Ова дерби се рангира како едно од најголемите во Јужна Америка, но и во светот, а особено е интересно поради историјата и влијанието на наркокартелите, но и најголемиот нарко бос на сите времиња, Пабло Ескобар, кој своевремено управуваше еден од овие два клуба - Атлетико Национал.
Дека во Колумбија не е безбедно ниту на фудбалски терен, можевме да видиме на овој натпревар, каде што беше забележана шокантна сцена.
Во самиот финиш на натпреварот, кој на крајот заврши со резултат 2:2, кога играчот на Атлетико, Пабло Чепелини се подготвуваше да изведе корнер, од трибините кон него полета нож и го удри во глава. Веднаш се наведна со болна гримаса на лицето, а до него беше судијката, која ножот за среќа ја промаши, откако се одби од Чапелини.
Интересно, Чепелини реши веднаш да стане и да го продолжи мечот, како ништо да не се случило, само за натпреварот да дојде до крајот, иако го имаше секое право на светот да остане на земја и да побара од судијата да го прекине натпреварот , што ќе му дадеше на неговиот тим три бода.