Одложено рочиштето за „Монструм“ поради болест на судијата

Поради отворено боледување од вчера попладне на еден од двајцата судии во судечкиот совет, судијата Осман Шабани, се одложи судското рочиште за “Монструм”. 

На ова бурно реагираа семејствата на жртвите. Се служите со истите тактики, и претходниот судија го легнаа болен сред лето, пред судијата Огнен Ставрев реагираше Горан Наќески татко на убиеното момче Александар.

Судијата Ставрев објасни дека не постојат никакви игри, и дека се било подготвено да се одржи денешното рочиште. Тој додаде дека тоа што го ветил, односно откривањето на вистината ќе го исполни во оваа судска постапка. Родителите повторно ги побараа транскриптите од разговорите меѓу функционерите на ДУИ.

На денешната расправа за прв пат пред јавноста требаше да сведочи загрозениот сведок, чие сослушување беше одложено минатата недека поради недостиг на технички услови за покривање на лицето и модификација на гласот.

Судијата Ставрев им појасни на родителите дека двајцата од обвинетите за убиството кои се избегани во Косово се уште не можат да бидат екстрадирани во државава, бидејќи не ги даваат косовските власти. Тоа се Африм Исмаиловиќ и Алил Демири. Обвинети за свирепите убиства кај Смилковкското езеро сè уште остануваат и Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Азири и Сами Љута.

Следното рочиште е закажано за 22 август.

Светски берзи: Скок на цената на нафтата, пад на цената на златото и пченицата

 Европските и американските берзански индекси денеска се во пораст, како и цените на нафтата, додека цените на златото и пченицата паѓаат.

Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:10 часот порасна на 18.492,46 поени, лондонски FTSE 100 на 7.957,12 поени, францускиот CAC 40 на 8.225,07 поени, а московскиот MOEX на 3.308,14 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс се искачи на 39.760,08 поени, индексот S&P 500 на 5.248,49 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 16.399,52 поени.

Според податоците од берзите, цената на суровата нафта се искачи на 81.768 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 85.756 долари.

Европските фјучерси на гас на отворањето на берзата ТТФ се продаваа по цена од 27.435 евра за мегават-час.

Цената на златото падна на 2.192,16 долари за унца (една унца е 28,35 грама), а цената на пченицата падна на 5,4668 долари за бушел (еден бушел е 27,216 килограми).

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,07974, што е за 0,26 отсто помалку од вчера.

Герасимовски: Не е целта да се конфискуваат тераси, или доградби за социјално загрозени лица

Не е целта да се конфискуваат тераси, или доградби за социјално загрозени лица, туку оние кои оставруваат профит.

Со законско решение за конфискација на дивоградбите, ќе се одземат нелегалните објекти кои оставруваат профит и ке се пренаменат во непророфитни објекти или во места каде ќе се одржуваат културни манифестации, ова утринава го соопшти градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, по повод новото законско решение за регулирање, конфискација и ре-употреба на бесправно изградени објекти.

Според градоначалникот со законот ќе се реши урбанистичкиот хаос

Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски во „Дуел за Македонија“

Дами и господа, во Среда на 3 април, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви го претстави долгоочекуваниот и одлучувачки ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА.

Дами и господа, во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви го претстави долгоочекуваниот и одлучувачки ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА, помеѓу најголемите политички опоненти и претенденти за премиер - Димитар Ковачевски лидер на СДСМ и Христијан Мицкоски лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

Каков претседател и на треба на државата? На каква платформа ќе не’ качува ВМРО-ДПМНЕ, а која година во ЕУ може да се надеваме со СДСМ? Уставни измени или нов договор со ЕУ и Бугарија – кое е поверојатно сценарио за земјата да остане на европскиот колосек?

Граѓанска, мултиетничка или бинационална – во каква Македонија ќе живееме? Има ли етика во политиката или целта да се стигне до 61 пратеник ќе ги оправда сите коалиции?

Како да се стави крај на корупцијата и младите повторно да гледаат перспектива дома?

Кој се „бори“ за Македонија, а кој за фотелјата на Илинденска... Што се црвените линии на Ковачевски, а од што на Мицкоски, дилемите се задача на Гоце Михајлоски, а под жешките рефлектори во студиото на Канал 5 ќе бидат Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски во ДУЕЛОТ ЗА МАКЕДОНИЈА, во Само Вистина, Среда 03 Април 18.30 часот!!

притисни ентер