Заев за АНА-МПА: По самитот на НАТО сите политички партии ќе ги одредат деталите околу референдумот

По самитот на НАТО сите политички партии ќе имаат средба во Собранието за да ги утврдиме елементите на референдумот, деталите за прашањето што ќе се постави на референдумот и за карактеристиката на референдумот, вели премиерот Зоран Заев.

 Во изјава за грчката новинска агенција АНА-МПА како што пренесува дописничката на МИА од Атина, Заев изрази надеж дека референдумот ќе биде успешен и ги повтори и можните датуми - 23 септември, 30 септември или 7 октомври, за, како што кажа, „да постои доволно време за да се финализираат сите процеси до крајот на годината“.

- Референдумот, знаеме дека ќе се заврши успешно и се надеваме дека сите ќе бидат мотивирани да придонесат во референдумскиот процес да има најголем успех, бидејќи е многу важен за нашата земја, вели македонскиот премиер, во изјавата за грчката новинска агенција АНА-МПА.

Во однос на уставните промени Заев објасни дека се потребни од 90 до 110 дена, „па така, 15 јануари е пред нас“. Потоа, доколку процесот успешно заврши од македонска страна, „останува грчкиот Парламент да гласа за ратификација на договорот и да го ратификува протоколот за наше членство во НАТО“.

Грчката новинска агенција АНА-МПА, ги пренесува изјавите на македонскиот премиер по вчерашниот самит во Лондон дека „лидерите на ЕУ и Западен Балкан едногласно потенцираа дека Договорот од Преспа и храброста што ја покажаа премиерите Заев и Ципрас се модел за решавање на најсложените билатерални прашања и дека ќе продолжат да даваат голема поддршка во имплементацијата на Договорот“.

- Со премиерот Алексис Ципрас одбравме решенија кои ќе бидат задоволителни за граѓаните и нашите општества, а не за нас самите и за нашите политички партии, изјави Заев и истакна дека Договорот меѓу ПЈРМ и Грција во реалноста е најдобар придонес за однесување и создавање нови пријателски односи меѓу државите и политичарите, објави грчката новинска агенција./МИА.

Курц: Виена сака дијалог со Москва, шпионирањето неприфатливо

Виена сака да го продолжи дијалогот со Москва, но верува дека шпионирањето е неприфатливо, изјавил австрискиот канцелар Себастијан Курц.

Тој после седницата на Владата изјавил дека Австрија сака да има јасна слика во врска со обвиненијата против австрискиот полковник во пензија околу неговото шпионирање во корист на Москва и оти сака да има јасна слика за Русија.

„Сакаме да одржиме дијалот, но знаеме што се случи во Холандија и Велика Британија и изразивме солидарност со своите европски партнери“ – истакнал Курц.

Курц нагласил дека Австрија го смета шпионирањето за неприфатливо и оти ќе се бори против тоа доколку се случува на австриска територија, без оглед на тоа која земја е вмешана, јави „ТАСС“.

Австрискиот канцелар потсетил дека Австрија дала јасен одговор и за случајот со шпионирањето ги известила европските партнери.

„Убедени сме дека тоа нема да ги подобри односите меѓу ЕУ и Русија и оти е важно да имаме канали за дијалог со Русија, како и тоа дека трајниот мир на континентот е можно да се обезбеди низ соработка со Москва, а не со судири со руската држава“ – додал Курц.

Адвокатот на полковникот на австриската војска, Михаел Хофер претходно изјавил дека неговиот клиент ги отфрлил тврдењата дека е шпион и нагласи оти не оддавал државни тајни на штета на Австрија.

Адвокатот за телевизијата „ORF 2” изјавил дека неговиот клиент тврди дека никогаш не оддавал државни тајни на Австрија ниту пак било какви слични податоци.

Осомничениот вчера по одлуката на судот пуштен од притвор, во кој бил од саботата, 10 ноември.

Полковникот е осомничен за соработка со руските разузнавачки служби од деведесеттите години на минатиот век. Обвинет е дека на Москва и оддавал информации за австриското воено воздухопловство, артилериските системи, високо рангираните официјални претставници и мигрантската криза.

