„Квин симфони шоу“ во Градскиот парк во Скопје

Концерт „Квин симфони шоу“ на кој ќе настапи познатиот „Квин ријал трибјут“ бенд од Србија заедно со оркестарот на Македонската филхармонија и Хорот на Македонската опера и балет ќе се одржи вечер во 21 часот во Градскиот парк во Скопје.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на прес-конференција рече дека во соработка со Младинскиот култура центар и Македонската филхармонија продолжуваат со атрактивни содржини кои ќе ја збогатат летната културна понуда во градот. Посочи дека познатиот бенд на бината што ќе биде поставена пред Школка, со оркестарот на Македонската филхармонија и со хорот на МОБ ќе ги изведат најголемите хитови на една од највлијателните рок-групи на сите времиња „Квин“.

Менаџерот на бендот, Пеџа Стојниќ рече дека вечер ќе има спектакл во Градскиот парк во Скопје. - Сме свиреле во разни метрополи. Ова што Скопје го прави е на ниво на големите европските градови во кои во летниот период се одржуваат големи концерти, големи културни манифестации, додаде Стојниќ.

„Квин ријал трибјут“ ќе настапи во состав: Иван Ристановиќ - вокалж, Ненад Бојковиќ - гитара, Иван Дерфи - бас и Радош Чапин - тапани.

Бендот во Бразил одржал повеќе од 70 концерти, а досега настапил и во Португалија, Франција, Чешка, Швајцарија, Австрија, Бугарија, Романија, Словенија, Албанија, Хрватска...Фронтемнот носи идентични костими какви што носеше легендарниот Фреди Меркјури, додека гитаристот користи модел на гитара како Брајан Меј...

„The Show Must Go On“, „We Will Rock You“, „Bohemian Rhapsody“, „I Want To Break Free“ и „We Are The Champions“, се само некои од мегахитовите на легендарната група „Квин“ кои ќе можат да се слушнат во Градскиот парк, заедно со оркестарот и хорот со кои ќе диригира Милош Јовановиќ, кој наедно е и автор на аранжманите.

Маж се заканувал со експлозив во иранскиот конзулат во Париз, уапсен е

Париската полиција уапси маж кој претходно беше осомничен дека се заканувал дека ќе активира експлозив во иранскиот конзулат во Париз.

Француската телевизија БФМ претходно објави дека непознато лице влегло во конзулатот, како што претходно изјавиле очевидци.

Мажот наводно бил виден со експлозивна направа, граната и се заканувал со експлозив.

Мобилизирани се специјални сили, а од безбедносни причини сообраќајот во областа, како и на една линија на метрото е прекинат.

Сајкоски од Битола: Платформата 1198 се обврзува на 150 милиони евра за домашното стопанство

Битола е на највисоко ниво на агендата што ќе ја предводи владата на ВМРО-ДПМНЕ во следниот период.

Битола ќе добие економски развој, Битола ќе добие нова инфраструктурна мрежа. За Битола се предвидени голем број на инвестиции.

Денеска бевме во посета на стопанствениците во Битола од кои што слушнавме и со кои што разговаравме за проблемите со кои што се соочуваат.

Ние како луѓе кои што ќе работиме во идната влада која што ќе ја предводи Македонија сакаме да им изразиме гаранција дека ќе приоѓаме кон секој нивни проблем, ќе работиме за решавање на секој нивен проблем.

Исто така заедно со градоначалникот укажавме на компаниите и на стопанствениците дека и локалната самоуправа стои на располагање на битолското стопанство.

Укажуваме дека идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе инвестира 150 милиони евра во стопанството.

Почитувани ова е начин да се помогне стопанството, да се помогне да не се иселуваат луѓето, да го подобриме квалитетот на живот, и да имаме подобар живот и во Битола и во цел наш регион, рече Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 5.

МФ: Нема незаконитост во нашите одлуки, се поништува одлуката на ДИК

Со цел информирање на јавноста, а во врска со изнесените информации од страна на дополнителниот заменик-министер во Министерството за финансии, соопштуваме дека во однос на наведените случаи не станува збор за незаконски донесени одлуки .

Со цел информирање на јавноста, а во врска со изнесените информации од страна на дополнителниот заменик-министер во Министерството за финансии, соопштуваме дека во однос на наведените случаи не станува збор за незаконски донесени одлуки во постапките за вработување, унапредување и издавањето известувања за обезбедени финансиски средства за реализација на нови вработувања кај буџетските корисници.

Министерството за финансии од почнување на мандатот на Преодната Влада, во која во Министерството за финансии има дополнителен заменик-министер за финансии во духот на добра соработка, транспарентност и отчетност во работењето, а со цел заеднички и рамноправно да учествува во одлучувањето, сите предмети кои беа доставувани на потпис до министерот, беа доставени на разгледување и до дополнителниот заменик-министер, вклучително и документите кои се однесуваат на постапките за вработување и унапредување во МФ и издавањето известувања за обезбедени средства за нови вработувања кај буџетските корисници. Иако, согласно со Законот за влада Чл.46 е дефинирано дека дополнителниот заменик на министерот заедно со министерот рамноправно ги разгледува и ги потпишува сите акти и документи кои ги донесува министерот, а се однесуваат само на правните, финансиските и кадровските прашања поврзани со организација на изборите. Исто така согласно членот 46 дополнителниот заменик-министер е должен веднаш, а најдоцна во рок од еден ден да го одобри или одбие актот во смисла на овој закон, за што дополнителниот заменик-министер не се одлучуваше по истите.

Министерството за финансии постапувајќи по чл.46 од Законот за влада, до дополнителниот заменик-министер ги доставуваше на разгледување сите предмети кои беа доставувани на потпис до министерот, не навлегувајќи во толкување на одредбата која и така е општа во однос на прецизирање на тоа кои документи и акти се поврзани со организација на изборите, а во однос на тоа самата да одлучи кои од нив ќе бидат потпишувани заеднички, а согласно роковите предвидени во чл. 46 од Законот за влада, и сето тоа во духот на добра соработка, транспарентност и отчетност и се со цел заедничко и рамноправно со министерот да учествува во остварување на надлежностите на Министерството.

Заради несогласувањето согласно чл.48 од Законот за Влада, Министерството за финансии се обрати до ДИК, како единствена надлежна институција да одлучува во врска со тоа дали одредено правно, финансиски и кадровско прашање се однесува на организација на изборите. По донесената одлука на ДИК, со која се потврди дека не станува збор за прашања поврзани со организација на изборите, беа покренати судски постапки од страна на дополнителниот заменик-министер за финансии пред надлежни судови, каде одлуката на ДИК беше потврдена од страна на Управниот суд, но по жалба пред Виш управен суд истиот ја поништи и ја врати на повторно одлучување. Оттука, произлегува дека не станува збор за незаконски одлуки на Министерството за финансии, туку се поништува одлуката на ДИК со која се одлучува дека ваквите акти не треба да бидат предмет на врзан потпис и се враќа на повторно одлучување во ДИК, соопштуваат од МФ.

притисни ентер