Лажен саудиски принц “паднал“ поради сланината

Американски измамник, кој околу 30 години се претставувал како саудиски принц, го оддала неговата љубов спрема сланината, пишува „Дејли меил“.

Ентони Жињак, се родил во Колумбија, но го посвоило американско семејство и израснал во САД. За измамата бил осуден во 2008 година, бидејќи нанел штета на хотел и неколку компании во висина од 10 илјади долари. Уште тогаш се претставувал како принц и правел измами во околината.

Во текот на процесот откриено е дека мажот манипулирал со луѓето од 1991 година, со помош на лажниот идентитет. Тој веќе тогаш имал пентхаус во Мајами и голем број на раскошни автомобили. Во овој случај одлучено е да биде ослободен со кауција.

Последната епизода која довела до суд се случила во март 2017 година.

Еден од вработените кај Жињак се поврзал со американскиот претприемач Џефри Сафер.

Тој го известил дека принцот наследник на Саудиска Арабија сака да вложи 440 милиони долари во летувалиштето на Сафер.

Американецот поверувал и го повикал принцот на гости. Измамникот дошол во најново ферари со дипломатски таблички (купени на Ибеј). Во август самиот Сафер гостувал во пентхаусот на Жињак. За време на таа средба “принцот“ му покажал лажно писмо од банка во Дуба која гарантира 600 милиони долари.

Истиот месец тие се сретнале во Аспен. Таму Сафер за прв пат почувствувал дека нешто не е во ред. Тој забележал дека инвеститор од муслиманска земја јаде свинско. Инвеститорот побарал од службата за безбедност да го провери измамникот и тој веднаш бил откриен.

После жалбата на Сафер, полицијата во Флорида покренала сопствена истрага. Во ноември 2017 година Жињак е уапсен на аеродром на кој дошол под лажно име. Во неговиот пентхаус пронајдени се визиткарти со различни имиња, лажни дипломатски броеви, кредитни картички, илјадници долари.

Никој не е рамнодушен на нејзините бујни гради (фото)

Американскиот модел и фитнес инструктор ги воодушевува своите следбеници со бујните гради и згодното тело.

Дениз Милани е една од бројните ѕвезди-убавици на Инстаграм, но тоа што ја прави поинаква се нејзините бујни гради на кои им завидуваат сите жени ширум светот.

Дениз на Истраграм ја следат повеќе од 600 илјади луѓе.

Холивудскиот актер ја запроси пејачката со сличен прстен со каков што ја вери поранешната жена (фото)

Познатиот актер Орландо Блум на Денот на вљубените ја запроси пејачката Кети Пери.

Радосните вести пејачката ги сподели со своите обожаватели на Инстаграм покажувајќи го својот преубав свршенички прстен.

Прстенот е вреден околу 5 милиони долари, а странските медиуми пренесуваат дека е многу  сличен по изгледот на оној со кој Орландо Блум ја запроси својата поранешна сопруга, манекенката Миранда Кер со која го има синот Флин.

 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

full bloom

A post shared by KATY PERRY (@katyperry) on

Во 2010 година актерот ја вери манекенката со многу сличен прстен во облик на цвет. Парот се забавуваше од 2007 година, а се венчаа во 2010 година. Наредната година го добија синот Флин.

Во 2013 година Миранда и Орландо се разведоа, а таа во 2017 година се омажи за основачот на Снепчет Еван Шпигел, а новото семејство го збогати за уште еден член, синот Харт.

Ни Орландо не тагуваше долго за поранешниот брак. Пред три години започна врска со Кети Пери, а иако се разделија во 2017 година, парот сепак ја одржа љубовта и сега ја круниса со веридба.

Orlando Bloom gave Katy Perry and Miranda Kerr similar rings.

Костимите за капење се премали за нејзините гради: Одбра проѕирна тантела која открива се (фото)

Сексапилната Линдзи Пелаз е една од најпосакуваните жени на светот.

Оваа убавица е позната по своите бујни гради кои ги “пакува“ во минијатурни костими за капење, а за промена на последните фотографии облекла боди од проѕирна тантела.

Освен што на светот му ги покажа своите гради, бодито откри и многу повеќе.

Нејзината популарност постојано расте, а таа ужива во секој момент од животот, наведуваат американските медиуми.

Оваа убавица на Инстаграм ја следат повеќе од осум милиони фанови ширум светот.

притисни ентер