Во Мексико продадени рекорден број на блиндирани автомобили

Во земјата во кој во 2017 година се случиле повеќе од 25000 убиства,Мексико  продажбата на автомобили со балистичка заштита доживеа огромен пораст.

Бранот на криминал кој го зафати Мексико последните години се уште не запира, а рекордниот број на убиства од лани, годинава за жал се очекува да биде надминат.

Како последица на огромниот број на убиства, во пораст е продажбата на блиндирани автомобили, кои донекаде им пружаат заштита на оние кои се чувствуваат загрозени и кои се плашат од вооружен напад.

Во 2018 година продажбата на блиндирани автомобили е зголемена за 10 проценти, во првите 5 месеци од годината купени се 3284 вакви автомобили.

Побарувачката за автомобили „отпорни на куршуми“ е толку голема што производителите започнаа да изработуваат вакви специфични возила во своите мексикански фабрики.

Ауди веќе започна да ја скопува својата блиндирана верзија на СУВ „Q5“моделот во Мексико. Овој џип на Ауди во Мексико се продава по цена од 87 000 долари.

Се проценува дека купувачите на овиј начин заштетдуваат околу 10 000 долари, при што имаат и фабричка гаранција за својот автомобил.

Блиндирани автомобили не купуваат само оние кои се плашат дека ќе бидат убиени туку и поединци и фирми кои страхуваат дека ќе ббидат киднапирани или ограбени.

Променливо облачно со повремен дожд и посвежо, до 18 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, претежно во јужните делови. 

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната од 10 до 18 степени.

Во Скопје променливо облачно и посвежо со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 17 степени.

Според УХМР, за време на викендот ќе се задржи променливо облачно и посвежо време. Во недела на повеќе места ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и услови за појава на изолирана нестабилност со грмежи. Поради спуштање на постудена воздушна маса на планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на повисоките планини ќе се формира нова снежна покривка.

Дневен хороскоп за 19.април 2024 година

Дневен хороскоп за петок, 19. април 2024 година. 

Овен 21.3-20.4.

Љубов

На некои ќе им биде жал што не се воздржаа кога требаше. Сега поправаат она што може да се среди во односто со саканата личност.

Кариера

Работата со луѓето напредува , но и тука треба да покажете реалност и професионалност. Секој пропуст два пати ќе ви го мерат.

Здравје и совет

Бидете искрени кон себе и кон другите.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

вашите љубовни изливи не ви се пријатни ниту на вас ниту на другата страна. обидете се да го сведете вашиот занес на разумна мерка.

Кариера

Доколку се занимавате со уметност или работаод дома, веројатно ќе дојдете до контруктивно решение на еден проблем.

Здравје и совет

Емотивна нерамнотежа.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Веројатно максимално ќе се посветите на работата , зашто таа ќе ве извлече од личните предизвици , што би можеле да доведат до кавга или љубомора.

Кариера

На повидок е контруктивна соработка меѓу вашите подредени и шефовите , а вие ќе бидете мостот што ќе ги поврзува.

Здравје и совет

Спасот е во работењето.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Вниманието и толеранцијата со која ја опсипувате саканата личност , ќе ве изненади ен само неа, туку и вас. вашиот однос се зајакнува.

Кариера

Постојат уште некои финансиски проблеми , кои треба да се решат , а вие тоа лесно чќе го направите. Се ви е јасно.

Здравје и совет

Држете се до законите.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Би било паметно да послушате што ви предлага другата страна. Ќе увидите дека е во право.

Кариера

Преговорите би можеле да завршат со позитивни резултати, а од вас ќе се бара малку повеќе тактичност и дипломатски однос. Потрудете се.

Здравје и совет

Мали нервози.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Продолжуваат деновите на вашата отвореност кон друштвото. Многумина ќе излезат на места и во време кога обично излегуваат . Ќе биде добро .

Кариера

Можеби на моменти ќе ви изгледа како да сте препуштени самите на себе, но не е така. Сосема добо ве контролираат.

Здравје и совет

Јадете повеќе зеленчук.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Важно е работите дас е согледаат во целост. Тогаш ќе ви биде јасно зошто другата страна малку ве критикува.

Кариера

Дозволете им на другите да ви објаснат доколку нешто не ви е јасно. Прашувајте , анализирајте, само не се наметнувајте.

Здравје и совет

Намалете ги калориите.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе измислите нови идеи како да ја обогатите вашата врска. Ќе му предложите на партнерот да излезете на сосема неочекувано место.

Кариера

Ќе најдете добра формула како да се поврзете со соработниците , а никој да не се почувствува искористен или оптоварен со работа.

Здравје и совет

Делата се поважни од зборовите.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Саканата личност час ве нервира , час ве провоцира. Потрудете се да ја заведете и да ја свртите водата кон својата воденица , но пак таа ќе ги влече конците.

Кариера

Чувствувате дека можете повеќе и подобро , но ве попречува невнимателноста во работењето. Сакате повеќе слобода.

Здравје и совет

Најдете компромис.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Вашата љубовна врска добро се развива , а денеска сте способни да читате и меѓу редови. Ќе ги погодувате желбите на партнерот.

Кариера

Сите кои се занимаваат со алтернативни дејности, денеска ќе имаат добивка. Другите успешно ќе ја користат интуицијата во работата.

Здравје и совет

Знаете што ви е потребно за да бидете здрави.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Фазата на надмудрување со заедничките емоции ќе продолжи.Можеби сето тоа ве заморува. Дистанцирајте се.

Кариера

Би можело да дојде до недоразбирање на некои ваши колеги со соработници од странство.Поврзете ги на свој начин.

Здравје и совет

Држете се до професионалните критериуми.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Денеска без никаков проблем ќе ги надминувате сите проблеми и препреки што би можеле да се појават на вашиот пат до целосно задоволство. Ќе успеете.

Кариера

Креативност , леснотија ,забава- сето тоа ќе го почувствувате денеска на работниото место. На некој начин ќе уживате во работата.

Здравје и совет

Немојте да се противите .

притисни ентер