Објавен оглас за распределба на 53 социјални станови

 Министерството за транспорт и врски денеска објави оглас за распределба на 53 станови за социјално најранливи категории граѓани, од кои 43 стана во Кочани и 10 во Македонски брод.

На огласот, што е отворен до 6 август, се распределуваат станови со површина од 35 до 45 метри квадратни, изградени преку Програма за изградба и одржување станови во сопственост на државата.

За становите ќе можат да аплицираат седум социјално ранливи категории граѓани, како што се деца без родители или родителска грижа над 18 години кои дотогаш биле згрижени во институции и други облици за згрижување по тој основ и корисници на социјална или постојана парична помош и лица погодени од елементарни-природни непогоди без разлика на правниот статус на нивните постојни (примарни) живеалишта. Дел од тие категории се и инвалидни лица и лица на кои им е потребна помош и грижа од друго лице и семејства со инвалидизирани лица, припадници на Ромската заедница социјално загрозени, самохрани родители со малолетни деца и слепи лица корисници на социјална или постојана парична помош

- Социјалните станови ќе се распределуваат во транспаретна постапка преку електронска распределба согласно Методологијата за бодирање на кандидати за добивање социјален стан под закуп. Предност при добивањето на стан ќе имаат децата без родители или родителска грижа –лица над 18 години кои до својата осумнаесетта година биле згрижени во институции и други облици за згрижување за деца без родители, рече на прес-конференција министерот за трансппрт и врски Горан Сугарески.

Лицата кои ќе аплицираат треба да бидат државјани на Македонија, со постојано место на живеење во општината каде е изграден социјалниот стан и да не поседуваат стан во лична сопственост, на брачниот другар и на полнолетните членови на неговото заедничко домаќинство на територијата на државава.

Потребната документација се поднесува во меѓуопштинските центри за социјална работа во општините за каде се однесува огласот, а службениците од тие институции се обврзани да помогнат при комплетирањето на документите на лицата кои не се во можност да го направат тоа.

Како што укажа Сугарески, подносителот на барање за добивање социјален стан може да поднесе документација и да аплицира само за една од седумте категории корисници. Доколку лицето или некој од членовите на неговото заедничко домаќинство аплицира во повеќе од една од категориите на корисници, сите поднесени обрасци ќе бидат отфрлени.

Со Програмата за изградба и одржување станови во сопственост на РМ годинава треба да бидат завршени 41 стан во Струмица и 70 во Гостивар. За нив се завршени 90 проценти од предвидените работи.

Воедно, во Скопје е во тек постапка за издавање одобрение за градење за 312 станови, се подготвува јавна набавка за избор на компанија за изградба на 48 станови во Пробиштип, за 62 стана во Неготино се врши проектирање, и се дополнува проектната документација за 34 станови во Пехчево, за 54 во Свети Николе и за 39 во Виница.

Во тек на 2019 и 2020 година се планира изградба на 355 социјални станови во Скопје, Гевгелија, Куманово, Дебар, Велес и Тетово.

Преку Програмата досега се изградени 731 стан во 15 општини.

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 427 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа  во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 427 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 32 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 42 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 22 пациенти, во Велес се лекуваат 27 болен, а во Куманово 61 пациент позитивен и суспектен на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 55 пациенти, во Прилеп 68, во ковид центарот во Гостивар 4, а во Струга 19 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 21 пациент, во Кочани 5 во Кичево 8, Кавадарци 45, во Гевгелија 5 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 669 и има околу 380 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Министерство за здравство

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 36 пациенти

Вкупно се лекуваaт 242 болни, сомнителни и потврдени за КОВИД-19.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 36 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 242 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 13 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 12 нови приеми на пациенти и 10 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле бил примен еден пациент.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 42 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 11 пациенти, на Клиниката за неврологија 24 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 35 пациенти со симтоми на корона вирусот.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 74 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 82 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 12 пациенти. На ГАК има 4 хоспитализирани ковид позитивни пациентки.

Вкупно 242 пациенти потврдени и сомнителени за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 80 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имаат потреба од кислородна поддршка.

Министерство за здравство

Трет обид за формирање Младински совет во Кочани

Општина Кочани објави нов јавен повик за номинирање членови на Иницијативен одбор кој ќе учествува конституирањето на Младински совет, откако претходните две постапки беа неуспешни.

Повикот се однесува на младински организации, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување, кои треба да поднесат пријава до локалната самоуправа со која ќе номинираат свои претставници.

-Конституирањето на Локалното собрание за млади на Општина Кочани е постапка утврдена со Законот за младинско учество и младински политики, при што кандидатите за членови треба да се жители на општината. Иницијативниот одбор се формира за да се одржи конститутивното собрание на млади. Неговата работа завршува со свикување на првото собрание. Младинскиот совет е тело кое треба да помогне во афирмацијата на младите луѓе во општината и активностите што треба да ги вклучат во идниот политички, општествен и социјален развој на локално ниво, истакнуваат од правниот сектор на Општина Кочани.

Пријавувањето на јавниот повик трае до 5 март, а потребните документи, начинот, рокот и местото на поднесување се опишани на веб-страницата на Општина Кочани.

Првичните активности за оформување на Младинскиот совет беа почнати пред околу седум години, но заложбите на тогашното раководство во локалната самоуправа останаа без успех. /МИА

притисни ентер