Од што почина родилката од Штип?

Се уште се чека одговорот од што почина 28 годишната родилка од Штип минатитот четврток. 

Резултатитите од обдукција се уште се чекаат за да се комплетира целиот случај подолого се чекаат хистолошките испистувња, објаснуваат за Канал 5 од судска медицина.

Министерството за здравство формираше комисија, која исто така ги чека резулатите од обдукција, а до крајот на оваа недела членовите на комисијата ќе заминат во болницата во Штип да го испитаат случајот. Родилката била донесена минатата среда. Таа имала уредна бременост и се породила природно. На свет донела здраво момченце и било првата рожба.

Компликацијата со крварење настанала по породувањето, првична дијагноза била атонија или состојба кога матката по породувањето не се стега и не може да се сопре крварењето.

Докторите решаваат да и ја остранат матката. Но, родилката починала наредниот ден.

Канал 5 контакираше се неколку гинеколози тие објаснуваат дека според праксата ваква состојба најчесто се јавува кај трето ротки или жени кои имале царски рез. Како една од причините се наведува и заборавено парче од постелката, доколку не се изрегира брзо кога почнало крварњето, може да заврши фатално, објаснуваат гинеколозите.

Диркторот на штипската болница тврди дека се е било направено за да се спаси животот на родилката..

притисни ентер