На обвинителна клупа петмина пратеници и екс директорот на БЈБ

Кривичниот суд попладнево пресече – ќе има обвинителен акт за крвавиот четврток.Во судница ќе седнат 30-ина обвинети за терористичко здружување.Меѓу нив, пратеници, екс директорт на БЈБ, актери, режисери.

Првпат во Македонија ќе им се суди на пратеници за кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. На обвинителна клупа во Кривичниот суд ќе седнат народните избраници од ВМРО ДПМНЕ, Крсто Мукоски, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов, од Социјалистичката партија ќе му се суди на пратеникот Љупчо Димовски. Тие се меѓу 31 лице обвинети за насилниот упад во Собранието лани на 27 април. Место во судиницата ќе има и за поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност и екс министер за внатрешни работи Митко Чавков. Од организаторите на протестите „За заедничка Македонија“ ќе им се суди на оперскиот пејач Игор Дурловски, режисерот Борис Дамовски, Богдан Илиевски и на актерот Владо Јовановски. Меѓу другите на обвинителна клупа седнуваат и поранешни разузнавачи, агенти, оперативци во штабот на МВР, Мунир Пепиќ, Оливер Радулов, Душко Лазаров.

Терминот за судење ќе се знае откако ќе биде формиран кривичен предмет по обвинение и по АКМИС Системот ќе биде распореден кај судија.

„Советот за оценка на обвинителен акт при одделението за гонење организиран криминал и корупција на Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи во оценка на обвинителниот акт поврзан со настаните од 27 април 2017 год. кои се случија во Собранието на Р.Македонија, одржа не јавна седница за оценка. По детелно разгледување на сите приговори поднесени од одбраната и обвинетите како и ценење на фактите и доказите приложени во обвинителниот акт донесе решение со кое го одобри обвинителниот акт во целост“, соопштија од Кривичниот суд.

Обвиненето беше поднесено за 30 за кривичното дело терористичко загрозување, од нив двајца за помагање. За Никола Митревски – Кољо што сам се пријави во Штука, обвинението се припојува. ОЈО ќе цени дали да им се суди одвоено или исто да се припои и за Алексаднар Василевски – Нинџа и Митре Питроповски.

„За останатите две лица истражната постапка е во тек“, велат од обвинителството за Канал 5.

Во судот на редовно пријавување беа Дурловски и Тарчуловски, но не сакаа да коментираат за 27 април.

Во седиштето на ДУИ се слави

Пред седиштето на ДУИ во Мала Речица веќе се слави.

Претходно на прес конференција беше кажано дека денот на изборите поминал во фер и демократска атмосфера и велат дека очекуваат гоплема победа на нивниот кандидат Бујар Османи.

Тинејџерка во училиште во Британија со нож нападнала двајца наставници и девојче

Тинејџерка е уапсена откако на училиште со нож нападнала двајца наставници и ученичка, соопшти британската полиција.

Инцидентот се случил околу 11.20 часот.

„Токму по 11.20 часот утринава добивме повик да за инцидент во училиштето Аман Вали во Кармартеншир. Службите за итни случаи веднаш пристигнаа и училиштето беше затворено заради безбедноста на сите во просториите. Три лица, две учителки и една тинејџерка, беа пренесени во болница. Тинејџерката е уапсена поради сомнение за обид за убиство и во моментов е во притвор.

Додадоа и дека соработуваат со училиштето и даваат поддршка на секој што има потреба.

Апелираа и да се отстрани видеото од нападот од социјалните мрежи.

Истрагата е во тек, а мотивите за нападот се уште не се познати.

притисни ентер