Жените избраа- Најсекси репрезентација на СП во Русија (ФОТО)

Жените од целиот свет преку социјалните мрежи ја избраа најсекси репрезентацијата меѓу играчите на СП во Русија.

Пред почетокот на Мундијалот , репрезентативецот на Исланд Рурик Гисласон имал 30 – тина следбеници на Инстаграм. Но веднбаш по првиот натпревар , бројот се зголемил на 250 илјади , за по неколку часа да достигне половина милион . Најголем број од нив се жени и тоа повеќето од Јужна Америка , кои на 30 – годишниот репрезентативец му испраќаат и брачни понуди. Гисласон е висок 184 сантиметри , а во 2016 и 2017 бил кандидат на десно центристичката партија на изборите на Исланд.

Слично е и со другите репрезентативци , меѓу кои го нема , на пример Роналдо. Меѓу новите најсекси фудбалери е и хрватскиот репрезентативец Дуе Чалета Цар. За 20 – годишникот од Шибеник на социјалниуте мрежи пишува дека личи на актер , ангажиран да глуми фудбалски супер херој.

Во најсекси екипата се најде и Нигериецот Вилијам Трост Еконго , роден на Нов Зеланд од мајка Холанѓанка и татко Нигериец. Ги брани боите на Нигерија , а игра во тимот на турскиот Бурсаспор.

На љубителките на фудбалот им запна за око и десниот бек на репрезентацијата на Панама , Михело Амир Муриљо Бермудез . Тој има 23 години , висок е 183 сантиметри , а според фотографиите на Инстаграм , има и девојка.

За Швајцарецот Фабиан Лукас Шер се вели дека излегол од реклама на Калвин Клајн. Тој игра во шпанскиот клуб Депортиво ла Коруња , има 26 години , а е роден во романтичното гратче Вил. На списокот се најде и втор Швајцарец , голамнот Јан Сомер . Тој нема девојка , а одлично се снаоѓа и во кујна. Има дури и сопствен блог со рецепти за здрава исхрана.

И младиот Португалец Андрео Силва , кој на 22 години се прослави по трансферот во Милан за 38 милиони евра. Тој е во врска со атрактивната Сара Роидригез , која само на Инстаграм има 50 илјади следбеници.

Меѓу најсекси фудбалерите е избран и Српскиот репрезентативец Александар Пријовиќ , кој игра како напаѓач на грчки ПАОК. Тој е оженет со атрактивната Марина Пријовиќ.

И Германскиот фудбалер Матс Хамелс е среќно оженет со ТВ новинарката Кати Фишер , која се вбројува во најубавите сопруги ан фудбалери. Матс се најде на женската листа на најпосакувани репрезентативци на Мундијалот во Русија.

Рубен Лофтус Чик освен во Англиската репрезентација , секогаш е забележан од навивачките на Челзи.

И Шведскиот репрезентативец Мартин Олсион е меѓу најсекси фудбалерите на светот според W магазинот , но предниста е во тоа што Мартин има идентичен брат близнак , кој исто така игра фудбал , но не е репрезентативец. Нивната сестра Џесика е мажена за НБА кошаркарот Дирк Новицки .

Израелската армија го потврди убиството на висок функционер на Хезболах

Израелската војска потврди дека го убила Али Абед Асан Наим, заменик командант на ракетната дивизија на Хезболах. Тој бил убиен во напад со беспилотно летало во либанскиот регион Базуриех, објавија британските медиуми.

Израелската војска соопшти дека Наим насочил ракетен истрел со тешка боева глава кон израелска територија од Либан. Според израелските воени претставници, убиениот висок функционер на Хезболах бил одговорен за планирање и извршување на напади врз израелски цивили.

„Хуавеј“ минатата година со двојно поголем профит

Кинескиот телекомуникациски гигант „Хуавеј“ денеска соопшти за значително поголем профит во 2023 година, благодарение на силните резултати од неговите оддели за обработка заснована на Интернет и софтвери за автомобили.

Приходите на компанијата се зголемија за 9,63 отсто минатата година, на 704,2 милијарди јуани (99,4 милијарди долари).

Нето добивката се зголеми повеќе од двојно и изнесуваше 86,9 милијарди јуани.

Главниот столб на компанијата минатата година беше неговиот оддел за опрема за ИКТ инфраструктура, со приход од 362 милијарди јуани, што е за 2,3 отсто повеќе од 2022 година. Голем број западни земји забранија инсталирање на опрема на „Хуавеј“ во мобилните мрежи, повикувајќи се на националната безбедност.

Бајден: Постојано работиме да издејствуваме ослободување на Гершкович

Белата куќа објави изјава од претседателот Џо Бајден по повод навршувањето на една година руски затвор на новинарот на Волстрит џурнал, Иван Гершкович.

-Новинарството не е злосторство и Иван замина за Русија да ја врши својата работа на известувач со ризик за неговата безбедност за да се открие вистината за жестоката агресија на Русија против Укаина. Веднаш по неговото неправедно и незаконско задржување тој од затворот испрати писмо до своето семејство, изјави претседателот на САД.

Во писмото новинарот напишал дека „не губи надеж“.

-Како што им кажав на родителите на Иван, јас исто така не губам надеж. Ќе работиме секојдневно да издејствуваме негово ослободуање, рече Бајден.

Тој вети дека САД и понатаму ќе ги осудуваат и ќе воведуваат мерки „за обидите на Русија да ги користи Американците како монети за размена“.

Гершкович беше задржан лани во март. Оттогаш е се уште во притвор и чека судење по обвинение за шпионажа, што е категорично отфрлено од него, неговиот работодавач и владата на САД.

Во случај да биде прогласен за виновен, тој може да биде осуден на 20 години затвор./МИА

притисни ентер