Традиционален ликовно-образовен камп „Ванѓел Коџоман“

Во организација на Детскиот ликовен центар во Струга и Охрид  од денеска до 30 јуни по 12-ти пат ќе се одржи Традиционалниот ликовно-образовен камп „Ванѓел Коџоман“.

Учесници на кампот се 35 млади ликовни таленти со нивните ментори-професори по ликовно образование од училиштата во Република Македонија на возраст од 11 до 16 години.

Младите учесници ќе цртаат и сликаат во следните материјали: молив, графит и пастел на цртачка хартија, акрилни бои и комбинирана техника на платно, подготовка и печатење на графика во техниката линорез со најразлични карактеристични познати и непознати мотиви во Струга и Охрид, (староградска архитектура, познати манастири и цркви-во Калишта, Радожда - Струга, Св.Наум, Плаошник, Св. Канео, Св.Софија-Охрид, Охридското Езеро, Самоиловата тврдина.

Младите учесници ќе ја посетат и поставката на ликовни дела во Галеријата „Ванѓел Коџоман“, спомен-куќата посветена на Браќата Миладиновци во Струга, како и други познати знаменитости.

По завршувањето на ликовната колонија ќе се организира и ликовна изложба од со најуспешните 80 ликовни творби кои ќе бидат изложени во Кинотека на Македонија. /МИА

Фото: Холивудски ѕвезди фатени на дело!

 Холивудските ѕвезди актерките Џенифер Анистон (55) и Сандра Булок (59) продолжуваат да ја освојуваат публиката со својот физички изглед, а долго време се шпекулира дали направиле пластична операција

Јавноста се уште се прашува дали овие убавици и во шестата деценија се навистина природни и едноставно прекрасно стареат.

Двете холивудски убавици пред два дена се забележани како ја напуштаат познатата клиника за пластична хирургија во Гринич, а друштво им правеше Аманда Анка.

Инаку оваа ординација е специјализирана за кревање на горниот и долниот дел на лицето, а цените за таков зафат во зависност од третманот се движат од 50.000 до 100.000 долари по третман.

Подигнувањето на веѓите и очните капаци е нешто поевтино, а цената на овој третман е околу 30.000 долари.

Познатите дами посетија ординација на познат хирург чија специјалност е „подмладување на лице и ринопластика“, како што е наведено на веб-страницата на клиниката.

Тајланд воведува данок за богатите пензионери од Западот

Според новиот тајландски даночен закон, сите даночни резидентни кои ги остваруваат своите приходи во странство, а трошат пари на Тајланд, во иднина ќе мора да плаќаат данок.

Овие одредби важат не само за тајландските граѓани, туку и за илјадници странски пензионери кои ги поминуваат пензионерските денови на Тајланд. Меѓу нив има и многу пензионери од Европа, а пред се од Германија.

Пензионерите живеат удобно на Тајланд од заштедите и приходите што ги заработиле додека работеле во своите матични земји.

„Ова е многу тежок удар за германските пензионери“, вели даночниот советник Мартин Либенов од меѓународната ревизорска фирма Мазарс во Бангкок, пренесува Тпортал.

Пензионерите не се единствените што се погодени. Ова е тежок удар за секој што ќе се пресели во Тајланд и ќе живее од своите заштеди и приходи од странство, без разлика дали се пензионери или е некој од многубројните дигитални номади, вели Либенов. /МИА

ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто

Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 6.756 до 12.393 денари по KWh по групи на потрошувачи.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто полугодие од 2023 година, просечната цена на електричната енергија за домаќинствата во земјава изнесувала 7.289 денари по KWh, што претставува пораст од 8.2 % во споредба со првото полугодие.

Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 6.756 до 12.393 денари по KWh по групи на потрошувачи.

Просечната цена на природниот гас без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 36.858 до 48.300 денари по нм3 по групи на потрошувачи.

Просечната малопродажна цена на природниот гас за домаќинствата е 51.257 денари за nm3.

притисни ентер