Колку чини животот? До каде сме со трансплантациите?

Пред два месеци мојата спруга ми подари нов живот. 

Тогаш ми даде дел од нејзиниот црн дроб, а денеска сила и надеж дека продолжуваме нормално со животот со нашите деца, раскажа Мурат Озро на конферецнија за важноста на трансплантацијата на орани во Истанбул.

„Отидов на преглед и ми констатираа заболување на црниот дроб, мораше итна транспнатација. Мојата жена беше донор, немаше кој“ истакна Мурат Озро.

„На почеток се плашев, но сега е добро и неговото и моето здравје. Нашите деца растат со нас, тоа е најважно„ вели Осла Озро.

Но, не секогаш може да помогне член до семејството. Во многу случаи и од друг човек органите може да спасат живот. Во Истанбул се организираше конференција за трансплантација на органи. Голем акцент во презентациите беа и донациите на органи од мртов човек. Се уште е догма да се подарат органите од мртов член од семејството. Но, овие органи може да значат продолжување на животот на друг човек.

Во Турција минатата година имало околу 4 илјади трансплантации на бубрези и околу 3 илјади трансплантации од црн дроб од мртов човек. Трансплатнираната вагина од кадеварик е последната успешна операција од мртов човек.

Во Турција се прават трансплантации и на екстремитети од починат донор. Во Македонија се уште има само трансплантација на бубрег од жив донор, но најчесто граѓаните патуваат до Турција, Хрватска или Германија.

Жена го прозва Путин, додека се шета низ Мариупол: Ова е лага, сѐ е само претстава (ВИДЕО)

Рускиот претседател Владимир Путин вчера ненадејно го посети окупираниот украински град Мариупол, само неколку дена откако Меѓународниот кривичен суд издаде налог за негово апсење.

На видеото од средбата на Путин со локалните жители, споделено од руските државни медиуми, се слуша како личност во позадина вика: „Ова е лага, ова е само шоу“. Придружбата на Путин брзо реагирала и се обидела да ја пронајде личноста која викала, пишува CNN.

Во истото видео, станарка го опишува блискиот блок како „парче од рајот“, на што Путин одговара дека планираат да го прошират.

„Толку пати те видовме на телевизија“, рекол еден од жителите, на што Путин одговорил: „Треба да почнеме подобро да се запознаваме“.

Мариупол ги виде некои од најжестоките борби во војната и често се користи за пропагандни цели откако Москва го зазеде минатата година.

Сателитските снимки од мај минатата година покажаа обемни ископувања и расчистување на урнатините низ градот, вклучувајќи го и бомбардираниот театар во Мариупол. Во следните месеци, руските државни медиуми објавија снимки од обновените области, а Путин најави дека ќе го обнови целиот град.

Извештаите за планирани судења кружеа минатиот август, откако руските медиуми објавија слики од кафези во салата на филхармонијата во Мариупол, кои очигледно биле наменети за украинските воени затвореници од железарницата Азовстал.

Членките на ЕУ планираат да ѝ испорачаат милион артилериски гранати на Украина

Членките на Европската унија планираат да ѝ достават на Украина еден милион парчиња артилериска муниција во следните 12 месеци, изјавија денеска дипломати на ЕУ за ДПА.

Земјите треба веднаш да започнат со снабдување со муниција за Украина од нивните постоечки залихи. Дополнително, во следните шест месеци, членките на ЕУ треба заеднички да набават повеќе гранати од калибар 155 мм за да ѝ помогнат на Украина на долг рок.

За испорака на муниција, земјите-членки треба да добијат делумна компензација преку фондот на ЕУ, кој се користи за финансирање на испораките на оружје во Киев во последните месеци.

Според постојните планови, се предвидува дека за испраќање муниција во Киев ќе бидат достапни вкупно две милијарди евра. Договорот е склучен поради стравувањата дека на Украина релативно наскоро би можело да ѝ недостасува значително количество важни видови муниција.

Министрите за надворешни работи на ЕУ одобрија трифазен акционен план, чија цел е да се снабдат украинските сили со најмалку еден милион гранати од 155 милиметри и да се надополнат стратешките резерви на земјите од ЕУ, од кои некои се речиси целосно исцрпени, изјавија претставниците на петте делегации.

Договорот го поздрави шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба, кој на средбата учествувал преку видео-конференција. „Повеќе артилериска муниција за Украина што е можно поскоро. Ова беше главната тема на разговор на денешниот Совет за надворешни работи на ЕУ“, напиша Кулеба на Твитер, додавајќи дека договорот „ќе ги зајакне способностите на украинските воени сили на бојното поле“.

Договорот, кој ќе им биде претставен на лидерите на ЕУ на самитот во четврток и петок, е одговор на итниот апел испратен од украинскиот претседател Володимир Зеленски на 9 март.

Милијарда евра ќе бидат искористени како компензација на земјите-членки за муниција што ќе биде земена од нивните магацини по цена од 1.000 до 1.300 евра за граната. Некои од нив денеска чинат и по 4.000 евра, се појасни, со напомена дека цените растат.

Договорот предвидува испорака до 31 мај.

Уште милијарда евра ќе бидат искористени за заедничка набавка на гранати од 155 милиметри наменети за Украина. Склучувањето на договорот е предвидено за септември со цел да се намали времето на испорака на 6 до 8 месеци.

Целта на третиот дел од планот е да се зголемат производствените капацитети на десетина компании од ЕУ кои произведуваат оружје со цел „да се надополнат залихите на земјите од ЕУ и да се продолжи со снабдување на украинските сили“.

Две милијарди евра ќе бидат повлечени од Европскиот мировен фонд (ЕПФ), вонбуџетскиот финансиски инструмент на Европската унија кој ја подобрува способноста на ЕУ да дејствува како глобален обезбедувач на безбедност.

ЕПФ е основана во март 2021 година за да го зачува мирот, да спречи конфликти и да ја зајакне меѓународната безбедност. Од почетокот на војната се користи за снабдување на Украина со оружје.

Постигнат е начелен договор за доделување дополнителни средства во износ од 3,5 милијарди евра за дополнување на Објектот, прецизираат дипломатите.

Ѓукановиќ е фаворит пред вториот круг претседателски избори во Црна Гора, потврди ДИК

Државната изборна комисија (ДИК) на вечерашната седница ги утврди привремените резултати од првиот круг од претседателските избори што се одржаа вчера во Црна Гора.

Според привремените резултати на ДИК, од 100 отсто обработени гласови, актуелниот претседател на Црна Гора и Демократската партија на социјалистите (ДПС) Мило Ѓукановиќ освоил 35,37 отсто од гласовите (или 119.673 гласови), заменик претседателот на Движењето Европа сега (ПЕС) Јаков Милатовиќ 28,92 (97.858) и еден од фаворитите на Демократскиот фронт (ДФ), Андрија Мандиќ, 19,32 отсто (65.386).

Лидерот на демократите Алекса Бечиќ освоил 11,10 отсто (37.562), пратеникот на Социјалдемократската партија (СДП) Драгиња Вуксановиќ Станковиќ 3,15 отсто (10.669), претседателот на Обединета Црна Гора Горан Даниловиќ освоил 1,38 отсто (46, додека независниот кандидат Јован Радуловиќ освоил 0,76 отсто (2.574).

ДИК утврдил дека вкупниот број на важечки ливчиња на изборите изнесувал 338.381, пишува Вијести.

Ѓукановиќ и Милатовиќ се пласираа во вториот круг од претседателските избори што ќе се одржат на 2 април.

притисни ентер