Советникот на Трамп во Русија - ќе договара средба со Путин

Советникот на Трамп за национална безбедност, Џон Болтон, ќе ја посети Русија во рамки на подготовките за самитот САД – Русија, потврди денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој додаде дека се уште не е утврден точниот датум на оваа средба но нагласи дека јавноста ќе биде информирана кога двете страни ќе бидат подготвени.

Светските медиуми пишуваа дека средбата најверојатно ќе се одржи на претстојниот самит на НАТО во јули, а ваквите информации почнаа да кружат во медиумите откако претходно Трамп најави дека ова лето ќе оствари средба со рускиот претседател Владимир Путин.

Претходно и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров нагласи дека Москва е подготвена да оствари контакти и додаде дека средбата ќе биде најавена доколку биде постигнат договор за состанок на високо ниво.

МФ: Нема незаконитост во нашите одлуки, се поништува одлуката на ДИК

Со цел информирање на јавноста, а во врска со изнесените информации од страна на дополнителниот заменик-министер во Министерството за финансии, соопштуваме дека во однос на наведените случаи не станува збор за незаконски донесени одлуки .

Со цел информирање на јавноста, а во врска со изнесените информации од страна на дополнителниот заменик-министер во Министерството за финансии, соопштуваме дека во однос на наведените случаи не станува збор за незаконски донесени одлуки во постапките за вработување, унапредување и издавањето известувања за обезбедени финансиски средства за реализација на нови вработувања кај буџетските корисници.

Министерството за финансии од почнување на мандатот на Преодната Влада, во која во Министерството за финансии има дополнителен заменик-министер за финансии во духот на добра соработка, транспарентност и отчетност во работењето, а со цел заеднички и рамноправно да учествува во одлучувањето, сите предмети кои беа доставувани на потпис до министерот, беа доставени на разгледување и до дополнителниот заменик-министер, вклучително и документите кои се однесуваат на постапките за вработување и унапредување во МФ и издавањето известувања за обезбедени средства за нови вработувања кај буџетските корисници. Иако, согласно со Законот за влада Чл.46 е дефинирано дека дополнителниот заменик на министерот заедно со министерот рамноправно ги разгледува и ги потпишува сите акти и документи кои ги донесува министерот, а се однесуваат само на правните, финансиските и кадровските прашања поврзани со организација на изборите. Исто така согласно членот 46 дополнителниот заменик-министер е должен веднаш, а најдоцна во рок од еден ден да го одобри или одбие актот во смисла на овој закон, за што дополнителниот заменик-министер не се одлучуваше по истите.

Министерството за финансии постапувајќи по чл.46 од Законот за влада, до дополнителниот заменик-министер ги доставуваше на разгледување сите предмети кои беа доставувани на потпис до министерот, не навлегувајќи во толкување на одредбата која и така е општа во однос на прецизирање на тоа кои документи и акти се поврзани со организација на изборите, а во однос на тоа самата да одлучи кои од нив ќе бидат потпишувани заеднички, а согласно роковите предвидени во чл. 46 од Законот за влада, и сето тоа во духот на добра соработка, транспарентност и отчетност и се со цел заедничко и рамноправно со министерот да учествува во остварување на надлежностите на Министерството.

Заради несогласувањето согласно чл.48 од Законот за Влада, Министерството за финансии се обрати до ДИК, како единствена надлежна институција да одлучува во врска со тоа дали одредено правно, финансиски и кадровско прашање се однесува на организација на изборите. По донесената одлука на ДИК, со која се потврди дека не станува збор за прашања поврзани со организација на изборите, беа покренати судски постапки од страна на дополнителниот заменик-министер за финансии пред надлежни судови, каде одлуката на ДИК беше потврдена од страна на Управниот суд, но по жалба пред Виш управен суд истиот ја поништи и ја врати на повторно одлучување. Оттука, произлегува дека не станува збор за незаконски одлуки на Министерството за финансии, туку се поништува одлуката на ДИК со која се одлучува дека ваквите акти не треба да бидат предмет на врзан потпис и се враќа на повторно одлучување во ДИК, соопштуваат од МФ.

