Столтенберг: Вратата на НАТО е отворена, а вие сте на прагот

Очекувам лидерите на земјите членки на НАТО на Самитот на 11 и 12 јули да ве поканат да почнете раговори за пристапување, истакна генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенеберг.

Очекувам лидерите на земјите членки на НАТО на Самитот на 11 и 12 јули да ве поканат да почнете раговори за пристапување, истакна генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенеберг на заедничкаат прес-конференција со макеоднскиот премиер Зоран Заев во Брисел.

Столтенеберг го поздрави договорот меѓу Македонија и Грција, оценувајќи го како огромно постигнување и пример за другите во регионот.

- Проблемот за името беше сенка над регионот долго време, но сега договорот е пример за сите на соработка. Вратата на НАТО е отворена, а вие сте на прагот. Сакаме да ја видиме Македонија во стабилен и просперитетен регион, порача Столтенберг.

Нагласи дека, сепак, без финализирање на договорот Македонија нема да може да се приклучи во НАТО. Очекува граѓаните на Македонија да ја препознаат шансата и да ја искористат.

- Откако ќе бидат завршени сите обврски од договорот за името ќе станете член на НАТО. Без исполнување на договорот нема да може да станете дел од НАТО, изјави Столтенберг.

Прашан за очекувањата од претстојниот Самит, првиот човек ан НАТО кажа дека верува оти земјата ќе биде поканета да почне пристапни преговори.

- Откако ќе ги завршиме пристапните преговори и ќе биде затворен договорот за името, тогаш земјата ќе стане полноправна членка, рече Столтенберг.

Премиерот Заев рече дека Македонија очекува да стане 30-та членка на НАТО, а нејзиното знаме да се развее на раболите пред седиштето на Алијансата.

Истакна дека Македонија ја чека поканата од 2008 година кога беше заклучен дека ги ги испопклнува сите услови и стандарди за влез во НАТО.

Заев: Среќен сум за успесите што ги постигнавме на домашен и меѓународен план

Тоа го препознаа и граѓаните и ни дадоа доверба за нов мандат.

Во одговор на новинарски прашања, претседателот Зоран Заев денеска истакна дека во изминатите две и пол години се постигнаа значајни успеси на домашен и меѓународен план и тоа претставува мотив СДСМ како одговорна партија да продолжи уште повеќе и уште подобро да работи во интерес на граѓаните и државата.

„Јас сум многу среќен после сите историски одлуки коишто ги донесовме а тоа е решен проблем со Бугарија, решен проблем со Грција, Република Македонија е членка на НАТО, Република Македонија после 15 години доби одлука за почеток на преговори и од претседавачот Германија преку канцеларката Меркел е најавено е дека до крајот на годината за време на германското претседателство ги отвораме првите поглавја. Го донесовме Законот за употребата на јазиците, ја смиривме етнички душата на нашата заедничка земја. Успесите кои што ги постигнавме на меѓународен план беа проследени со сериозни успеси на домашен план, економијата од -1,8% порасна на 3,6%, правосудството направи сериозни исчекори и тоа е нотирано не само од извештаите на Владата, на парламентот туку и од меѓународните организации како што е пред се редовниот извештај од ЕУ. Секако правсудството е нешто на коешто треба уште повеќе да работиме и тоа ќе го сториме", посочи Заев.

Тој порача дека успесите се признаени од целиот свет, но најважно е што тие се препознаени од граѓаните што се потврди на изборите на 15 јули кога СДСМ и Коалицијата „Можеме" ја добија честа и одговорноста за нов мандат.

„На крајот, успесите се дефинирани и со суперлативи од целиот свет, од ООН од ЕУ, НАТО, Стејт Департментот а најголемиот суперлатив дојде од граѓаните. СДСМ, од 2002 година, после 18 години, победи на парламентарни избори. Ова е прва победа како власт, после сите оние крупни одлуки, да добиеме чест за уште еден чист мандат да продолжиме да ги водиме институциите, заклучи Заев.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Невреме во Скопје

Силно невреме го зафати Скопје попладнево. Град со големина на орев паѓа во неколку населби и делови од градот. Во други, невремето е со послаб интензитет.

УХМР претходно најави дека под влијание на циклонска активност времето од утре ќе биде променливо облачно, нестабилно и посвежо со повремени врнежи и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, особено утре и задутре, кога се очекува обилен пороен дожд (над 30 литри на метар квадратен), силен ветер, електрични празнења и изолирана појава на град.

Се очекува и намалување на темепратурите до 28 степени. /МИА

Вонредната супервизија на АЗЛП во ДИК утврди повеќе повреди на прописите за заштита на личните податоци

Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП) во врска со инцидентот што се случи на 15 јули 2020, за денот на изборите на веб страницата на Државната изборна комисија (ДИК) изврши вонредна супервизија во ДИК, соопшти Агенцијата.

– Вонредната супервизија беше извршена по службена должност со цел да се провери и истражи евентуалното нарушување на безбедноста на личните податоци кои ги обработува ДИК, поврзано со инцидентот што се случи вечерта на 15 јули 2020 година, непосредно по одржувањето на вонредните парламентарни избори 2020 година, велат во соопштението.

АЗЛП утврдила повеќе повреди на прописите за заштита на личните податоци од страна на ДИК, бидејќи не применила соодветни технички и организациски мерки во однос на заштитата на веб страниците и информатичката инфраструктура за да обезбеди ниво на безбедност соодветно на ризикот.

– ДИК не извршила тестирање на софтверскиот систем за спроведување на парламентарните избори 2020 година на Дуна ДОО Скопје пред неговото имплементирање или по извршените промени со цел да се провери дали системот обезбедува безбедност на личните податоци согласно прописите за заштита на личните податоци. ДИК при ангажирање на Дуна ДОО Скопје како обработувач, постапила спротивно на прописите за заштита на личните податоци. ДИК при користење на нови технологии за некој вид на обработка (во конкретниот случај софтверскиот систем за спроведување на Парламентарните избори 2020 година на Дуна ДОО Скопје), не извршила проценка на влијанието на предвидените операции на обработката во однос на заштитата на личните податоци, наведуваат од АЗЛП.

ДИК, додаваат, поставува документи со лични податоци на Google Drive и истите ги објавува на своите веб страници, со што врши пренос на личните податоци. Воедно, како што наведуваат од Агенцијата, ДИК ги користи услугите на CloudFlare чија главна инфраструктура е лоцирана надвор од територијата на Република Македонија. Оттука, посочуваат, ДИК постапила спротивно од општото правило за пренос на личните податоци.

– ДИК (како контролор) и Дуна ДОО Скопје (како обработувач) не ја исполниле обврската за известување за нарушување на безбедноста на обработката на личните податоци до АЗЛП. ДИК не ги документирала нарушувањата на безбедноста на личните податоци и немала воспоставено внатрешен процес на евидентирање на нарушувањата на безбедноста на личните податоци. ДИК не ја исполнила обврската за определување на офицер за заштита на личните податоци. ДИК не определила администратор на информацискиот систем, наведуваат од АЗЛП како дел од утврдените повреди од страна на ДИК.

За извршената вонредна супервизија АЗЛП донела решение со мерки за отстранување на утврдените повреди и рокови во кои ДИК треба да постапи и да го усогласи своето работење со прописите за заштита на личните податоци./МИА

притисни ентер