Гостите во шок: Љубовницата во венчаница влетала во црква (видео)

Млад пар организирал свое интимна венчавка во Бенонија, град во Јужна Африка, а никој не можел ни да се замисли дека веста за нивната свадба ќе стигне до светските медиуми.

Имено, свадбата течела според добро осмислениот план, а младенците уживале се додека одеднаш не се појавила љубовницата на младоженецот. Тоа што ги запрепастило многумина од гостите е фактот што таа се појавила во црквата облечена во бела венчаница.

Моментот кога анонимната жена влегла во црквата бил забележан од камерата, и на снимката се гледа како младоженецот се обидува да ја смири тензијата за церемонијата да се заврши докрај.

Сепак, присутните гости многу се вознемириле, некои врескале, што може да се слушне на снимката која на твитер ја објавил музичкиот продуцент од Јоханесбург, ди-џеј Нкокхи.

Кралот на новозеландските Маори бара основни човекови права- за китовите

Кралот на новозеландските Маори денеска побара китовите да добијат основни човекови права за заштита на ранливите видови.

Кралот Тухеитија Паки рече дека величествените морски цицачи треба да ги имаат основните човекови права, како што е правото на здрава животна средина, за да им овозможат на нивните популации да се обноват.

„Звукот на песната на нашите предци е ослабен и живеалиштето е загрозено. Затоа мора да дејствуваме сега“, рече Тухеитија во реткото појавување во јавноста.

Во 2017 година, Нов Зеланд донесе закон со кој се дава правен субјективитет на планината Таранаки и реката Вангануи, кои се важни за Маори, домородните луѓе кои сочинуваат околу 17 отсто од населението на Нов Зеланд, или околу 900.000.

Тухеитија верува дека давање на ист статус на китовите би делувало како „наметка на заштита“. Тој се огласи заедно со високиот началник на соседните острови Кукови, Травел Ту Арики.

Тие се залагаат домородните знаења да се комбинираат со науката за да се обезбеди „похолистички пристап“ кон зачувувањето на китовите.

„Китовите играат витална улога во здравјето на целиот наш океански екосистем“, рече Травел Ту Арики. „Мораме итно да дејствуваме за да ги заштитиме овие прекрасни суштества пред да биде предоцна“, додаде тој.

Сините китови можат да пораснат до 30,5 метри и тежат до 200 тони. Но, големината не ги штити. Шест од 13 големи видови китови се загрозени или ранливи, според WWF, светската организација за заштита на природата.

Пијан Чех без возачка дозвола направил хаос со Мустангот (ВИДЕО)

Возачите на Мустанг честопати доживуваат сообраќајни несреќи, но што направил овој возач се уште не е видено.

Сè се случило во неделата кога овој неименуван Чех требало да ја прослави со роденденска забава. Изнајмениот Ford Mustang Shelby GT500 требало да биде врв на денот и веројатно главниот учесник во некои убави спомени. Наместо тоа, роденденското момче доживеало навистина бизарна несреќа.

Се разбира, на сѐ му помогнал алкохолот. Пред да тргне на возење, возачот испил пиво и рум. Малку задремал на семафорот и тргна на црвено. Иако го избегна Renault Megane благодарение на брзата реакција на возачот, ненадејно стискање на гас го однесе Мустангот од патот токму на време за да откорне сообраќаен знак.

Но, катапултираниот Mustang не застана тука, туку направи полн круг и го погоди задниот дел на Renault како наведувана ракета. Доброто од несреќата е што не се работи за голема брзина и што другите учесници во сообраќајот навреме забележале дека возачот на жолтиот ѕвер не се однесува нормално.

Штетата на Renault е минимална, додека штетата на Mustang е многукратно поголема и изнесува најмалку 10.000 евра. Но, и 50-годишниот славеник, кој, инаку, немал ниту валидна возачка дозвола, ќе се соочи со голем број пријави.

Како и да е, роденден за паметење.

Скандал во Британија: Затворски чуварки се вљубиле во ист затвореник, додека не добиле казна

Две чуварки во затворот Рочдејл, Алиша Бејтс (29) и Џоди Вилкс (27), признале дека имале „незаконска врска“ со осуденик.

Првата е осудена на две години и осум месеци затвор, додека втората добила условна казна од 12 месеци, пренесува The Sun.

На судот му беше кажано дека Бејтс започнала романса со осуденик во декември 2019 година, додека работела како затворски службеник. Во тој период таа му праќала експлицитни фотографии и СМС пораки на неговиот телефон.

Една година подоцна, Вилкс започнала врска со истиот човек, кој бил осуден за прекршок за дрога.

Паралелната романса траела два месеци, а полицијата во ќелијата на осуденикот пронашла мобилен телефон кој ја разоткрил „љубовната шема“.

Во една од пораките, Бејтс вели: „Те сакам 24/7. Не можам да се наситам од тебе. Би ти се јавила во секој момент“.

Покрај фотографиите, Бејтс разменила и видео клипови со осуденикот, а подоцна негирала дека имало физички контакт.

Таа во полиција тврдела дека била изманипулирана и дека „се заљубила“.

Од друга страна, Вилкес признала дека учествувала во „недолично дружење“, но дека не била изманипулирана.

Судијата Елиот Ноф смета дека во случајот со Бејтс имало „сериозно нарушување на довербата“.

„Да, ти беше фатена во неговата стапица, тој те идентификуваше како некој на кого треба да му пријде. Но, не мораше да го прифатиш тоа“, истакнал судијата.

притисни ентер