Тренчевска: Најемотивна сум кога зборувам со пензионерите, креаторите на државата денес

Коносителката на листата за пратеници на Изборна единица 4 од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Јованка Тренчевска денес им се обрати на пензионерите во Општина Струмица .

Коносителката на листата за пратеници на Изборна единица 4 од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Јованка Тренчевска денес им се обрати на пензионерите во Општина Струмица и ја објасни изборната програма на која според неа столб е грижата за пензионерите.

„Да се потсетиме на се она што го имаме направено за вас пензионерите и да ве информираме за се она кое се обврзуваме како партија во наредниот период. Како помлади генерации сме обврзани да ви обезбедиме спокојни пензионерски денови, затоа во изминатиот период ја донесовме методологијата со која гарантираме постојан раст на пензиите. Пред нашиот мандат најниската пензија која изнесуваше околу 8000 денари, денес е покачена на скоро 14.000 денари“ изјави Тренчевска.

Таа посочи дека покрај континуираното покачување на пензиите продолжува да се исплаќа и финансиската поддршка која е директно на терет на буџетот на Министерството за труд и социјална политика и дека истата не ја загрозува исплата на пензиите.

„Најголем дел од вас се сеќаваат дека ги добивавте пензиите во 6 групи на пензионери, затоа што системот на пензиско и инвалидско осигурување на бил стабилен. Денес сите вие секој први во месецот пензиите ги имате на вашите сметки, системот е стабилен и гарантира долгорочна сигурност“ истакна Тренчевска.

Таа рече дека никогаш повеќе нема да дозволи фондот да биде нестабилен, затоа што сите предвидени мерки и политики кои се предвидуваат не се на терет на фондот, туку ќе бидат на централниот буџет.

„Се обврзуваме на минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари. Воведуваме новогодишен пакет за секој пензионер во висина од 6000 денари како, картичка за пензионерите со попуст од 30% на прехранбени производи како и изградба на најмалку 12 нови домови за стари лица“ рече Тренчевска, се наведува во партиското соопштение.

Фустаните на принцезата Дијана се изложени во Хонг Конг, пред да се продадат на аукција (ФОТО)

Светло жолта јакна, обложена на рамената и украсена со блескави позлатени копчиња, што ја носеше принцезата Дијана на патувањето во Хонг Конг во 1989 година, ќе биде една од шесте нејзини парчиња облека, изложени во поранешната британска колонија.

Колекцијата на фустани, чевли и чанти на принцезата од Велс е изложена во трговскиот центар во Хонг Конг во следните 12 дена, пред колекцијата да се пресели во Ирска до аукцијата на 27 јуни. Принцезата Дијана, која загина во сообраќајна несреќа во Париз во 1997 година, ја диктираше модата „секогаш кога се облекуваше и излегуваше“, рече Мартин Нолан, директор на Џулиенс, аукциска куќа со седиште во Калифорнија.

Познатата јакна на дизајнерката Кетрин Вокер би можела да достигне цена од 50.000 долари, додека вечерниот фустан со сини ѕвездички би можел да достигне цена од 400.000 долари. Принцезата го носеше овој фустан од дизајнерот Мареј Арбејд на премиерата на „Фантом од операта“ во 1986 година во Вест Енд, Лондон.

Изложена е и вечерна тоалета од свила и тантела од дизајнерот Виктор Еделштајн, каки и цветен фустан на Кетрин Вокер, кој Дијана го носеше во 1991 година на бдеењето на нејзиниот близок пријател Адријан Вард Џексон.

Многу луѓе се натрупаа во малиот изложбен простор. Еден од посетителите, 69-годишниот Фунг, се сеќава како толпата ги преполнила улиците на Хонг Конг кога Дијана пристигнала во тој град во 1989 година. "Таа беше харизматична, грижлива и посветена на добротворната работа. Затоа е исклучително почитувана во Хонг Конг", вели Фунг.

Во 2023 година, аукциската куќа Julien's продаде вечерен фустан на принцезата Дијана за рекордни 1,14 милиони долари.

притисни ентер