ВМРО-ДПМНЕ: Македонија има потреба од реформи, а не од штетни договори

Зоран Заев е сериозна закана по Република Македонија, која мора да биде совладана.

Срамниот капитулантски договор со кој се откажа од името Република Македонија и се што е македонско го правдаше со добивање на датум за преговори само за да ги прикрие сите криминални тендери и зделки.

ЕУ вчера јасно ни даде до знаење дека капитулантските политики на Заев не не придвижуваат ни милиметар на патот кон истата.

Членството во ЕУ бара работа и посветеност, а не трговија со државните интереси. Република Македонија има потреба од реформи, а не од штетни договори.

Зоран Заев е човекот кој трајно ги наруши македонските позиции. Зоран Заев е човекот кој прифати промена на Уставот на сопствената држава, бришење на идентитетот и јазикот. Зоран Заев е човекот кој сака да ги искине корените на сопствениот народ и истото да го претстави како голем успех и бенефит.

Зоран Заев ја разорува државата повеќе од една година. Откако Зоран Заев е на власт државата оди назад. Повеќе од една година е испуштена, период во кој можеа да се направат реформи кои навистина и се нужни на државата, како за членство во ЕУ, така и за самата себе.

Зоран Заев е човекот кој прокоцка повеќе од една година од животот на граѓаните. Зоран Заев е човекот кој прокоцка една година од иднината на Република Македонија. Зоран Заев е човекот кој го наруши угледот на државата до незамисливи граници.

ЕУ даде јасна порака. Република Македонија има потреба од деполитизирани институции, слободно судство и функционален правен систем. Република Македонија има потреба од реални мерки и проекти кои носат подобар живот, а не од штетни договори.

Зоран Заев е зло кое веќе премногу ги чини граѓаните и државата. Зоран Заев е зло кое ја уништува државата. Зоран Заев и СДСМ мора да си заминат за Македонија да тргне напред. Македонија може и ќе победи.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Батлер чека вести за својата повреда: Немам добро чувство...

Бекот на Мајами, Џими Батлер, ќе биде подложен на магнетна резонанца на повреденото десно колено пред да гостува во Чикаго во меч од плеј-инот на НБА.

Конечната одлука нема да биде донесена додека не се прочитаат резултатите од тестовите, а Батлер би можел да пропушти барем неколку недели. Кошаркарот се повреди во првата четвртина од натпреварот против Филаделфија.

- Немам добро чувство, тоа е се што можам да кажам. Се надевам дека сум добро, коментираше Џими Батлер по натпреварот.

Агентот на Батлер, Берни Ли потврди за западните медиуми дека степенот на повредата се уште е нејасен.

Триесет и четири-годишниот бек имаше просек од 20,8 поени на 60 натпревари за Хит оваа сезона. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Чаен колач

Во четврток (18.04.2024) во емисијата гостин ни беше Анета Љумаковска.

Состојки за денешниот рецепт:

3 јајца

2 банани

1 јаболко

1 лажиче мед

1 кесичка прашок за пециво

2 лажици интегрално брашно

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

притисни ентер