Арсовски: СДСМ ги потценува граѓаните со намалувањето на цената на струјата од само 0,1 отсто

СДСМ ги потценува граѓаните и си поигрува со нивната интелигенција.

Намалувањето на цената на електричната енергија од само 0,1 отсто е доказ како Зоран Заев го подразбира подобрувањето на стандардот на граѓаните кои што го ветуваше.

Сите оние кои плаќале струја по 3000 денари со „огромното достигнување“ на Зоран Заев и со „подобреното работење“ на ЕЛЕМ, ќе плаќаат по 2997 денари, односно за цели 3 денари помалку. На годишно ниво, со ваквиот успех на Владата на Заев, граѓаните ќе заштедат цели 36 денари.

Да не беше трагично ќе беше смешно. Меѓутоа, пред неполни две години, истиот Зоран Заев и истиот СДСМ побараа намалување на електричната енергија за цели 30%. Нивниот аргумент беше дека цената на регионалните берзи била ниска и Регулаторната комисија морала да го земе предвид тој факт и да донесе одлука со која што би се намалила цената на струјата за една третина. Послушниците на Заев, тогаш се подбиваа со одлуката на комисијата која што ја намали цената за 0,33% или тројно повеќе од тоа што е намалена сега.

Цената на електричната енергија на регионалните берзи е приближно иста како што била во јуни 2016 година. Згора на тоа ЕЛЕМ се пофали со намалување на трошоците и зголемување на профитот на компанијата.

Оттаму, отворено се поставува прашањето зошто Зоран Заев сега не го исполни ветеното, односно не го реализира тоа што го бараше во 2016 година? Граѓаните прашуваат, зошто Зоран Заев не ја намали струјата за 30% како што ветуваше пред да дојде на власт? Каде одат парите кои СДСМ им ги зема на граѓаните? Дали граѓаните ги плаќаат сомнителните милионски тендери за ископ на руда за РЕК Битола? Колку пари ги чинат граѓаните струмичките камиони кои секојдневно влегуваат и излегуваат од РЕК Битола? Колку од овие пари завршуваат во семејството Заеви кои биле сопственици на овие камиони за кои што претходно јавноста можеше да види од нашите прес конференции? Колку од овие пари завршуваат во фирмите донатори на СДСМ како што е Делукс Ауто од Куманово? Уште колку тендери за набавки на возила или скапи неспособни советници ќе плаќаат граѓаните од нивните пари?

Време е да се стави крај на лагите, расипништвото и неспособноста на оваа власт. Зоран Заев може да обезбеди подобар живот, но може само за Вице и за криминалниот картел на власт и затоа Зоран Заев мора веднаш да си замине.

Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Путин се фокусира на миграцијата за да ја дестабилизира Финска, нагласи Фон дер Лајен

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска нагласи дека Русија сега ги фокусира своите хибридни напади врз соседна Финска, користејќи мигранти за да се обиде да ја дестабилизира таа држава.

Нордиската земја ја затвори својата источна граница во средината на декември, откако речиси 1.000 мигранти пристигнаа без виза преку нејзините гранични премини со Русија од август.

Двата соседа делат 1.340 километри граница, а Хелсинки рече дека порастот на баратели на азил е организиран од Русија, обвинение што Москва го негира.

„Од хибридниот напад што Белорусија го започна во ноември 2021 година против Летонија, Полска и Литванија, сите знаеме како Путин и неговите сојузници ги инструментализираа мигрантите да ја тестираат нашата одбрана и да се обидат да не дестабилизираат. Сега Путин се фокусира на Финска“, изкави Фон дер Лајен.

Таа говореше по средбата со финскиот премиер Петри Орпо во финскиот град Лапеенранта, околу 30 километри од руската граница, каде разговараа за тоа „што можат Финска и ЕУ да направат за да спречат инструментализирана миграција кон источната граница на Финска“, се вели во соопштението./МИА

Руси поставија светски рекорд со скок со падобран

Истражувачи од Русија минатата недела поставија светски рекорд со скок со падобран спуштајќи од Земјината стратосфера над Северниот Пол. 

Мисијата служеше и како тест за нов прототип на комуникациски систем за употреба на Арктикот, изјави денеска организаторот Никита Цаплин.

Падобранците Михаил Корниенко, Александар Линик и Денис Јефремов скокнаа од авион „Иљушин-76“ на височина од 10.500 метри и слободно паѓаа две и пол минути пред да ги отворат своите падобрани на 1.000 метри од земјата. Сите тројца падобранци паѓаа со брзина од повеќе од 300 километри на час, на температура некаде и околу -50 Целзиусови степени, според Цаплин.

Михаил, Александар и Денис слетале во близина на руската поларна база „Барнео“.

Инаку, стратосферата е слој од атмосферата на Земјата којшто се протега од 10 километри (околу 8 километри на Земјините полови) до 55 километри. Комуникациите на Арктикот ќе стануваат сè поважни бидејќи Русија, САД и Кина се натпреваруваат за ресурси, трговски патишта и воена предност.

- Нашето решение засега е прототип, но сепак се поврзавме со сателитот од нашиот сервер и го извршивме преносот на податоци... Направивме мали чекори во таа насока и тоа беше нашата задача, рече Цаплин.

Компанијата, или системот „Иридиум“ - именувани по реткиот хемиски елемент, работи така што сателитите за комуникација се поставуваат во ниската орбита на Земјата - на височина од околу 781 километар (наместо вообичаените 33.000 км). На тој нов современ начин податоците се пренесуваат на помалите компактни уреди за илјадити дел од секундата. /МИА

В недела евакуација на жителите на Ниш поради неутрализирање бомба

Во Ниш, в недела ќе биде уништена голема бомба останата од бомбардирањето на НАТО во 1999 година, пронајдена пред четири дена на градилиште при доградбата на Научниот технолошки парк.

Поради таа причина, беше објавена наредба за евакуација на жителите од големиот градски кварт во реонот на северниот дел на тврдината Ниш.

Градскиот штаб за вонредни состојби на градот Ниш во наредбата ги наведува и мерките што граѓаните треба да ги преземат од недела во седум часот наутро, до завршување на акцијата за неутрализирање на бомбата.

За да се заштити животот и здравјето на луѓето и животните, потребно е граѓаните во недела, најдоцна до седум часот наутро, да ги напуштат објектите и со себе да ги земат своите миленици. Забрането е враќање на граѓаните во своите домови до завршување на акцијата на уништување, односно додека не добијат дозвола од надлежните да се вратат.

Пронајдената бомба, останата од бомбардирањето на НАТО во пролетта 1999 година, според „Политика“, тежи еден тон и содржи околу 400 килограми експлозив. /МИА

притисни ентер