СП 2018: ФИФА покрена истрага против Џака и Шаќири, но и против српскиот селектор

ФИФА соопшти дека покренала истрага за швајцарските репрезентативци Ѓердан Шаќири и Гранит Џака, но и за српскиот селектор, Младен Крстајиќ.

Швајцарската репрезентација ја совлада Србија со 2:1 во натпревар од групата Е на Светското првенство во Русија, а стрелеци на голoвите за Швајцарија беа Џака и Шаќири.

Швајцарските фудбалери, кои имаат албанско потекло, на головите и на победата се радуваа гестикулирајќи орел како симбол на албанското знаме, а многумина особено од српската страна тоа го сфаќaат како политичка провокација.

ФИФА соопшти дека ќе отвори истрага и против Фудбалската федерација на Србија за проблемите со српските навивачи кои извикувале политички и навредливи пораки, но и против српскиот селектор, Младен Крстајиќ, за изјавите по натпреварот.

Од ФИФА не наведуваат точно за кои изјави на Крстајиќ станува збор.

Најдобрите модни изданија на Меланија Трамп

Модна икона која дамите сакаат да ја копираат...

Сопругата на Доналд Трамп отсекогаш важела за дама чијшто моден избор заслужува аплауз.

За време на престојот во Белата куќа, Меланија Трамп стана позната по своите елегантни и софистицирани модни изданија. Како поранешен модел, Меланија отсекогаш привлекувала внимание со својот моден избор, а како прва дама на Соединетите Американски Држави, нејзиниот стил беше уште повеќе во фокусот на јавноста.

Нејзиниот совршен син фустан во комбинација со долгите ракавици во истата боја на инаугурацијата на нејзиниот сопруг во јануари 2017 година, ќе се памети уште долго.

Меланија својот европски шарм и софистицираност ги донесе во Белата куќа.

Изборот на нејзината гардероба беше внимателно следен, а многу нејзини модни изданија беа копирани.

За време на мандатот на нејзиниот сопруг, Меланија носеше креации на бројни светски модни брендови, од „D&G“ до „Шанел“, но исто така поддржуваше и помалку познати дизајнери. Често се зборуваше дека по Џеки Кенеди, сопругата на Доналд Трамп е најдобро облечена прва дама на САД, но имаше и такви кои изјавија дека убавата Меланија сепак ја надминала Џеки Кенеди во тој сегмент.

Меланија вешто си поигрува со стиловите и неофицијално е позната како икона на софистицираниот стил. Покрај фустаните од сите должини, таа носи панталони и здолништа, а модниот додаток од кој ретко се откажува е ременот. Предност дава на широките ремени кои ја истакнуваат нејзината беспрекорно витка линија.

Исто така, треба да се спомене и нејзината љубов кон капутите, особено оние во светли бои. Чевлите со високи потпетици речиси секогаш се дел од нејзиниот моден избор, иако убавата Словенка остава впечаток и кога ќе се појави во опуштена облека во неформални ситуации, на пример, патики во комбинација со фармерки и карирана кошула.

Поранешната прва дама води сметка и кога е во прашање изборот на фустани. Секој модел што го носи зрачи со елеганција и таа му дава свој личен печат. Нејзиниот изглед во гламурозниот црвен фустан „Живанши“, што го носеше на средбата со членовите на кралското семејство, ќе се памети уште долго. Во таа прилика, нејзиниот сопруг, исто како и кралот Чарлс Трети, носеше смокинг, додека сопругата на кралот Камила беше облечена во свечен бел фустан.

Дека Меланија не бега од црвената боја, доказ е и црвениот фустан до над колена со интересни ракави. Тешко е да се одлучи која од овие две креации подобро ѝ прилега.

Иако Меланија Трамп ја напушти Белата куќа, нејзиното влијание како модна икона сè уште трае. Нејзиниот софистициран и храбар моден стил го одбележа нејзиниот престој во Белата куќа и влијаеше врз идните генерации жени кои ја ценат елеганцијата и оставаат свој личен печат на сè што носат.

Внимателно избирајте го појадокот, и заради вашето здравје и заради убавината

Изборот на јаглехидрати влијае на привлечноста...

Доколку сте љубител на белиот леб, немаме добри вести за вас.

Иако преработената храна е повкусна, таа истовремено е нездрава, особено ако ја консумираме секојдневно во поголеми количини, но истата се одразува и врз изгледот на нашето лице.

Студија на група француски научници во која биле вклучени 103 Французи покажала дека внесувањето рафинирани јаглехидрати влијае врз привлечноста на лицето, пренесува neurosciencenews.com.

