Доцнењето на аерозапрашувањето ги наполни амбулантите

Инвазија од комарци во Скопје. Здодевните мали инсекти деновиве предизвикаа големи отоци и непрекинато чешање, а  дел од граѓаните ги одведе на доктор.

Кожниот доктор Дејан Филиповиќ од поликлиникта „Битпазар“, вели дека се зголемил бројот на пациенти со отоци од каснување на комарец.

Граѓаните велат дека не може да излезат надвор на прошетка без претходна подоготовка од мачкање на креми и прскање со спрејови против комарци. Велат оваа година најмногу има комарци.

Од Град Скопје со кратко соопштение претходните два дена се прскало против комарци и доколку времето дозволи ќе продолжи прскањето. Пчеларите навреме да превземат мерки за заштита.

Во писмено соопштение до Канал 5 обајснуваат причините за доцнењето се процедурални и административни причини, поточно поради спроведување на јавната набавка , како и потребата да поминат сите рокови за доставени жалби.

Во текот на адмнистративната постапка, беше побарано дополнително мислење од соодветна здравствена институција околу средството кое треба да се употреби при прскањето.

Доктори од институтот за јавно здравје објаснуваат дека првото прскање требало да биде во март, кога комарците се ларви, а во овој период првото прскање да биде во терминот кога треба да биде третото прскање ларвите комарци станале авиони боинг.

Од институтот велат дека административните процедури се пропуст на градот и дека имало време, навреме да се започнат сите постапки.

Зеленски: Руската инвазија е катастрофална грешка на Москва

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека „руската инвазија на неговата земја е катастрофална грешка“, откако Русија објави стратешка победа во Мариупол. 

Зборувајќи од Киев, Зеленски рече дека „потврдено е дека инвазијата била апсолутна грешка“ и тврди дека руската армија останала без проектили со кои ги нападнала украинските војници. Тој ги критикуваше руските лидери, за кои рече дека се плашат да признаат дека „на највисоко воено и државно ниво се направени катастрофални грешки“, објави Би-Би-Си.

Украинскиот лидер ја обвини Москва дека ги принудува младите, неискусни војници на линијата на фронтот и ги турка во битка „како топовско месо“.

По Макрон, и Мишел предлага „Европска геополитичка заедница“, резервна варијанта за З. Балкан

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, предлага формирање на, како што тој ја нарекува, „Европска геополитичка заедница“.

Заедница која ќе се стреми кон „конвергенција и продлабочување на оперативната соработка за справување со заедничките предизвици, мирот, стабилноста и безбедноста на нашиот континент“.

Групата би ја сочинувале земјите од Западен Балкан и земјите партнери на ЕУ од истокот, кои се или кандидати за пристап во блокот или се стремат да станат такви.

„Ќе предложам да се одржи конференција околу или по летото“, напиша Мишел на Твитер.

„Францускиот претседател Макрон претходно ја промовира идејата за формирање „Европска политичка заедница“ која ќе ги вклучува Украина и Британија.

Клучните вредности во областите на политичката соработка, безбедноста, енергетската соработка, сообраќајот, инвестициите во инфраструктурата.

Фото: Градските приказни на КУД Илинден, подвижен музеј на градот Битола

Градските приказни на ансамблот ИЛИНДЕН, беа изведени на целовечерен концерт под наслов „Битола е градот” во Офицерски дом. 

Изминаа повеќе од 67 години, откако ансамблот на народни песни и игри ИЛИНДЕН од Битола, започна да ја чува, негува и да ја шири нашата традиција. Низ сите тие години светот се менуваше околу нас, но ИЛИНДЕН секогаш го чувал највредното. Помеѓу тие бисери се „Градските приказни“ кои се подвижен музеј за овој град.

Ансамблот ИЛИНДЕН е тука да го спои сѐ она што се менува и сѐ она што треба да остане исто. Ние сме врската помеѓу минатото и иднината. Тука сме да бидеме чувар на наследството, но и животворец на Битола низ песни и игри, затоа што Битола е градот, стоеше на најавата со плакат кој за овој настан го дизајнираше Сергеј Светозарев.

-„Битола е градот“, а КУД Илинден е синонимот за Битола. Најстар фолклорен ансамбл, едно од најстарите здруженија во Битола и нашата татковина, без прекин на континуитетот. КУД Илинден 67 години е амбасадор на Македонија во светот, се разбира и на сцените низ нашата држава. Сме настапувале од САД на Запад до Јордан на Исток, низ цела Европа, Австралија, Русија...Минатата година бевме дел од 6-тата светска фоклоријада во Уфа, Русија, како претставници на Македонија. Овој проект е нераскинливо врзан за нашиот ансамбл. Сите сцени на „Градските приказни„ се предизвик за нас, а Офицерскиот дом и како архитектура и како историја е место каде се спојуваат истокот и западот. Идеален простор каде можат да се претстават и Ала Турка и Ала Франга традициите преку непроценливи костими, песни и игри. Беше повеќе од предизвик да ги раскажеме нашите градски приказни токму на оваа локација, бидејќи ние сме еден од ретките ансамбли кои ги има градските игри, во формат на целовечерен концерт, вели Александар Стефановски, уметнички раковител на КУД Илинден.

Овој концерт, на барање на публиката ќе се одржи уште неколку пати, а веќе пристигнуваат покани за настапи на други сцени и на еден голем интернационален настан во организација на една од амбасадите во Македонија, за што ќе следуваат наскоро детали.

притисни ентер