Мицкоски: Mакедонија доби датум за преоценка на состојбите

Сосема спротивни на власта се оценките на опозицијата за одлуката на EУ.. Не добивањето датум веднаш, за ВМРО-ДПМНЕ е рамно на катастрофа.

Не може да се отворат портите кон Европската Унија, а да бидете прогласени за најкорумпирана држава во Европа, држава со најмал економски раст и со судство кое поради политизираноста колабира, а полицијата масовно се злоупотребува рече лидерот на ВМРО - ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес-конференција. Тој посочи дека Македонија не доби датум за преговори, туку датум за преоценка на состојбите.

“ Македонија не доби чиста препорака веднаш, како што впрочем ветуваше Зоран Заев и Владата, туку само надеж дека можеби идната година ова време ќе се исполнат целосно критериумите за определување на датум за преговори.

Македонија цела година ќе мора да тапка во место затоа што согласно извештајот потребно е да се направи прогрес во борбата против корупцијата, суштински реформи во повеќе области и создавање на услови за независно судство. Оваа неспособна влада не ги исполни критериумите и тоа е констатирано. “

Мицкоски го повтори ставот дека договорот за името со Грција е капитулантски и дека ВМРО - ДПМНЕ нема да учествуав во работата на седниците за овој договор.

“ Капитулантскиот договор со Грција нема да им ја заврши домашната работа и да го подобри животот на граѓаните, тој нема да ја направи помалку корумпирана владата и нашето општество ниту да го подобри стандардот на граѓаните. За тоа е потребна работа каква не видовме во период од една година од оваа влада предводена од Зоран Заев и СДСМ. “

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ не сакаше да каже дали ќе повика на бојкот на референдумот и што смета за наводите за измени на законот за референдум. Тој рече дека се уште е рано да се одговара на овие прашања.

Си: Треба да изградиме отворена светска економија

Претседателот на Кина Си Џинпинг го повика светот да ја зајакне макроекономската координација и да ја зајакне улогата на Г-20 во глобалното економско управување, оценувајќи дека заздравувањето од пандемијата е прилично неизвесно.

Говорејќи на виртуелната сесија на Светскиот економски форум, што традиционално се одржуваше во швајцарскиот скијачки центар Давос, Си рече дека глобалните економски изгледи остануваат неизвесни и предупреди дека во иднина може да се повторат кризите во јавното здравство.

Си, на кого ова му е прво обраќање на форумот од 2017 година, кога силно ја поддржа слободната трговија и глобализацијата, овој пат испрати слична порака, залагајќи се за мултилатерализам како излез од сегашните предизвици.

„Треба да изградиме отворена светска економија, да ги отфрлиме дискриминаторските и ексклузивни стандарди, правила и системи и да ги срушиме бариерите за трговијата, инвестициите и размената на технологија“, рече тој.

„Г20, меѓународен форум кој ги обединува 19-те најголеми економии во светот и земјите во подем и Европската унија, треба да се зајакне како голем форум за глобалното економско управување и светот да биде подобро координиран во макроекономската политика“, додаде тој.

Меѓународната заедница треба да се раководи според правилата и консензусот на сите земји, а не една или повеќе од нив да издаваат наредби, заклучи тој без да именува ниту една земја, пишува Ројтерс.

Јутјубер сакал да се пофали , па со Мерцедесот завршил во ограда (ВИДЕО)

На чистината тој успеал да најде ограда и да се забие во неа.

Популарниот јутубер кој стои зад каналот ДДЕ (DailyDrivenExotics), и покрај огромните ресурси и практика, покажал дека неговото возење не оди како што треба. Овој пат, тој го уништил престижниот теренец Mercedes G-Class во издание АМГ. Се разбира, сè е снимено со камера.

Видеото започнува со презентација на колекцијата во која неодамна пристигнал уникатниот Lamborghini Huracan без покрив. Потоа одлучил да се забавува на со палење гуми преку маневри познати како „крофни“, а потоа дошол до идеја да го стори истото со силниот Мерцедес.

Иако се претпоставувало дека G63 AMG ќе се најде на продажба, одлучиле го возат по кал и карпи. По неколку минути забава, Мерцедесот запре од заштитната ограда, а најголемиот дел од штетата е направен од носечки метален столб. Од друга страна, да не бил столбот, Мерцедес многу веројатно ќе завршел превртен на покривот.


Бразилската полиција прекинала забава со 1200 лица, организаторот избегал

Бразилската полиција, среде пандемијата на коронавирус, денеска растури „рејв забава“ на која присуствувале околу 1.200 учесници, пренесува порталот Г1.

Лицето одговорно за организирање на забавата, наводно, избегало.

Претходно, полицијата прекинала неколку помали забави во Сао Хозе дос Пинхаис, во пошироката област Куритиба.

Бразил е едно од најголемите жаришта на пандемијата, а состојбата се влошува со новиот, мутиран сој на вирусот, за кој што се смета дека е повеќе вирулентен од порано.

Во таа најголема земја во Јужна Америка досега се регистрирани околу 8,8 милиони случаи на инфекција, од кои само САД и Индија имаат повеќе заразени.

Околу 217.000 луѓе починале од ковид-19 во Бразил, што е најмногу по Соединетите држави.

Во бразилската држава Парани, чиј главен град е Куритиба, досега биле заразени 520 000 луѓе со коронавирус, а 9,300 починале, пишува информативниот портал Г1.

притисни ентер