Наградите на ДПМ „Книжевен жезол“ врачени на поетите Видичевски и Добре

Со читање на песната „Липа“ од Матеја Матевски, денеска во Друштвото на писателите на Макдонија се одржа манифестацијата „Празник на липите“.

На која годинашните награди на ДПМ „Книжевен жезол“ им беа врачени на поетот од Охрид Видое Видичевски и на роамнскиот поет Ѓеорѓе Добре.

Наградите им ги врачи претседателката на македонската писателска асоцијација Соња Стојменска-Елзесер, а за нивното творештво зборуваа писателите Раде Силјан и Ермис Лафазановски.

Видичевски е повеќе од шест децении активно присутен на македонската книжевната сцена, автор е на поетски и на прозни книги, а особено е значаен неговиот ангажман во покренување и профилирање значајни институции во неговиот роден Охрид - Историскиот архив, Радио Охрид, манифестацијата „Прличеви беседи“ и е меѓу иницијаторите за основањето на фестивалот „Охридско лето“.

- Ова се факти кои говорат за исклучителен работен ангажман, за потребата од збогатување на содржините на градот Охрид. Видичевски е доследен во создавањето на книгите кои на тематски план чинат една неразделна целина. Неговата поезија е верна слика на долгите човечки патешествија, трогателна, сензибилна, длабоко доживеана и разбирлива за широк круг читатели, рече Раде Силјан претставувајќи го творештвото на Видое Видичевски.

Наградениот поет се заблагодари со „Песни за потопите“ за која изјави дека упатува порака како се живеело и како да се излезе од ќор-сокакот за да може, како што рече, да живееме како луѓе и да бидеме среќни.

- Моја најголема желба е мојот народ да живее среќно, да се развива и поколението да може да се наметне во светот. Наградата ми е драга затоа што ми ја доделуваат колегите, рече Видичевски.

Во својот осврт за романскиот поет Ѓеорѓе Добре, кој го наслови „Од другата страна на брегот - поезијата како освојување на невозможното“, писателот Лафазановски рече дека овој истакнат поет и есеист од Романија успеал да стигне од другата страна на брегот, како што рече, не само со својата длабока и филозофски ориентирана поезија, туку и преку културниот мост кој го изградил во својата поетска кариера, со кој ги зближил македонската и романската култура.

- Овде неговото име е познато кога како главен и одгворен урдник на списанието „Хелис“ доаѓа на „Рациновите средби“ во 2012 година и кога заедно со македонскиот поет и преведувач од романски Димо Димчев иницира литературно братство со идеја за меѓусебна литературна промоција на списанијата „Хелис“ од Романија, „Раст“ од Битола и „Бранувања“ од Струга. Како резултат на тоа, во 2016-та во Романија излезе антологија на македонската поезија насловена „Човекот кој иде од некаде“, рече Лафазановски.

Наградениот автор Ѓеорѓе Добре во обраќањето рече дека пред седум години ја открил Македонија и прекрасна публика. - Тука добив многу пријатели, извонредни поети. Не знам зошто ја сакам Макдонија и луѓето што живеат овде. Овој ден е еден од најважните денови во животот на Ѓеорѓе Добре, рече Добре.

На собирот во ДПМ денеска беше врачена и плакета на поетесата Мирјана Тренчева, добитник на наградата „Даница Ручигај“ за 2017 година која, читајќи ја својата песна „Патот за Итака“, рече дека тоа не е патот на Одисеј, туку, рече, „тоа е македонскиот пат кон нашата Итака“.

- Пат долг, трнлив, што минува низ многу Сцили и Харибди, кој уште го изодуваме со грижа, но и со љубов, рече Тренчева на манифестацијата „Празник на липите“ која заврши со поетски митинг и читање песни и есеи пратени на анонимниот конкурс на ДПМ.

