Манчевски: Земјите од Западен Балкан заедно работат на трансформација на јавната администрација

Земјите од Западен Балкан заедно работат на трансформација на јавната администрација, дигитално се се поврзуваат за да ги премостат инфраструктурните јазови и да се борат против корупцијата.

Земјите од Западен Балкан заедно работат на трансформација на јавната администрација, дигитално се се поврзуваат за да ги премостат инфраструктурните јазови и да се борат против корупцијата, порача министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на работилницата на тема: „Постигнувања и предизвици во реформата на јавната администрација во земјите од Западен Балкан“ во Маракеш, Мароко.

Работилницата е во организација на РеСПА, и е во рамки на меѓународниот форум за јавна администрација на тема: „Трансформирање на власта за остварување на целите за одржлив развој", во организација на Обединетите нации.

Министерот Манчевски, зборуваше за врската помеѓу информатичкото општество и администрацијата.

- Многу луѓе ме прашуваат каква е поврзаноста помеѓу информатичкото општество и администрацијата. Само пред неколку години, го поставував и јас ова прашање. Но, во денешно време, во овој 21 век, јадрото, основата на реформата на јавната администрација е ИКТ. Јадрото на промените на нашите општества, нашите животи е ИКТ. Многу земји го направија скокот напред и ги прифатија промените. Колку побрзо ќе прифатиме да се промениме и ние, толку подобро ќе бидеме за нашите граѓани, рече Манчевски.

Додаде дека дигиталната трансформација во администрацијата не е лесна.

- Тоа е всушност прилично скап потфат. Таа ги зема инвестициите во инфраструктурата, но и во човечките ресурси. Но конечно, имаме свест за важноста од овие промени. Но, конечно, и навистина сум среќен што сите земји од Западен Балкан се на иста линија, бидејќи само со здружени напори можеме да направиме нешто повеќе за нашите граѓани. Пример за тоа беше Дигиталниот самит во Скопје, каде што истакнавме дека сме обединети во дигиталната трансформација во администрацијата. Дека имаме волја, посветеност и соработка, заедно да ја прифатиме промената, истакна Манчевски.

Зборувајќи за продобивките од дигитализацијата, тој потенцираше дека со дигитализацијата се надминува и проблемот со корупцијата во администрацијата.

- Еден од главните предизвици во администрацијата и бизнисите во секоја земја е борбата со корупцијата. Човечкиот фактор, па дури и јас би рекол дека човечката природа е генератор на корупција. И повторно доаѓаме до ИКТ и дигитализацијата. Дигитализацијата значително ги намалува можностите за корупција. Автоматизираните и дигитализираните процеси не можат да бидат корумпирани. А лошата вест е дека на Балканот имаме проблеми со корупцијата. Но, добрата вест е што решивме дигитално да се поврземе и да ги премостиме инфраструктурните јазови со дигитални решенија и дигитално да се бориме против корупцијата. Клучен фактор, повторно, е силната волја и определувањето на клучните засегнати страни, заедно со силната поддршка што ја добиваме од нашите партнери, заклучи министерот Манчевски. /МИА

Драмски театар Скопје ја именува големата сцена „Ристо Стефановски“

Драмски театар Скопје ја именува големата сцена „Ристо Стефановски“, промовира и негова монографија.

Драмски театар - Скопје ја именува својата голема сцена во „Ристо Стефановски“, кој беше театролог, театарски работник, театарски историчар и долгогодишен директор на оваа културна установа (1957-1983). Беше промовирана и монгорафијата „Ристо Стефановски“.

Ристо Стеафновски е роден на 5 декември 1928 година во Скопје, кој на 22 април 1957 година бил назначен за директор на Куклениот театар, подоцна преименуван во Младинско-детски театар и на крај преименуван во добро познатиот Драмски театар во Скопје, каде бил директор повеќе од 25 години.

Промоторката на монографијата „Ристо Стефановски“ Искра Гешовска потенцира дека Стефановски не е само втемелувач на Драмскиот театар, туку и на современиот македонски театар. Додаде дека тој е најпрогресивниот директор, со визија и со непрегорност, не само за театарот туку и генерално, за институционалната култура и за она што треба да значи и како треба да се развива стратешки една институција од сферата на културата.

Директорката на Драмски театар Викторија Рангелова Петровска информира дека Стефановски ја отвора вратата, го зацртува патот, ја создава основата, и низ годините ги води најголемите премрежиња, борби и победи на Драмски театар.