Како Груевски без пасош успеал да стигне во Унгарија?

Се уште е енигма како Никола Груевски без пасош успеал да стигне во Унгарија.

 Министерот за внатрешни работи синоќа во емисијата “Само Вистина”, рече дека полицијата нема сознанија и го  повика Јавното Обвинителство да спроведе истрага за да се дознае како и на кој начин експремиерот избегал во Будимпешта и дали некој за тоа му помогнал. Од обвинителството засега нема информација дали отвориле случај.

Случајот со бегството на Груевски го отвори прашањето дали и која инститицуја има направено пропуст. МВР вината ја префрла кај судиите кои не определиле мерка притвор за експремиерот. Од Киривичниот суд пак, појаснија дека за случајот “ТЕНК” во кој Груевски беше осуден на двегодишна затворска казна, СЈО не побарало притвор. Обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова пак денеска тврди дека притвор за експремиерот бил побаран за друг предмет уште многу поодамна и од Кривичниот и од Апецискиот суд, но ова барање било одбиено и од двата суда.

Експертите велат дека одговорноста поконкретно ќе може да се лоцира откако ќе се дознае целта вистина како Груевски успеал да избега во Унгарија.

Во отсуство на официјални информации во јавноста веќе се шират разни сценарија за начинот на кој Груевски избегал. Едно и помалку веројатно е дека тоа го направил со спортски авион, а второто и поверојатно е дека избегал преку т.н. зелен премин. Ова сценарио како најверојатно го смета и минситерот Спасовски.

Во јавноста најчесто споменувана рута за која се шпекулира е преку див премин во близина на тромеѓето меѓу Македонија, Србија и Бугарија во близина на Крива Паланка. Од таму според ова сценарио Груевски преку Врање, Белград и Нови Сад стигнал до див премин на српско-унгарската граница.

Доколку овие информации се потврдат тогаш ќе се отвори прашањето кој се му помогнал на експремиерот и каква е улогата на властите во Србија и Унгарија.

Сијарто: Не знам како Груевски без пасош влегол во Унгарија

Додека унгарските весници преку карикатури  се подбиваат со бегството на Никола Груевски во Будимпешта, владата на Виктор Орбан засега не сака да открие како поранешниот македонски премиер, без пасош стигна на нивна територија.

 Тамошниот  министер за надворешни работи Петер Сијарто кратко изјави дека е завршана процедурата за поднесување на барање за азил и дека додека не биде одлучено по истото, тие ќе се воздржат од повеќе детали.

-Ако процедурата за азил е завршена, ние сме многу среќни да бидеме на располагање. Претпоставувам дека се постапува по предметот за азил. Додека не се заврши не можам да ви дадам повеќе информации,изјави Петер Сијарто – Министер за надворешни работи на Унгарија.

Барталан Хаваси од службата за односи со јавност на Унгарскиот премиер ги демантираше информациите дека Орбан се сретнал со Груевски. Тој кажа дека синоќа унгарскиот премиер бил дома со своето семејство.

Во меѓувреме официјално од Европската комисија немаат коментар за овој случај, но некои евро пратеници како  и известувачот за Македонија од европскиот парламент Иво Вајгел сметаат дека треба да се почекаат официјалните изјави и реакции од страна на унгарските власти пред да се коментира барањето азил на Груевски.

 Европратеникот Кнут Флекенштајн пак на твитер порача дека е речиси невозможно  унгарските власти да му доделат азил на Груевски

 -Тешко ми е да замислам дека унгарската влада ќе му додели азил на поранешниот премиер Никола Груевски. Прво затоа што Груевски може да биде сигурен дека ќе добие правично судење во Скопје, а второ, секогаш мислев дека Орбан не прифаќа баратели на азил во неговата земја, напиша европратеникот Кнут Флекенштајн на Твитер.

Во меѓувреме се одгласија и од ЕПП, од каде кажаа дека ќе почекаа на официјална информација од Унгарската влада, а потоа ќе коментираат за бегството на Груевски во Будмипешта.

притисни ентер