Колку чини животот? До каде сме со трансплантациите?

Пред два месеци мојата спруга ми подари нов живот. 

Тогаш ми даде дел од нејзиниот црн дроб, а денеска сила и надеж дека продолжуваме  нормално со животот со нашите деца, раскажа Мурат Озро на конферецнија за важноста на трансплантацијата на орани во Истанбул.

„Отидов на преглед и ми констатираа заболување на црниот дроб, мораше итна транспнатација. Мојата жена беше донор, немаше кој“ истакна Мурат Озро.

„На почеток се плашев, но сега е добро и неговото и моето здравје. Нашите деца растат со нас, тоа е најважно„ вели Осла Озро.

Но, не секогаш може да помогне член до семејството. Во многу случаи и од друг човек органите може да спасат живот. Во Истанбул се организираше конференција за трансплантација на органи. Голем акцент во презентациите беа и донациите на органи од мртов човек. Се уште е догма да се подарат органите од мртов член од семејството. Но, овие органи може да значат продолжување на животот на друг човек.

Во Турција минатата година имало околу 4 илјади трансплантации на бубрези и околу 3 илјади трансплантации од црн дроб од мртов човек. Трансплатнираната вагина од кадеварик е последната успешна операција од мртов човек.

Во Турција се прават трансплантации и на екстремитети од починат донор. Во Македонија се уште има само трансплантација на бубрег од жив донор, но најчесто граѓаните патуваат до Турција, Хрватска или Германија.

притисни ентер