Силен земјотрес во Јапонија: Тројца загинати, 307 повредени (видео)

Три лица загинаа, а 307 се повредени во денешниот земјотрес со јачина од 6.1 степен според Рихтеровата скала, кој ја погоди Осака и другите делови во западниот дел на Јапонија.

Загинале деветгодишно девојче, кога се срушил подот околу базенот и две жени од 80 и 85 години, кога ѕид, односно полица со книги паднала врз нив, пренесува јапонската агенција „Кјодо“.

Земјотресот се случил околу 8 часот по локално време, а предизвикал недостаток на струја, вода и гас во таа област и го нарушил сообраќајот.

Земјотресот се случил на длабочина од 13 километри на северот на Осака, а како што Агенцијата соопштила не предизвикал цунами и не се забележани абнормалности во нуклеарните постројки кои тука се наоѓаат.

Сепак, забележани се и помали пожари во Осака и префектурата Хјого, Кјото и Мие.

Агенцијата наведува дека при земјотрес со таква јачина, тешко е да се остане смирен, а мебелот кој не е добро прицврстен може да се помести.

Како што се наведува, тоа е најсилниот земјотрес кој го погодил овој дел на Јапонија од 1923 година.

Поради земјотресот, привремено се затворени аеродромите Кансаи и Кобе, а забележани се и 70 случаи на заглавување на луѓе во лифтови.


Македонија утре ќе гласа на седмите претседателски избори

Вкупно 1 814 317 македонски граѓани имаат право на глас на седмите по ред претседателски избори во државата. 

Гласањето зе иден шеф на државата ќе се одвива на 3 480 избирачки места низ Македонија. Според упатството за гласање објавено од ДИК на шест јазици – македонски, албански, српски, турски, ромски и влашки јазик гласачите гласаат лично и тајно со заокружување на редниот број пред називот на кандидатот со хемиско пенкало во сина боја, по претхдона биметриска идентификација, потпис во единствениот Избирачки список и приложување на личен документ....

Веројатноста да се избере шеф на државата во првиот круг е само теоретска – бидејќи еден од седумте претедателски кандидати ќе треба да освои мнозиство од вкупниот број избирачи, односно над 900.000 гласови. Во првиот круг од гласањето не е потребно исполнување на цензус, а во вториот круг се пласираат двајцата кандидати кои освоиле најмногу гласови во првиот круг. За да биде избран претседател на Републиката потребно е едниот од нив да освои мнозинство гласови од избирачите кои изглегле на гласачките места, под услов излезноста да е над 40 проценти, односно над 725.000.

На претходните 6 изборните циклуси, условот беше исполнет, иако на некои од нив беше блиску до границата... Цензусот од најмалку 40 проценти е обезбеден на сите претседателски избори досега.

Во 2019 година излезноста во вториот круг била 46.65 проценти, во 2014 година - 54.36 %. Во 2009 година излезноста била најмала 42,61 процент. А најголема излесност имало на првите непсоредни претседателски избори по независноста во 1994-та кога на гласачките места излегле 77.4 проценти од запишаните избирачи.

Вториот круг од претседателските избори е закажан за 8-мај и ќе се одржи заедно со парламентарните избори.

Излезност на претседателски избори (втор круг):

2019 година - 46.65 %

2014 година - 54.36 %

2009 година – 42.61 %

2004 година - 53.6 %

1999 година - 69,1 %

1994 година - 77,4 %

Поврзаност меѓу здравата исхрана и срцевите болести кај жени со рак на дојка

Истражувањето спроведено од научници од Истражувачкиот центар „Кајзер Перманенте“ во Калифорнија (САД), е објавено во списанието „ЈНЦИ Канцер спектрум“ (JNCI Cancer Spectrum). 

Жените кои во времето на откривањето и дијагностицирањето рак на дојка, практикувале почесто јадење зеленчук, овошје, протеини и нискомасни млечни производи - се изложени на 47 отсто помала опасност од срцеви заболувања, отколку оние во чија исхрана преовладувале масти, црвено месо и производи од месо.

Истражувањето спроведено од научници од Истражувачкиот центар „Кајзер Перманенте“ во Калифорнија (САД), е објавено во списанието „ЈНЦИ Канцер спектрум“ (JNCI Cancer Spectrum). Наодите од испитувањата се важни и бидејќи се покажало оти жените кои се лекувале од рак на дојка се изложени на значително поголем ризик од кардиоваскуларни болести од оние кои немаат ваков вид рак.

Зголемувањето на можноста од срцеви заболувања е предизвикано од самиот третман на рак на дојка, којшто е кардиотоксичен, а за нив дополнително придонесува и неправилната исхрана, недоволната физичка активност, стареењето и пушењето цигари.

Истражувањето се заснова, вели еден од водечките автори д-р Исак Иргас, на проучување на повеќе од 3.400 случаи на агресивен рак на дојка.

Најуспешни резултати, поврзани со заштитата од срцеви заболувања, се забележани во случаите кога болните жени се лекувале со антибиотикот „Антрациклин“ што ги труе и убива канцерогените клетки. Според податоците на Светската здравствена организација, во 2022 година во светот се регистрирани 3,2 милиони случаи на рак на дојка и 670.000 смртни случаи од оваа болест. Во однос на бројот на заболени, како и по бројот на смртни случаи, ова е еден од најчестите карциноми кај жените во развиените земји во светот.

Научниците тврдат дека опасноста од овој вид рак се зголемува со возраста. Во таа смисла, жените до 40 години имаат 1,5 отсто можност да заболат од овој рак, на 50 - три насто, а на возраст од 70 години и повеќе, ризикот е поголем од четири отсто. /МИА

Видео: Алек Болдвин вознемируван од пропалестинска активистка

Глумецот Алек Болдвин се соочи со вознемирување од пропалестинска активистка, а видеото од тој настан на „Х“ е прегледано над три милиони пати.

На снимката направена во некое кафуле, додека Болдвин плаќа за својата нарачка и го држи мобилниот телефон на увото, жената со својот телефон го снима и неколкупати настојчиво бара од него да каже „Слобода за Палестина“ и да го опцуе Израел и ционизмот. Кога активистката сфаќа дека глумецот ја игнорира, таа ја менува темата. Следното прашање е: „Зошто ја уби таа жена? Ја уби жената и не доби затворска казна? Нема затвор, Алек!“

Активистката тука ја има предвид смртта на кинематограферката Халина Хачинс на снимањето на каубојскиот филм „’Рѓа“. За потсетување, Болдвин се соочува со обвиненија за ненамерното убиство на Хачинс во 2021 година. Продолжението на судењето за убиство од небрежност е закажано за 10 јули.

На видеоснимката, натаму глумецот почнува да се заканува со полиција, но девојката е упорна во своето вознемирување и на крајот, Болдвин ѝ го исфрла мобилниот телефон од рака.

Алек Болдвин ја отфрли одговорноста за ненамерното убиство на Хачинс. /МИА

притисни ентер