Мора да видите: Трамп го „растури“ Столтенберг поради Русија!

Столтенберг: Лидерите ќе сакаат да ги слушнат Вашите размислувања пред средбата со Путин...

- Морам да речам дека е многу тажно кога Германија прави масивен договор за снабдување со нафта и гас со Русија, ние би требало да ги браниме од Русија, а Гермнаија плаќа милјарди и милјарди долари годишно на Русија. Ние ги браниме Германија, Франција, и сите овие земји, а потоа одреден број на земји прават договор за гасовод со Русија и ставаат милјарди долари во куферите на Русија. Значи ние би требало да ве штитеме од Русија, а тие плаќаат милјарди на Русија,  што мислам дека не е соодветно. Поранешниот германски канцелар е директор на гасоводна компанија која е снабдувач со гас. Наскоро, отприлика 70 проценти од гасот во  Германија ќе биде  контролиран од Русија. Сега вие кажете ми – Дали е ова соодветно и треба да го одмолчиме, ова е нешто што не смееше да се дозволи. Германија е тотално контролирана од Русија. Бидејќи 60 до 70 проценти од енергијата ја добиваат од Русија и новиот гасовод. И Вие кажете ми дали е тоа соодветно, бидејќи јас мислам дека не е. Тоа е многу лоша работа за НАТО, тоа не требаше да биде случај, мораме да разговараме со Германија. Згора на се, Германија одвојуваме нешто повеќе од 1 процент од БДП, додека САД со актуелните бројки 4.2 %, и тоа со многу поголем БДП, што мислам дека исто така не е соодветно. Ние ги браниме Германија, Франција, ги браниме сите, и плаќаме многу пари за да ги браниме, што се случуваме со декади. Ова било одобрувано од претходните претседатели, кои не помислиле да направат ништо во врска со ова, бидејќи или не разбрале или едноставно не сакале да се вмешуваат, но јас морам да се грижам, бидејќи сметам дека е не фер за мојата земја, не е фер за праќачите на даноци. Овие земји треба да дејствуват, не за период од 10 години, туку мора веднаш да дејствуваат. Германија е богата земја. Тие говорат дека ќе го зголемат процентот малку во 2030, но можат да го зголемат веднаш, истакна американскиот претседател Доналд Трамп на појадокот со генералниот секретар на НАТО Ненс Столтенберг пред Самитото во Брисел. 

Како ќе се реши проблемот со извозот на земјоделски производи на Косово?

Времената рамка на Косово за повисоки царини од 30% за овошје и зеленчук предизвика хаос во регионот.

Петти ден земјоделците немаат каде да ги извезуваат своите производи. Извозот од ден во ден е се помал. Им се закануваат огромни штети.

В среда во Белград ресорните министри на земјите од регионот на итен состанок ќе бараат лек за проблемот. Најавија и контра-мерки. Македонија веќе испрати и допис до ЦЕФТА  и ЕУ потенцирајќи дека мерката е неаргументирана.

Во меѓувреме српскиот министер за трговија Расим Љајиќ и порача на Приштина да се одлучи дали е или не е ЦЕФТА потписничка.

Косовската времена мерка ќе трае три месеци. Со неа, за 30% се зголемуваат царините за увезеното овошје и зеленчук. Опфаќа 21 сорта од земјоделските производи и важи за сите држави кои увезуваат во Косово.

Најпогодени, според министерството за земјоделство, се доматите, пиперките и сливите.

Иран: Најмалку 25 лица повредени во земјотресот

Најмалку 25 лица се повредени во земјотресот со јачина од 5,9 степени по Рихтер, кој денеска го погоди западен Иран, неколку часа откако два земјотреси ја потресоа јужната провинција Хормозган.

Гувернерот на западната провинција Керманшах, Хусанг Базванд, изјави дека 25 лица се повредени и дека, за среќа, нема информации за мртви.

Претходно денеска, јужниот дел на Иран беше погоден од земјотреси со јачина од 4,7 степени и 5,7 степени според Рихтеровата скала.

Во тие потреси немаше повредени, а предизвикана е помала материјална штета.

притисни ентер