Заврши трилатералната средба на Могерини со Тачи и Вучиќ

Во Брисел заврши средбата на шефицата на Европската дипломатија Федерика Могерини со претседателите на Србија и на Косово.

Пред заедничката средба , Могерини одвоено се сретна и разговараше со Александар Вучиќ и Хашим Тачи за надминување на проблемите меѓу Приштина и Косово. Во тек е повторно средба на Могерини со Вучиќ , а можно е во текот на вечерта да се одржи и состанок меѓу двајцата претседатели , за потоа сите тројца да имаат уште една рунда преговори. Како што јавуваат српските медиуми , по завршувањето на преговорите е најавена писмена изјава од Европската Комисија .

,, Договорено е сите проблеми да се решаваат на мирен начин , со взаемна почит. Тоа е многу важно за Србите на Косово , за сите граѓани на Србија . разговаравме за тоа да се фокусираме на дијалог , да покажеме дека можеме да разговараме и да поченме да ги решаваме отворените проблеми . Не сум преголем оптимист , но отворивме многу прашања ,”, изјави Вучиќ по средбата во Брисел.

Претседателот на Косово Хашим Тачи изјави дека состанокот бил тежок , но станува збор за решавање на стогодишен проблем. ,, Не сум наивен па да мислам дека веднаш ќе пронајдеме итно и магично решение за иднината . Не можеме да останеме жртви на горчливото минато , туку да гледаме кон иднината и придобивките за нашите земји и граѓани “ , рече Тачи кој очекува големи придобивки од ЕУ по нормализацијатан на односите со Србија.

Како ќе се реши проблемот со извозот на земјоделски производи на Косово?

Времената рамка на Косово за повисоки царини од 30% за овошје и зеленчук предизвика хаос во регионот.

Петти ден земјоделците немаат каде да ги извезуваат своите производи. Извозот од ден во ден е се помал. Им се закануваат огромни штети.

В среда во Белград ресорните министри на земјите од регионот на итен состанок ќе бараат лек за проблемот. Најавија и контра-мерки. Македонија веќе испрати и допис до ЦЕФТА  и ЕУ потенцирајќи дека мерката е неаргументирана.

Во меѓувреме српскиот министер за трговија Расим Љајиќ и порача на Приштина да се одлучи дали е или не е ЦЕФТА потписничка.

Косовската времена мерка ќе трае три месеци. Со неа, за 30% се зголемуваат царините за увезеното овошје и зеленчук. Опфаќа 21 сорта од земјоделските производи и важи за сите држави кои увезуваат во Косово.

Најпогодени, според министерството за земјоделство, се доматите, пиперките и сливите.

Иран: Најмалку 25 лица повредени во земјотресот

Најмалку 25 лица се повредени во земјотресот со јачина од 5,9 степени по Рихтер, кој денеска го погоди западен Иран, неколку часа откако два земјотреси ја потресоа јужната провинција Хормозган.

Гувернерот на западната провинција Керманшах, Хусанг Базванд, изјави дека 25 лица се повредени и дека, за среќа, нема информации за мртви.

Претходно денеска, јужниот дел на Иран беше погоден од земјотреси со јачина од 4,7 степени и 5,7 степени според Рихтеровата скала.

Во тие потреси немаше повредени, а предизвикана е помала материјална штета.

притисни ентер