Син на милијардер осуден за монструозно убиство

Блејк Лејбел , син на канадски милијадер е осуден за монструозно убиство на сопствената девојка.

Блејк Лејбел е осуден во јужна Калифорнија за убиството на неговата девојка , Иана Касиа. Поротата го осудила 37 годишниот Лејбел , кој ја убил и сакател девојката , која само неколку недели претходно му родила дете.Нему му се заканува казна доживотен затвор без можност за помилување , иако обвинителството даде предлог и за смртна казна.

Лејбел ја сакател и убивал 30 годишната девојка според ликот во неговиот стрип . Тој , како автор на стрипот ,,Синдром “  , го најавил бруталното убиство . На три недели од раѓањето на нивната ќерка , синот на милијардерот ја сакател девојката , а додека таа трпела невидена болка ,ја одржувал во живот.

Злосторството се случило во мај 2016 година , а судот во Лос Анџелес вчера го прогласи за виновен. Полицијата го нашла голото осакатено тело на Иана во стан во Холивуд , а Лејбел стоел покрај неа. Убиството го пријавила нејзината мајка , која не можела да стапи во контакт со ќерката.

Случајот предизвика огромно внимание и во Канада , бидејќи таткото на убиецот е поранешен Олимпиец , кој по завршувањето на спортската кариера зареаботи огромно богатство во бизнисот со недвижности.

Тинејџер го изгубил видот на двете очи откако бил погоден со пејнтбол пиштол

Тинејџер го изгубил видот на двете очи откако бил погоден со пејнтбол пиштол

18 годишниот Дилион Конери останал слеп на двете очи откако бил на една забава во ноќен клуб кој како дел од забавата користел и пејнтбол пиштоли.

Клубот ветувал “луда забава“ до раните утриснки часови. Тие дури и напишале предупредување во кое се виели не го носете вашиот омилен фустан или кошула бидејќи ќе бидете обоени во разно бои од глава до петици. Во клубот можело да се купат и заштитни очила и заштитна облека.

Шпанската полиција го истражува случајот.

Погледнете како изгледаат забавите:

Момчето се лади во дневната, но девојката не е баш среќна поради тоа

Човекот си  нашол “идеално“ решение за летото.

Поради топлотниот бран во Британија многу луѓе мораат да се снаоѓаат како знаат и умеат. Овој човек отишол чекор пред сите. Си го наполнил базенот во дневната соба и си ја игра својата омилена игра.

Кога неговата девојка се вратила од работа, останала зачудена.

Погледнете:

Затворен автопат во Британија за да можат патки да поминат

Автопатот бил затворен еден час за да можат патките сигурно да го поминат автопатот.

Возачите на автопатот М25 морале да чекаат еден час за да продолжат со своето патување бидејќи автопатот бил затворен од страна на полицијата за да можат 30 патки да го поминат автопатот сигурно.

притисни ентер