Дали ви личат?Ова е внуката на славната Одри Хепбрн (фото)

Ема Катлин Хепберн Ферер (24), внуката на модната икона и актерката Одри Хепберн, ги воодушеви модните агенти со нејзината убавина.

Се прославила во 2014 година кога го снимила нејзиниот прв едиторијал за магазинот Harpers Bazar. Многумина модни дизајнери сметаат дека Ема има ѕвезден потенцијал сличен на нејзината славна баба.

Ема никогаш не ја запознала нејзината баба затоа што се родиле година дена по нејзината смрт. Неодамна изјавила дека Одри никогаш не ја доживувала како славна актерка и икона на стилот, туку како дел од семејството.

Освен што се занимава со моделинг, Ема завршила и уметничка академија и е талентирана сликарка. Со години ги избегнуваше социјалните мрежи и се обидувала нејзиното потекло да не и влијае на изборите во животот.

Силно се залага за еманципација и еднаквост на мажите и жените ширум светот. Амбасадор е на организациите УНХЦР и УНИЦЕФ.

Во Македонска Каменица гласаат 6641 лице, излезноста до 9 часот 3,55 проценти

Во Македонска Каменица во рамки на Претседателските избори 2024 денеска треба да гласаат 6641 лица, кои се регистрирани во избирачкиот список. Гласачките места во оваа Општина биле отворени навреме, а гласањето се одвива без било какви проблеми.

До 09:00 часот кога е направен првиот пресек за излезноста на граѓаните од Општинската изборна комисија соопштија дека 3,55 е процентот на граѓани кои го оствариле своето право на глас

- Од вкупно регистрираните гласачи до 09:00 часот гласале вкупно 236 лица или 3,55 проценти од гласачите во Македонска Каменица го искористиле своето право на глас, информираа од ОИК.

Гласањето, како што додадоа, продолжува на избирачките места на кои граѓаните можат да го дадат својот глас за еден од седуммината кандидати за Претседател на државата.

Во меѓувреме, Општинската изборна комисија во соседната општина Делчево соопшти дека до 09:00 часот таму гласале 818 лица од вкупно 14.490 регистрирани гласачи што во проценти изнесува 5,65 проценти. /МИА

Жиру следната сезона ќе игра во американската лига

Оливие Жиру следната сезона ќе игра во американската МЛС лига.

Прославениот француски репрезентативец веќе потпишал договор на една и пол година со Лос Анџелес.

Напаѓачот во кариерата постигна 57 гола на 131 натпревар за Франција, а во новиот клуб ќе му се приклучи на долгогодишниот репрезентативен колега, голманот Хуго Лорис со кој го освои Светското првенство во 2018 година.

Французинот уште во март постигна договор со тимот од Лос Анџелес, а сега договорот е и официјално потпишан.

Жиру кариерата ја започна во Гренобл, потоа играше за Тур, Монпеље, потоа Арсенал, Челси, додека претходните три години играше за Милан, со кој беше и шампион на Италија.

Оваа сезона во сите натпреварувања за Милан Жиру постигна 15 голови. /МИА

Шест повредени во руски напад врз Харков

Руски ракети погодија изутрината станбени згради при што се повредени шест лица во украинскиот град Харков, напиша локалниот регионален гувернер Олег Синегубов на Телеграм.

Според Синегубов, во нападот биле погодени три станбени згради, две канцеларии и гасовод во централниот дел на градот. Оштетени се најмалку 568 прозорци и 33 автомобили.

Игор Терехов, градоначалникот на Харков, за украинската телевизија изјави дека во нападот биле употребени две ракети С-300, кои не предизвикале значителна штета на станбените области.

Според руски медиуми, во нападот се погодени воените бази во Харков, каде биле стационирани украински војници.

Терехов рече дека продолжува работата за обновување на снабдувањето со гас. /МИА

притисни ентер