Сите 12 деца и фудбалскиот тренер извлечени од пештерата во Тајланд

Тајланд слави .Она што до пред три дена се чинеше невозможна мисија, пред малку стана реалност.. Сите 12 деца и нивниот фудбалски тренер попладневно безбедно се извлечени од смртоносната пештера, во која минаа безмалку три недели.

Голготата на заробените дечиња во Тајланд по осумнаесет дена го дочека својот среќен крај. Солзи радосници, ракоплескања и восхитувања од присутните во моментите кога спасувачите го извлекоа и тренерот кој остана последен за спасување од пештерата. Заедно со уште четири момчиња, меѓу кои и најмалото од групата, пренесени се до најблиската болница за да им биде пружена соодветна медицинска помош.

Временските прилики и сивилото над небото не ги спречи спасувачките екипи да започнат со тешката акција пред три дена, кога беа извадени првите четири фудбалери. По девет часа макотрпност, вчера беа извлечени уште четири дечиња. Нуркачите постојано беа во трка со времето да ја одбегнат опасноста од нови поројни дождови и недостатокот од кислород во пештерата.

Сите деца се во добра здравствена состојба, но се изолирани за да се избегне ризикот од инфекција. Успешната мисија топло ја поздрави и тајландската премиерка Катрин Јакобсдоти, која изјави дека денеска победиле надежта, сочувството и храброста. Восхитот на храбрите фудбалери и нивниот тренер ги предизвика и холивудските продуценти веднаш да се фатат за работа и да подготват филм со приказната за спасувачката акција.

Како ќе се реши проблемот со извозот на земјоделски производи на Косово?

Времената рамка на Косово за повисоки царини од 30% за овошје и зеленчук предизвика хаос во регионот.

Петти ден земјоделците немаат каде да ги извезуваат своите производи. Извозот од ден во ден е се помал. Им се закануваат огромни штети.

В среда во Белград ресорните министри на земјите од регионот на итен состанок ќе бараат лек за проблемот. Најавија и контра-мерки. Македонија веќе испрати и допис до ЦЕФТА  и ЕУ потенцирајќи дека мерката е неаргументирана.

Во меѓувреме српскиот министер за трговија Расим Љајиќ и порача на Приштина да се одлучи дали е или не е ЦЕФТА потписничка.

Косовската времена мерка ќе трае три месеци. Со неа, за 30% се зголемуваат царините за увезеното овошје и зеленчук. Опфаќа 21 сорта од земјоделските производи и важи за сите држави кои увезуваат во Косово.

Најпогодени, според министерството за земјоделство, се доматите, пиперките и сливите.

Иран: Најмалку 25 лица повредени во земјотресот

Најмалку 25 лица се повредени во земјотресот со јачина од 5,9 степени по Рихтер, кој денеска го погоди западен Иран, неколку часа откако два земјотреси ја потресоа јужната провинција Хормозган.

Гувернерот на западната провинција Керманшах, Хусанг Базванд, изјави дека 25 лица се повредени и дека, за среќа, нема информации за мртви.

Претходно денеска, јужниот дел на Иран беше погоден од земјотреси со јачина од 4,7 степени и 5,7 степени според Рихтеровата скала.

Во тие потреси немаше повредени, а предизвикана е помала материјална штета.

притисни ентер