На солзавецот од полицијата кон демонстрантите во неделата за време на протестот пред Собрането следело еден час од воздржување, се постапило тактично и правилно, согелдувајќи ја состојбата на терен, вели министерот Оливер Спасовски. МВР поддржува и обезбедува мирни протести. Но, Спасовски вели дека кога се појавуваат насилни демонстрации или вандализам, реагираат
„Можам да кажам дека тие постапиле правилно, таа постапка е како по книга. Тука, апсолутно полицајците имаат поддршка. Апелирам до граѓаните секој еден којшто сака да го изрази својот револт може да протестира и да протестира мирно. Меѓутоа, никако не смееме да дозволиме да имаме напад на полицајците, заради тоа што е напад на државата, ниту пак да дозволиме напад на некои од институциите и да ни се повтори нов 27 април, тоа во ниту еден момент нема да го дозволиме ние како МВР“, изјави Спасовски.
Протестите што се одржуваат пред Законодавниот дом официјално немаат организатор.
„Гледате дека тоа се организирани пред се од една политичка партија „Единствена Русија“, којашто повикува поединци одредени преку фејсбук“, вели спасовски
Американскиот амбасадор Џес Бејли изјави дека го поддржуваат разрешувањето на проблемот меѓу Македонија и Грција но надлежноста е кај двете земји. Вели нормално е на различни страни да се изразува незадоволството.
„Од наша страна ќе кажеме дека луѓето во секоја демократија имаат право на мирен протест и секако имаат право да го изразат своето несогласување со одредени одлуки, а повторивме во мај 2016 година, повторуваме и сега дека вандализмот и насилството не се дел од тоа демократско право. Сметаме дека луѓето треба посмирено да се однесуваат, за и полицијата демократски да се однесува кон нив“, изјави амерканскиот абмасадор Џес Бејли.
Министерот Спасовски вели будно ги следат и социјалните мрежи, ги детектираат оние кои преку „Фејсбук“ им се закануваат на високите функционери.