беше донесена на вчерашната средба на централното собрание предводено од Гаши.

По локалните избори во партијата „БЕСА“ настана внатрепартиски раскол, поради незадоволството од постигнатите резултати.

притисни ентер