СДСМ: Наместо да одговори како станал асистент на својот татко, Мицкоски се сокри зад неговата партија и лажните вести што постојано ги објавува

Христијан Мицкоски и денеска се сокри зад партијата и не одговори на јавно поставените прашања како станал асистент на својот татко, реагираат од СДСМ на прес конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ , Наум Стоилковски.

Тоа доволно потврдува дека е основан сомнежот дека е градена преку семејни врски.

ВМРО ДПМНЕ зборува невистини кои што немаат врска со реалноста. Очигледно мисли дека со нови измислени лаги ќе успее да го сврти тргне вниманието од прашањата поставени до Христијан Мицкоски.

Целата политичка агенда, целото политичко дејствување на ВМРО-ДПМНЕ е сведено на лаги, лажни вести, во очаен обид неосновано да го оцрнат претседателот Зоран Заев и неговото семјество.

Граѓаните ќе го ценат ваквиот начин на делување на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски да не се сокрива зад партијата и лажните вести, туку да одговори како тоа од толку професори бил асистент токму кај неговиот татко, реагираат од СДСМ.

Уапсен е еден од најдобрите светски УФЦ борачи, пијан ги пцуе полицајците (ВИДЕО)

Би-Џеј Пен, поранешен шампион на УФЦ во лесна и во полутешка категорија, кој некогаш важеше за еден од најдобрите во светот, има големи проблеми со законот.

На Јутјуб се појави видео од неговото апсење на Хаваите.

Пен е уапсен за возење под дејство на недозволена дрога, а на снимката се гледа како полицијата го апси додека тој вреска во правец кон лицето кое го снимало инцидентот. Тешко е да се каже точно по кого викал Пен, но јасно се слуша навредлив збор против Афроамериканците, како и пцуење.

"По пристигнувањето на местото на настанот, полицијата ги испраша сведоците и дозна дека Пен пристигнал порано во Тојота. Пред да пристигне полицијата, 42-годишникот разговарал многу гласно со вработените. Потоа се оддалечил на несовесен и опасен начин. Наскоро се виде дека е под дејство на алкохол и е приведен “, се вели во извештајот на локалната полиција.

На Пен, ова не му е прв инцидент со законот. Последната борба во УФЦ ја имал пред две години, а организацијата решила да го раскине договорот со него откако бил снимен во улична тепачка пред стриптиз клуб.

Робот продава автомобили ,се знае и за која компанија (ФОТО)

Ако се суди според овој случај, имаме уште една професија што во иднина може да исчезне.

Со воведувањето на системот за автономно возење, возачите ќе изгубат од важноста, но сигурно нема да исчезнат. Кога станува збор за продавачите на автомобили, тешко е да се каже каква е нивната судбина. Ако е според Hyundai, тие стануваат непотребни затоа што го имаат DAL.

ДАЛ помага да се поврзете со искуството или едноставно е сервисен робот. И не е тука за да ги замени сите оние непрофесионални дилери кои не можат да се пофалат со најдобро познавање на предметот на продажбата, па дури и да ве убедат да купите автомобил. Причината за неговото појавување е секако пандемијата, и ова е начинот на кој Hyundai сака да понуди поголема безбедност во своите салони.

„Со постојан напредок и развој, DAL обезбедува пријатно искуство за нашите клиенти во неконтактно опкружување“, вели Донг Џин Хјун, раководител за роботика во Hyundai.

Роботот е висок само 1.160 мм и тежок 80 кг, а неговата листа на карактеристики вклучува препознавање лице, познавање на повеќе јазици, но и можност за комплетно претставување на опсегот на Hyundai. Договарање и вадење дополнителни попусти не се во неговиот алгоритам на акција.

ДАЛ веќе го добил првиот ангажман во салонот на Хјундаи во Сеул, а понатамошното ширење на идејата ќе зависи пред се од реакциите на потенцијалните клиенти, односно од ефикасноста на продажбата на роботот.

По вакцинацијата во Израел, се заразиле само 0,01 процент од луѓето

Прилиминарните податоци објавени од HMO Maccabi, водечка агенција за осигурување во Израел, покажуваат дека помалку од 0,01 процент, или само 20 од 128.600 лица кои ги примиле обете дози на вакцината Фајзер, се заразиле со коронавирус.

Израел во моментов е меѓу светските лидери кога станува збор за брза кампања за вакцинација против коронавирус. Граѓаните започнале да ги примаат првите дози на вакцината на 19 декември.

Израелците секоја недела им испраќаат информации на Фајзер за кампањата за вакцинација, во согласност со договорот за соработка, што може да им помогне на другите земји да ги прилагодат сопствените начини и темпото на вакцинација.

Експертите на HMO Maccabi објавија дека ова се прелиминарни податоци, но дека бројките се охрабрувачки.

Од 20-те заразени лица, половина страдале од хронични заболувања. Сите покажале само благи симптоми, како што се главоболка, кашлица, општа слабост и замор, но никој од вакцинираните не бил хоспитализиран или имал температура повисока од 38,5 степени Целзиусови. Повеќето биле тестирани на ковид-19 поради контакт со лице со потврдена инфекција.

Анат Ека Зохар, директор на Одделот за информации и дигитално здравје при ХМО Макаби, рече дека службата ќе продолжи да ги следи истите пациенти за да утврди дали тие сè уште имаат само лесни симптоми или евентуално ќе развијат некои компликации.

Повеќе од 2,6 милиони Израелци досега ја примиле првата доза на вакцината, а околу 1,2 милиони се вакцинирани со обете. Израел има околу 9 милиони жители.

Израелските власти објавија околу 600 000 случаи на инфекција со коронавирус и 4,478 смртни случаи од почетокот на пандемијата, објави Ројтерс.

притисни ентер