Оваа студија, исто така, откри разлики специфични за половите и тоа како консумирањето грицки влијае врз привлечноста.

Резултати:

1. Врската помеѓу храната и привлечноста: Лицата кои консумирале појадок со висок гликемиски индекс имале пониски оценки за привлечноста на лицето, што укажува на тоа дека исхраната има влијание врз убавината на лицето.

2. Разлики специфични за половите: Мажите и жените различно реагираат на внесувањето на грицки со висок гликемиски индекс.

3. Пошироки импликации: Истражувачите истакнуваат дека се потребни понатамошни истражувања за да се утврди како рафинираните јаглехидрати можат да влијаат на привлечноста и на другите социјални особини, и покрај она што го знаеме за нивните здравствени ефекти.

Во студијата, истражувачите на некои од учесниците им дале појадок со висок гликемиски индекс - рафинирани јаглехидрати кои го зголемуваат шеќерот во крвта - додека на други им дале појадок со низок гликемиски индекс.

Појадокот со рафинирани јаглехидрати се состоел од француски багет, направен од индустриско бело брашно, со џем, сок од јаболко или портокал, чај или кафе со шеќер. Оброкот со нерафинирани јаглехидрати се состоел од леб направен од интегрално брашно, со путер и сирење, портокал или јаболко, и чај или кафе без шеќер.

Учесниците, исто така, пополниле прашалник за да бидат проценат нивните типични навики во врска со консумирањето јаглехидрати. Два часа по појадокот, хетеросексуални доброволци ја оценувале привлечноста на лицето кај учесници од спротивен пол.

Резултатите покажале дека појадокот со висок гликемиски индекс е поврзан со пониски оценки за привлечноста на лицето, и кај мажите и кај жените. Исто така, истражувачите истакнуваат други фактори кои влијаат врз привлечноста: вистинската возраст, пушачките навиките, масениот индекс, перцепираната возраст и влакнетоста на лицето.

Авторите додаваат дека непосредното и хронично консумирање на јаглехидрати влијае врз привлечноста на лицата кај двата пола, а тоа е важен фактор во социјалните интеракции.

Освен тоа, западниот начин на исхрана кој вклучува обработена храна со ниска хранлива вредност се поврзува со дебелината, дијабетесот и кардиоваскуларните заболувања.

Двегодишно девојче со аутизам си ја јаде куќата- се буди ноќе и ги гризе ѕидовите, мебелот...

Стејси А'Херн (25) побарала помош и совет бидејќи нејзината ќерка Винтер боледува од ретко нарушување во исхраната.

Пикавата болест се карактеризира со консумирање на нејадливи материјали, како земја, камен, креда, хартија... и најчесто се манифестира на возраст од една до две години.

Очајната мајка мора постојано да го надгледува детето, бидејќи се плаши дека ќе се повреди, пренесува Метро.

Таа истакнува дека Винтер ја затекнала како јаде гипс од ѕидовите, полнење на каучот, страните на столовите, а исто така кршела и рамки за слики обидувајќи се да го изеде стаклото.

„Нервозна е со нормална храна, но ќе јаде сунѓер. Таа скрши осум рамки и се обиде да го изеде стаклото. За среќа, никогаш не се повреди, бидејќи внимателно ја набљудувам“, објаснила Стејси.

Мајката од Блеквуд, Велс, секогаш е на „штрек“ и првпат забележала како Винтер става работи во уста кога била бебе.

Тогаш таа не мислела дека е сериозно, но работите се промениле „преку ноќ“.

„Потоа таа стана невербална и нејзините навики во исхраната ескалираа“, објаснила Стејси, која потоа го однела детето на лекар.

По деталните тестови, на Винтер во јануари годинава ѝ било дијагностицирано нарушување на пик, но и аутизам.

„Ја ставам на столче, но таа не јаде грицки, таа го јаде столот. Аутизмот влијае на нејзиниот сон, често се буди ноќе. Еднаш ја најдов како ги џвака креветчето и ќебето“, рекла мајката.

Таа нагласува дека е исцрпувачки да се надгледува детето 24 часа на ден, седум дена во неделата.

„Сепак, влегов во рутина и ги разбирам нејзините потреби. Успевам да ѝ го привлечам вниманието со таканаречените сензорни игри и купив ѓердан за џвакање, специјално дизајниран за луѓе кои боледуваат од пик“.

Истовремено, на девојчето ѝ нуди тестенини со различни форми, бидејќи може да ги допре, да си игра со нив и на крајот да ги изеде.

„Лекарите рекоа дека не можеме многу да направиме“, заклучила мајката.

притисни ентер