Драма во Белгија – Црногорец ги дигна на нозе специјалците

Црногорец , кој носел експлозив на појасот , ја дигна на нозе полицијата во Белгија , која се сомневаше на терористички напад.

Црногорецот Елвис Калач (37) предизвика драма во гратчето Масенси. Биле повикани единиците за борба против тероризам , кога Црногорецот со експлозив на појасот со секира ја нападнал поранешната сопруга.

Откако видел дека нападот е неуспешен и се појавила полицијата , Калач испил отров од кој починал во болница. Полицијата по извршената истрага , утврдила дека експлозивот е лажен.

Според Црногорските медиуми , тој на жената и нанел сериозни повреди , но таа се опоравува во болница и е надвор од животна опасност.

Сообраќајни казни за 152 возачи во Скопје

Во контролите во областа на сообраќајот во текот на вчерашниот ден на територија на Град Скопје изречени се вкупно 152 мерки, соопштија денеска од МВР.

Од изречените казни, за возење без возачка дозвола се 18, 25 мерки за некористење сигурносен појас, осум санкции за непрописно престројување на возила...

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

На територија на цела Македонија 156 санкции за брзо возење

Во спроведената акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, во текот на вчерашниот ден се санкционирани 156 возачи, соопшти МВР.

Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 73 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 83 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Реал поднесе жалба против судијата кој не ги регистрира навредите кон Винисиус

 Реал Мадрид поднесе жалба до Шпанската фудбалска федерација против главниот судија на натпреварот со Осасуна Хуан Мартинез Мунуера од 29. коло на Ла Лига.

Клубот од Мадрид излезе со официјално соопштение во кое велат дека побарале преглед на постапките на Мунуера. Според „Кралскиот клуб“, судијата намерно не ги забележал навредите упатени кон напаѓачот Винисиус и покрај тоа што тоа му го пријавиле други играчи на Реал Мадрид.

Реал поднесе жалба и до Државната комисија за борба против насилство, расизам, ксенофобија и нетолеранција во спортот.

За време на натпреварот кој го доби Реал со 4:2, навивачите на Осасуна скандираа „Винисиус, умри!“.

Бразилецот во победата на Реал учествуваше со два гола.

притисни ентер