-Најистакнатите македонски театарски режисери, драмски автори, актери и останатите креативни чинители, ќе имаа понеизвесен пат во градењето на професионалната кариера доколку не добиваа отворени можности од страна на Стефановски. Оттука тој не работеше само за растењето на Драмски театар, туку делуваше во целокупниот културен растеж на државата. Неговата визија, умешност и сеопфатна посветеност, им овозможи на соработниците и вработените во Драмски, по секој постигнат успех да зрачат со неподнослива гордост и оправдана ароганција. Стефановски успеа вредносните критериуми да ги постави високо на скалата и никогаш не отстапи од нив. Тој имаше свој правилник за успех по кој мора да се делува, потенцира Рангелова Петровска.

Додаде дека и денес некои од нивните колеги од другите театари на шега го нарекуваат Драмски „домаќински театар“.

-И домаќинлукот му го должиме на Ристо, тој/тоа е седмото правило од прирачникот за успех, потенцира Рангелова Петровска.

Промоторката на монографијата „Ристо Стефановски“ Искра Гешовска информира дека Драмскиот театар - Скопје му оддава чест на Ристо Стефановски, кој е втемелувач, основач, поставувач на визионерските и стратешките насоки на понатамошниот негов развој.

-Со ова монографско издание за Ристо Стефановски, како и со именувањето на големата сцена на театарот се покажува дека не само што има јадра кои пркосат на оваа доминантна култура на заборавот, туку и дека постои јасно проникнување во втемелувањето на она што значи императивна вредносна вертикала, потенцира Гешовска.

Посочи дека монографското издание внимателно уредено од Александра Бошковска, е важен придонес кон аргументацијата за историското значење на Ристо Стефановски, не само за Драмскиот театар, туку за историјата на современиот театар. Во него се поместени делови од неговите дневнички записи, делови од рефлексиите на колешките и колегите, соработничките и соработниците на Стефановски, хронолошки и биографски единици и факти поврзани со целокупната дејност на Стефановски. Станува збор за концентриран, систематично сублимен преглед, или, како што рече, ако сакате резиме, на еден столб во македонската современа култура.

-Ракописот на оваа монографија, ни потврдува дека Ристо Стефановски, не само што е од оние ретките во нашата култура кои со љубов и врвно знаење работела во сферата на менаџирањето, развивањето и архивирањето на театарот, како една од најкомплексните институционални структури, туку, уште поважно, според фактите на историјата на македонскиот театар, како уникатно посветен директор и театролог тој дава непроценливо важен и единствен придонес за осовременувањето, еманципирањето на театарот и во организациска смисла и во репертоарна смисла, потенцира Гешовска.

Речиси три четвртини од Полјаците се против испраќање полски и НАТО војници во Украина

Речиси три четвртини од Полјаците (74,8 проценти) не сакаат полски или НАТО војници да бидат испратени во Украина.

Речиси три четвртини од Полјаците (74,8 проценти) не сакаат полски или НАТО војници да бидат испратени во Украина, додека само 10,2 проценти од нив го поддржуваат ова решение, покажа анкетата на Институтот за пазарни и социјални истражувања (ИБРИС), спроведено по барање на полскиот весник „Речпосполита“.

Според истражувањето, 15 отсто од испитаниците немаат мислење во врска со тоа.

„Иако Полјаците не сакаат да испратат војници во Украина, тие се согласуваат да започнат преговори со НАТО и Украина за проширување на воздушната одбрана на територијата во близина на границата и овозможување соборување на руски ракети или беспилотни летала кои летаат кон Полска“, се наведува во истражувањето спроведено на крајот на февруари.

Се додава дека дури 69,3 отсто од испитаниците го поддржале ваквото решение, 17,6 отсто биле против, а 13,1 отсто немале мислење.

Мицкоски: Не очекувам власта да престане со црната кампања, ние ќе водиме позитивна кампања

Не очекувам власта да престане со црната кампања, додека ние ќе водиме позитивна кампања со проекти и решенија на проблемите.

Црната кампања е карактерна особина на оваа влада. Не очекуваме дека ќе престане таа нивна црна кампања која изобилува со монтажи, со навреди, со многу измислици и клевети, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при посетата на Општина Гевгелија, запрашан од новинарите дали во пресрет на почеток на изборната кампања очекува фер кампања од власта.

Тој истакна дека, што се однесува до ВМРО-ДПМНЕ, нема да води црна кампања затоа што македонските граѓани знаат дека Македонија од осамостојувањето немала полоша влада, од оваа на СДСМ и ДУИ и затоа ќе води позитивна кампања со презентација на проекти и решенија за проблемите на граѓаните.

„Нашата цел е во оваа кампања да водиме позитивна кампања, односно да зборуваме за проекти и да зборуваме за решенија на проблемите на граѓаните, а не да се оптеретуваме со тоа, кој колку бил лош бидејќи сите граѓани знаат дека владата на СДСМ и ДУИ беше лоша. Односно, да бидам попрецизен, полоша влада од осамостојувањето на Македонија немало“, рече Мицкоски.

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ:

притисни ентер