СП 2018: Швајцарија ја совлада Србија

Швајцарија ја совлада Србија со 2:1 во натпревар од групата Е на Светското првенство во Русија.

Во возбудливиот натпревар со сериозни шанси на двете страни, српската репрезентација дојде до водство од 0:1 со голот на Александар Митровиќ во петта минута, резултат со кој се замина на паузата.

Во почетокот на вториот дел Гранит Џака беше прецизен и Швајцарија во 52-та минута израмни на 1:1.

Швајцарската репрезентација со голот на Џердан Шакири во 90-та минута дојде до победа од 2:1.

Во оваа група Бразил и Швајцарија сега имаат по четири бода, Србија има три, додека Костарика остана без бодови и без шанси за натамошен пласман./МИА

Дани Алвеш повторно ќе соработува со Пеп

Бразилецот Дани Алвеш дефинитивно го напушти богатиот ПСЖ , по две години на „Паркот на принцовите“ во Парис, поранешниот ас на Барселона одлучи да ја промени средината.

36 годишниот Алвеш одлучи да направи уште еден чекор во  долгата и богата кариера и да заигра во англиската Премиер лига.

Иако веќе долго е навлезен во четвртата деценија од живото Алвеш  реши по истекот на договорот да се раздели со богатиот Пари Сен Жермен и по Шпанија, Италија и Франција да се проба и во Англија.

Новиот клуб на извонредниот десен бек би требало да биде шампионот Манчестер Сити каде Алвеш повторно ќе соработува со Пеп Гвардиола.

Нејмар ќе стори се само да се врати во Барселона

Најскапиот светски фудбалер, Бразилецот Нејмар е подготвен да направи сѐ што е потребно за да се врати во Барселона во лето.

Бразилската  фудбалскска ѕвезда  за да се врати на „Камп Ноу“ е подготвен и јавно да се извини на навивачите, информира порталот „Спорт.ес“.

Претходно беше објавено дека Нејмар сака да го напушти ПСЖ и да се врати во Каталонија која ја напушти во 2017 година.

Сепак, за да се случи тоа потребна е дозвола и од францускиот шампион ПСЖ кој се уште не е подготвен да го ослободи Бразилецот и покрај неговата желба. 

Србија по тешка борба ја победи Хрватска во Белград (ВИДЕО)

Во тензична атмосфера и со исвиркување на хрватската химна на почетокот на мечот , во Белград се одржа финалниот меч на Светската лига во Ватерполо.

Со погодок на 17 секунди до крајот , Србија ја победи хрватската екипа , која е актуелен светски првак. Српските ватерполисти се олимписки и европски шампиони.

Во базенот на Ташмајдан се водеше вистинска битка , како и на трибините , каде навивачите на двете екипи беа одвоени со силно полициско обезбедување.

На крај со резултат од 12 : 11 победија српските ватерполисти , по што хрвбатските навивачи набрзина беа изнесени од салата за да се избегне инцидент.

притисни ентер