Имено, толку чини продолжената блиндирана Ролс Ројс лимузина, модифицирана во фирмата Класен. Купувачите кои се подготвени да платат 3 милиони евра, можат да поседуваат ваков специјален Ролс Ројс Фантом кој ќе им биде испорачан 6 месеци по порачката.

Првиот чекор во доработката на фабричкиот модел претставува продолжувањето на каросеријата.
Потоа лимузината се зајакнува до Б7 ниво на балистичка заштитам, за да патниците бидат заштитени од огнено оружје и експлозивни направи.
Меѓу додатоците кои на заштитените патници ќе им пружат и пријатно возење се и нов мултимедијален систем и врвно озвучување.

Иако масата на возилото значително се зголемува од Класен не го модифицираат она што е под хаубата, таму и понатака стој 6.75 литарски мотор со 571 коњски сили.