Голем интерес за бесплатен одмор за деца од социјално ранливи категории од Куманово

 Вкупно 153 барања доставиле семејства од социјален ризик од Куманово, за користење на услугата бесплатен летен одмор, проект на Министерството за труд и социјална политика и Владата на Република Македонија. 

На јавниот повик се пријавиле корисници на социјална парична помош, на постојана парична помош, корисници на посебен додаток, на родителски додаток за трето дете и корисници на детски додаток.

- Годинава има значително голем интерес за користење на услугата - бесплатно летување на овие деца. Конурсот заврши и испратени се списоците и во скоро време очекуваме поделба на групите и информирање на избраните кандидати кои ќе ја користат оваа услуга, изјави директорката на кумановскиот Центар за социјални работи, Александра Арсовска.

Корисниците на овој проект добиваат шест полни пансиони, превоз до дестинацијата, но особено значајно е што се анимираат, летуваат и имаат можност да се дружат со врсници од сите краеви на Македонија. Корисниците на посебен додаток, односно деца со пречки во развојот имаат право и на придружник, што значи дека услугите се обезбедени и за придружникот.

Од Куманово од корисниците на посебен додаток за овој проект аплицирале 42 лица, 69 апликации пристигнале врз основа на родителски додаток, шест апликации од деца без родители, 23 лица од корисници на социјална парична помош, по пет од корисници на постојана парична помош и детски додаток.

Во изминативе години, децата престојуваа во одморалиштето „Мајски цвет“ во Струга.

СДСМ:Силјановска е продолжена рака на Мицкоски, оттука се навредите кон Пендаровски,Ковачевски

Силјановска е продолжена рака на Мицкоски, па оттука се навредите, коишто не штеди да ги упати кон Пендаровски и Ковачевски.

Ниските напади за мизогинија, личните дискредитации, навредите за интелектуални капацитети, со кои не може да се гордее ниту еден политичар, само потврдуваат дека кај Силјановска, Мицоски и ДПМНЕ расте паниката од пораз на изборите, најавен уште кога не успеаја да соберат доволно потписи за поднесување на кандидатурата на Силјановска за претседател.

Силјановска и Мицкоски немаат што да кажат за програма, план и визија за иднината на државата и на граѓаните, па затоа упатуваат навреди кон Пендаровски и Ковачевски.

Ништо не е променето во ДПМНЕ, тоа е истата режимска партија, која сее раздор, навреди, омаловажувања и закани, која на граѓаните може да им понуди враќање во минатото и изолација.

Граѓаните сакаат напред, сакаат да живеат во европска Македонија, затоа на изборите ќе го дадат својот глас за европска иднина со СДСМ и Стево Пендаровски.

СДСМ

За брзо возење казни за 200 возачи на територија на цела Македонија

Во спроведена акциска контрола на територија на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, во текот на вчерашниот ден се казнети 220 возачи, соопштија денеска од МВР.

Од нив, 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 96 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 124 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Си му порача на Шолц дека Кина и Германија треба да бараат заеднички основи

Си му порача на Шолц дека Кина и Германија треба да бараат заеднички основи, без оглед на разликите.

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска изјави дека односите на Кина со Германија ќе продолжат цврсто да се развиваат, се додека двете страни меѓусебно се почитуваат и бараат заеднички јазик, и покрај разликите што постојат.

Си, на средбата со германскиот канцелар Олаф Шолц, кој е во тридневна посета на Кина, рече дека билатералните односи мора да се развиваат во секој аспект, од долгорочна и стратешка перспектива.

„Се додека двете страни се почитуваат меѓусебно, бараат заеднички јазик, додека одржуваат различни позиции за одредени прашања, комуницираат и учат едни од други, а притоа постигнуваат заемна корисна соработка, односите меѓу Кина и Германија ќе продолжат постепено да се развиваат“, му порача Си на Шолц.

Пред средбата, како што пренесува ДПА, Шолц соопшти дека ќе го предупреди Си да не дава воена поддршка за Русија. Кина се смета за најважен сојузник на Москва и е осомничена дека ја снабдува земјата со стоки што може да се користат и за цивилни и за воени цели, потенцијално зајакнувајќи ја Русија во нејзината тековна војна против Украина.

Шолц ја започна тридневната посета на Кина, втора на канцеларот откако ја презеде функцијата во 2021 година, со посета на Чонгкинг, најголемиот град во светот, по што следеше застанување во Шангај каде што се сретна со претставници од германските бизниси и Германската стопанска комора во странство, каде разговараше за проблемите со кои се соочуваат компаниите во Кина.

Германскиот канцелар е придружуван од десетина извршни директори, меѓу кои и шефовите на производителите на автомобили Мерцедес-Бенц и БМВ, како и на хемиската компанија БАСФ. Фолксваген, најголемиот европски производител на автомобили, овојпат не е застапен.

притисни ентер