Три рецепти со сода бикарбона за слабеење

Меѓу толку многу диети и совети за слабеење, една состојка толку многу се истакнува и значително го забрзува процесот на губење на килограмите, а сите ja имаме во кујната.

Лимонов сок и сода бикарбона

Една лажичка сода бикарбона добро разматете ја во половина чаша вода и составете ја со чаша свеж сок од лимон. Пијте го ова наутро на празен стомак, 20 минути пред појадок.

Јаболков оцет и сода бикарбона

Измешајте една лажичка сода, половина чаша вода и две лажици јаболков оцет. Пијте го ова наутро пред појадок.

Овошје и сода бикарбона

Во блендер ставете една чаша јагоди со две чаши вода, неколку листови од нане, чаша свеж сок од лимон и половина лажичка сода. Пијте го ова смути два пати дневно.

Откриена измамата во која се собрани 400 000 долари од хумани луѓе

Американците , кои покренаа кампања преку социјалните мрежи за собирање помош за бездомник и собраа 400 000 долари , се обвинети за измама.

Кејт МкКлур и Марк Д’Амико собрале над 400 000 долари за бездомникот и поранешен маринец Џони Бабит. Но , тој во август покрена тужба против нив тврдејќи дека не му ги дале парите. Сега истрагата утврдила дека и самиот Бабит е вклучен во измамата. Целата акција е базирана врз лаг , смета обвинителството.

Бескуќникот Бобит сега е во притвор , а другите двајца се пупштени со кауција за да се бранат од слобода. Судењето почнува на 24 ноември.

Приказната, која трогна илјадници Американци е дека бездомникот и ги дал последните 20 долари на Кејт за да си го поправи автомобилот , бидејќи се нашла во невоља.

Над 14 000 луѓе донирале пари за бездомникот , а целата приказна била всушност голема лага и договор меѓу тројцата обвинети.

Двојно торнадо на турскиот брег подигна приколка (ВИДЕО)

Во Анталија од морето се појави двојно торнадо , кое подигна приколка со човек во неа.

Снимките направени во неделата покажуваат двојно торнадо во Анталија , во местото Газипаша. Торнадото донесе невреме со дожд од морето . Но , најлошо помина странец , кој кампувал во приколка на плажата.

Торнадото ја подигнало приколката со човекот во неа.како што јавуваат турските медиуми човекот се здобил со фрактури на лицето, а камперот е неупотреблив.

Колку на ден заработува Порше?

Порше не само што е златен рудник на германскиот концерн , туку и компанија која со децении не знае за промашувања.

Што и да направи се претвора во злато , а мрежата CNBC пресмета колку е тоа во долари. Така , минатата година Порше пријави нето добивка од 4,82 милијарди долари , односно 4,22 милијарди евра.

Тоа , според пресметките значи дека секоја секунда компанијата заработува 153 долари , односно 550 595 долари секој час.

Секој ден , според американскиот медиуми , Порше заработува по 13,2 милиони долари.

Што се однесува до цените на моделите на Порше , најевтиниот е 718 Cayman, а најскапиот модел е 911 GT2 RS, со цени од околу 68 000евра па се до околу 285 000 евра.

притисни ентер