Меѓу гостите на настанот беше и амбасадорот на Романија во Македонија Виорел Станила, а присутните ги поздравија Фросина Пармаковска, претседателка на Организацискиот одбор на „Празник на липите“, и Љубица Јанчева, претседателка на Советот на Град Скопје - покровител на оваа поетска манифестација.

Колку од препораките на оценската мисија ќе бидат спроведени од Судскиот совет?

По низата скандали и критики кои минатата година го потресоа Судскиот совет, нивен приоритет за наредниот период ќе биде спроведувањето на препораките на Европската унија и оценската мисија, која изготви 40 мерки за реформа на телото. 

Оваа заложба членовите на телото ја наведоа во годишниот извештај за 2023-та година кој ќе биде испратен до Собранието. Освен ова, претседателката Весна Дамева, кажа дека ќе се посветат на нивната основна обврска, односно дека се залагаат за заштита на интегритетот, независноста и професионалноста на судиите и инситуциите и ќе се спротистават на секое надворешно влијание.. Тие се пожалија дека поради ниските плати и услови голем дел од стручните соработници си заминале од советот, и побараа зголемување на нивниот буџет и обезбедување на финансиска незавиност.

„ Ова е еден од поважните Извтештаи бидејќи 2023 година за Судскиот совет беше многу тешка година и јас се надевам дека 2024 година ќе биде многу успешна година за некако на некој начин да ја покриеме во 2023 година.“-Весна Дамева – Претседателка на Судски совет.

„ Знаеме сите дека недостаток на кадар не е единствената причина туку и недостаток на основни средства за работа ако ние сакаме ефикасност во работењето на СС мораме да имаме не само стручен кадар кој ќе обвозможи да се работи квалитетно и ефикасно туку да ги имаме и основните средства, што значи дека ние потенцираме дека имаме потреба од зголемен буџет, затоа треба да се вметне тоа “-Тања Чанчарева Илиевска – Член на Судски совет.

„ Јас се надевам на слух кај извршната власт кај законодавната да ни помогне на осамостојување финансиски така ќе бидеме осамостоени на секој друг начин“-Весна Дамева – Претседателка на Судски совет.

Од вкупно 40 препораки кои дојдоа од ЕУ, 17 се во доменот на самиот Судски совет, додека за останатите 23 се потребни интервенции во Уставот и во законите кои ја регулираат конкретната материја. Ова лани во декември го кажа евроамбасадорот Гир, кој посочи дека без имплементација на овие мерки, ЕУ не гледа како земјата ќе ги спроведе потребните реформи во правосудството. Препораките предвидуваат кој се може да биде член на ова тело, точна дефиниција што е истакнат правник,начинот на кој тие се избираат и нивниот шест годишен мандат, кој се предлага да биде скратен, на дисциплинските постапки и разрешувањето на судиите, за транспарентноста во комуникациите со јавноста, како и на финансиската автономија на Советот.

Велковски: Ќе воспоставиме партнерски дијалог помеѓу МТСП и Синдикатите и системско решавање

Министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски денеска оствари средба со претставници на повеќе грански синдикати, членови на Конфедерација на Синдикални Организации на Македонија (КСОМ) .

Министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски денеска оствари средба со претставници на повеќе грански синдикати, членови на Конфедерација на Синдикални Организации на Македонија (КСОМ) на која работна средба се разговараше за проблемите со кои се соочуваат синдикатите и вработените во областа на здравството, одбраната, полицијата, Македонски железници и рударството.

„Работничките права не се почитуваат, платите особено во здравството не се системски уредени а големи се и проблеми поврзани со функционирањето на синдикатите во последните неколку години. Ова се клучните работи кои беа истакнати од страна на претставниците на синдикатите“, вели министерот Велковски.

Министерството за труд и социјална политика ќе преземе активности во насока на системско решавање на настанатите состојби и воспоставување на вистински партнерски дијалог помеѓу МТСП и Синдикатите, нешто за што се заложи и министерот Ѓоко Велковски, соопштуваат од МТСП.

притисни ентер